Абе не реков јас не, дека Реал ќе пројде сигурно, вие сфаќате како што ви одговара. Ливерпул е во подобра форма, и нормално дека е фаворит на хартија пред дуелот со Реал, ама ќе видиме...Реал си е Реал и неможе така лесно да го отпишат, макар и да е во најлоша форма. Фудбал е, затоа е и интересен, ништо однапред неможе да се предвиди така да ништо чудно доколку и Реал оди понатаму. Се зависи од тоа како ќе се одвива формата на Реал во наредните утакмици, дали ќе ја фати по старо или конечно ќе се средат работите. Забегавме многу, ај продолжете си со вашиот клуб, да не ја расипуваме темава, позз :smir:
Можеби Реал ќе изненади но објективно гледано очекувам нерешен натпревар во Мадрид и убедлива победа на Ливерпул дома.
Реал си е Реал. И Барса беше Барса лани па го јадевме ко никогаш на Бернабеу.
Џабе се колнете во историјата што ја имате ако работите на терен не идат како што треба.
Факт е дека играте подобро со Рамос ама факт е и дека играте многу по дефанзивно и не верувам дека тактиката која Рамос ја користеше со Барселона, Валенсија и Виљареал ќе им се допадне на навивачите на Мадрид кога ќе играте против Осасуна, Нумансија....
А нападнете и се отворите може пак да примате голови од сите страни.
Од друга страна можеби се ќе излезе како што треба и ќе почнете да победувате.
Дури и тогаш има повеќе фактори дали сезоната ќе ви биде успешна.
Прво за да ја освоите примера ние треба да заебеме гадно и да почнеме да губиме од се што мрда, нешто што не верувам дека ќе се случи.
Второ, немате доволно балансиран тим за да успеете во Лига на шампиони.
Премногу играчи во среден ред, премалку напаѓачи и огромна разлика во квалитетот помеѓу првиот тим и играчите на клупата.
И трето, ако ние продолжиме да победуваме без проблем, еуфоријата што ја има кај вас моментално ќе стивне и пак ќе почнат проблемите. Ова ти го зборам од искуство. Лани истото се случуваше со нас. Дојдовме на 2 поена разлика од 11, вие влеговте во победничка серија и ние пропаднавме затоа што фудбалерите нагло го изгубија моралот.
Ама како што рече фудбал е фудбал и се може да се случи. Затоа и гледаме секоја сезона.
П.С
Поинтересно е кога има наивачи и на други тимови да постираат мислења и многу е еднолично кога сите фалат само еден тим без да развиваат дискусија.
Затоа од време на време пишувајте нешто и во нашиот фан клуб. Добредојдени се мислењата како твоите кои не се глупи провокации.