Дали вреди да се биде добар?

Биди добар со добро ќе ти се врати, биди добар 3 пати полошо ке те снајде !!! :mad:
 
Да, вреди. :)

Затоа што сепак има некоја надеж во мене останато, дека не сите се човеколики мајмуни, и дека некој, некаде, некој ден ќе знае да го цени тоа. Точно, луѓето се гадни и ќе те искористат до максимум, ќе те напнат и повеќе од дозволеното. Но, кога некој, ќе ти врати на твојата добрина со искрена насмевка, како можете да речете дека не вреди ?! Емоциите кои ги поттикнува во мене благодарноста на луѓето заради направената добрината, не може ништо друго да ги замени.

Чисто да напоменам, има разлика меѓу добар и наивен.
Две сосема спротивни работи, кои никако, ама никако не треба да се ставаат во заеднички контекст.

Оптимист сум сега за сега, ќе видиме до кога. :D
 
нема време за лошотилак бе луге, нема време за одмазди, рекла казала, држење љутина и слични турски серии

моја дефиниција
биди супер добар, игнорирај ги пакосните, спротистави им се на лошите!

Има време.Доколку лошотилакот е начинот на кој битисуваш во општеството, дали станува збор за нечесно заработување или слично небитно.
На некој начин, по пат ти е.
 
Често слушам и го применувам начелото : Не прави им го на другите она што не сакаш тие на тебе да ти го прават , и прави им го она што сакаш другите на тебе да ти го прават и јас ова го применувам но до сега и не видов многу од ова во живот . Па затоа почнав да бидам добар со добрите , а со лошите воопшто и не правам ништо посебно , едноставно не губам време на лошите, животот е прекраток за губење време со злобници и монструми . Си го користам принципот кој е добар со мене и јас сум добар . На секого според заслугите .
 
Веќе не важи она "биди добар, со добро ќе ти се врати". Сведок и жртва сум на неколку примери кои ме натераа да мислам на спротивното "биди лош, со добро ќе ти се врати".

Сепак се трудам со никој да не се однесувам лошо, колку што можам, затоа што понекогаш тоа е посилно од мене бидејќи има личности со кои неможеш на моменти да не се однесуваш лошо кон нив.
 
Секако дека вреди да се биде добар, ама треба и внимателно да се дефинира овој збор, сум запознал еден куп луѓе кои ме уверуваа дека се добри, дека не згрешиле на никого, но всушност беа опиени со егото па само се „прскаа“ наоколу раскажувајќи како другите се неблагодарни за нивнатата добрина.
За мене можам да кажам само едно, го правам она што го чувствувам, не го означувам со добро или лошо, помагам на секој што можам и колку можам, а од него не очекувам ништо.
 
Биди добар со добро ќе ти се врати, биди добар 3 пати полошо ке те снајде !!! :mad:
ееехх брате така си е...и ајде некој нека го објасни ова да се биде добар или лош..колку интересно го кажа ама така си е :)
--- надополнето: Oct 12, 2011 6:29 PM ---
а моето мислење овде е вакво
тешко е д асе каже дали вреди да се биде добар или лош сепак зависи од ситуациите,денес се повеќе ке слушнете дека повеќе се исплатува да се биде лош отколку добар.Не знам до каде можам да се согласам со ова но веќе на денешно време доброто со добро не секогаш се враќа.Добрите дела се забораваат а лошите моменти се паметаат.Не знам денес кој колку го цени тоа што некогаш си направил нешто добро за него значи постои нешто исмеѓу тоа не постои стрикно добар човек не постои стрикно лош.А ако веќе одиме со мислата дека секој си гледа за себе што исто така често може да се слушне меѓу нас ако размислуваме на оваа тема тогаш излегува дека сите се лоши али да се грижиш за себе и да си гледаш за себе не е лош чин туку баш спотивно .ЗНачи според мене биди добар но во одредени граници немој таа добрина да ја искористат другите против тебе,кога некогаш треба да се изреагира малку на лош начин изреагирувај.
PS кога некој ти направил нешто лошо не му возвраќај со лошо само не му прави добро.
Доброто не секогаш со добро се враќа.
 
Не знам зошто ама не им верувам на оние кои велат дека кога прават добро не им е важно дали ќе им биде возвратено. Па како бе луѓе кога сите очекуваме нашите најблиски да бидат тука за нас во најтешките и најсреќни моменти и цело време преку тие добри дела им покажуваме дека ни значат. Не џабе се вели дела а не зборови - џабе ако некој на сите те претставува како најдобар пријател и те фали ако кога најмногу ти е потребен не е покрај тебе. Јас живеам во сегашноста и не мислам на тоа дека доброто што сум го направила сега ќе ми се врати со добро НЕКОГАШ. Некогаш можеби ќе ме нема...
И да, колку пооптимистички размислувам за ова толку потешко ги поднесувам разочарувањата.
 
Абе од ногу добрина и на крај се јас со ваквото у рацете останувам. Појма неам зошто а најчесто добрите не ни ги забележуваат многу феномен некој,изгледа оние дибеците по интересни се.
 
Вреди само ако и повекето околу тебе се добри...инаку ке те сметаат за глуп
 
Вреди да се биде добар, без оглед на крајниот резултат. Бидејќи чиста или што почиста совест е успех ипол.
Но добар, не слаб, лабилен и попустлив со тие што не треба. Бидејќи некогаш тенка е линијата меѓу добриот и слабакот.
 
Добрината како човекова особина, денес е многу ретко застапена меѓу луѓето. Секој од нас посакува да го добие она што го сака на што полесен начин.
Дали добрината е она кое треба да не’ води во животот, или треба да се осврнеме на злобата и осветата?
Која е целта да се биде добар, кога на крај, секогаш ни се враќа со лошо?
Дали вреди да се биде добар, кога и покрај се, животот еден ден ќе ти сврти грб, во оној момент кога најмногу ќе ти треба?

Животот во еден свет, како овој, исполнет со болка, тага, незадоволство и тешкотии ме тера да се подзамислам, дали има причина за да бидеме човечни. И секогаш ми останува само еден одговор... Заборави на себе, помисли малку и на другите, и ќе дознаеш која е потребата да бидеш добар...
Не вреди.
Но, мислам дека одговорот го имаш во прашањето.
„Заборави на себе, помисли малку и на другите, и ќе дознаеш која е потребата да бидеш добар“
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom