Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

П

Пепси_

Гостин
поздрав од мене со песната : nani's bomb :pos:

AAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAA what a goal .....what a goal by nanii :drk:
 
Член од
27 јуни 2008
Мислења
151
Поени од реакции
179
После испишувањето на 4 теми и вкупно 4000 страни од навивачите на Манчестер Јунајтед на форумов, време е да се отвори новата, петта тема за најдобриот и најголемиот тим во светот.

Манчестер Јунајтед е тим кој моментално се натпреварува во Англиската Премиер Лига, ФА Купот и Лигата на Шампионите. Го држи рекордот со освоени 18 лигашки круни, најмногу од сите англиски клубови (заедно со Ливерпул), како и рекордот со најмногу освоени ФА купови (11).

Историја

Клубот најпрвин е оформен како Њутон Хит, во 1878, работнички клуб на вработените во железницата во Њутон Хит. Нивните дресови биле зелени со златно. Наредната година, клубот влегува во првата лига и полека се оформува како посебен клуб. На почетокот од 1902 година, Њутон Хит почнува полека финансиски да тоне и кога се наоѓа на работ на банкрот, капитенот на клубот Хери Стефорд изјавува дека има контакти со неколку бизнисмени кои сакаат да инвестираат во клубот. Еден од инвеститорите во клубот е Ј.Х. Дејвис, сопственик на Манчестер Бреверис. На наредниот состанок на бордот на раководители, Дејвис дава идеја за промена на името на клубот, со цел да се даде целосен нов почеток. Едни од понудените имиња се Манчестер Централ и Манчестер Селтик, но Луис Рока, иселеник од Италија, доаѓа до идеја клубот да се вика Манчестер Јунајтед. Името е прифатено, клубот се раѓа одново како Манчестер Јунајтед на 26.4.1902 година, со сменети клупски бои – црвена, црна и бела.
Преродениот клуб започнува со поставување на константни играчи во својот тим и правење напори за доаѓање до првата шампионска титула во домашното првенство. Титулата беше најпрвин освоена во 1908 година. До таа титула се дојде откако Манчестер Сити беа дисквалификувани по обвинението дека ги плаќале играчите повеќе отколку што дозволувала ФА и дури 17 нивни играчи биле казнети никогаш да не заиграат за Сити. Од тие 11 играчи, Били Мередит и Сенди Трнбал се приклучија на Манчестер Јунајтед и помогнаа за 10 натпревари без пораз за Јунајтед на почетокот на сезоната и освојување на првенството.
Следната сезона започна со освојување на Комјунити Шилдот и заврши со освојување на ФА купот, а Трнбал и Мередит заслужија нивните имиња да бидат испишани со златни букви во историјата на Манчестер Јунајтед како најзаслужни за освојување на овие титули. Клубот мораше да почека две години до освојување на наредната титула во домашното првенство, но во меѓувреме, се пресели на сега добро познатиот Олд Трафорд. Потоа, Јунајтед почна полека да пропаѓа и следеше сушен период за овој клуб, неосвојуваќи ништо долго време. Следеа падови на клубот, Втората светска војна. Како светло на крајот од тунелот, за Јунајтед започна нова ера, ерата на Сер Мет Базби и познатите “Busby babes”, 1945-1969.

Олд Трафорд

Олд Трафорд е стадион на Манчестер Јунајтед, со капацитет од 75,957 места за седење, што го прави втор најголем стадион во Англија по Вембли, трет стадион во Обединетото Кралство и 11ти стадион по големина во Европа. Сепак, по неговата планирана реконструкција што би требало да се оддржи, Олд Трафорд би требало според проценките да собира и до 96,000 гледачи, при што би го надминал и Вембли. Заедно со Вембли, Олд Трафорд е единствениот стадион во Англија кој има рејтинг од 5 ѕвездички од УЕФА.
Овој стадион, познат и како “The Theatre of Dreams” е „дом“ на Манчестер Јунајтед од 1910 година, со исклучок на годините додека траела Втората светска војна и годините што биле потребни за стадиониот да се реновира по бомбардирањето кое го уништило. Стадионот неколкупати досега има подлегнувано на реконструкции (последната во 2006 година), главно со цел да се зголеми неговиот капацитет и да се стигне до капацитетот кој го имал пред војната (80.000 гледачи). Рекордната посетеност на стадионот е забележана во 1939, кога 76.932 гледачи го следеле натпреварот од полуфиналето на ФА купот на Волверхемптон против Гризби Таун. Највисока просечна посетеност по сезона е забележана во сезоната 2006/07, од 75,286 гледачи просечно по меч. Највисока посетеност севкупно е забележана во сезоната 2008/09, кога вкупно 2,197,429 фанови видоа барем дел од сезоната кога Јунајтед стана шампион трет пат по ред.
Стадионот константно е избор за полуфиналиња од ФА купот како неутрален стадион, како и натпревари на англиската репрезентација (додека Вемби беше во изградба). Олд Трафорд беше стадион на кој се одигра финалето на ЛШ во 2003 година.

Oфицијални обележја на клубот

Дресови

Додека клубот беше познат под името Њутон Хит, негови главни бои беа зелената и златно жолтата во периодот од 1878 до 1892, додека во раните години од 20от век, оваа комбинација била преместена како резервна. Други бои кои биле вметнати во комбинација за дрес на Њутон Хит биле црвена со бела, како и целосно бел дрес носен со сини шорцеви. Во 1902 година, кога името на клубот се смени во она денешното, Манчестер Јунајтед, еднаш и засекогаш се смени официјалниот дрес на овој тим – црвена маичка, бели шорцеви и црни чорапи, комбинација по која и до ден денес низ целиот свет е препознатлив тимот на „Црвените ѓаволи“. Најистакната измена на овој препознатлив дрес на Јунајтед, поточно исклучок, се забележува на финалето на ФА купот во 1909 година, кога дресовите што ги носеа фудбалерите беа бели маички со црвено V на предната страна.
Гостинските дресови се обично бели маички со црни шорцеви и црни чорапи, но се случувале и промени, како на пример, сина маичка со бели линии, цел црн дрес, како и дрес во светло сина боја со сиви обележја.
Третиот дрес на Манчестер Јунајтед секогаш е во комбинација во која мора да ја има сината боја во чест на првата титула во ЛШ на Јунајтед во 1968, затоа што во финалниот натпревар, син дрес бил носен од страна на играчите. Во сезоната 2008/09, третата комбинација на Јунајтед беше токму овој дрес, сини шорцеви и маичка, како и чорапи.

Овосезонскиот дрес:

(домашен)

(гостински)

Логоа

Логото на клубот е менувано неколкупати, но основата воглавно е останата иста. Се состои од грбот на градот Манчестер (лого користено до крајот на 60те), додека ѓаволчето со вила во раката е вметнато по добивањето на прекарот „Црвените ѓаволи“, по иницијатива на Сер Мет Базби и конечно е вметнато во 1970тите години. Последната измена на логото на Јунајтед била во 1998, кога од логото се отстранети зборовите “Football Club”.

Манчестер Јунајтед 10/11

Луд сум по овој клуб но мора да си кажам дека ѓаволчето по малку ми смета. религиозен сум и некако ми пречи тоа што мора да го носам на дресот ама тоа е тоа. Пошто имам доста информации за клубот ме интересира дали постои можност да се набави опрема без тој знак или со неке од постарите логоа. Исто така ме интересира дали има некоја фан група која е за промена на логото на Ман утд. Поздрав
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500

Друже, are u mad ко прво?

Распрашај се малце за знаците и идеологиите, изгуглај. Тридентот не е само обележје на ѓаволот, се употребувал и бил гледан и на многу други слики во минатото, дури и на слики од некои богови. Исто и свастиката ми се чини. Стварно не знам што ти смета толку, освен ако не студираш теологија. Мислам дека освен на маички како што зел ариктектов, нема шанси без него затоа што е заштитен трејдмарк од клубот. Поздрав.
 
абе си помислив штом се сменило логото толку пати, можеби некој би поднел иницијатива да се смени повторно. Инаку не ми смета толку ни сега затоа што сепак имам неколку дресови и тоа оригинални но сепак лично јас би сакал наместо тој знак да има некое ете да речеме можеби црвено ангелче хахаха. Инаку не студирам теологија и сум само обичен верник како и сите други. Ова го прашувам само колку да дознаам нешто повеќе за работава со оглед на тоа што имам слушнато дека неколку од оние по религиозни фубалери на пр. Бербатов за време на преговорите, одбивале да играат за манчестер поради знакот. Поздрав
 
Член од
14 јануари 2008
Мислења
4.251
Поени од реакции
909
Луд сум по овој клуб но мора да си кажам дека ѓаволчето по малку ми смета. религиозен сум и некако ми пречи тоа што мора да го носам на дресот ама тоа е тоа. Пошто имам доста информации за клубот ме интересира дали постои можност да се набави опрема без тој знак или со неке од постарите логоа. Исто така ме интересира дали има некоја фан група која е за промена на логото на Ман утд. Поздрав
Еве еден ко за тебе,бомбона.
 
The Edge^

the force
Член од
11 јуни 2011
Мислења
2.882
Поени од реакции
2.397
A можеш и некои од оние на Чарлтон, Бест, Лоу, Данкан на времето, ке бидеш шик, а и ке изразиш голема почит спрема клубот :)
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
абе си помислив штом се сменило логото толку пати, можеби некој би поднел иницијатива да се смени повторно. Инаку не ми смета толку ни сега затоа што сепак имам неколку дресови и тоа оригинални но сепак лично јас би сакал наместо тој знак да има некое ете да речеме можеби црвено ангелче хахаха. Инаку не студирам теологија и сум само обичен верник како и сите други. Ова го прашувам само колку да дознаам нешто повеќе за работава со оглед на тоа што имам слушнато дека неколку од оние по религиозни фубалери на пр. Бербатов за време на преговорите, одбивале да играат за манчестер поради знакот. Поздрав
Не одбивал Бербатов, чичко му одбивал зошто поп бил :) Чим на Чичарито се му е океј не се секирај :pos:

(Најдобра дискусија од кога сум на форумов :icon_lol:)
 
Член од
5 февруари 2009
Мислења
7.572
Поени од реакции
4.239
На денешен ден во 1981 година Брајан Робсон потпиша за Манчестер Јунајтед за , тогашен рекорд на клубот , 1.5 милиони фунти
 
Kajgana Shop

На врв Bottom