Повеќе лаење од последното на Комитите не се памти , имало и потензични моменти во државата но никогаш цел натпревар не и е посветено на другата етничка заедница.
Просто човек да се чуди од каде толкава омраза. Балистите еднаш ако испеат ка*рски п*чки и доста им е , во никој случај другата група не е цел на напади сиот натпревар. Па дури и пред тоа , низ град да се пее само против албанците.
Едно просто еднонставно прашање до ваквите херои. - Дали мислите дека со тоа променивте нешто , мислите дека уплашивте некого , дека после ова подобро ќе им е на тие што живеат наваму натаму?
Знаеш, се прават демек не можат да поднесат албанци , а ако на дуќанчето му влезе албанец , здраво комшија повелете , да тоа кошта 5000 денари , за 4500 земај ја.
Види мајката , може бизнис да прави дење , а ноќе оди на стадион и вели мртов ш*птар добар ш*птар. Зошто не му рече мрш од мојот дуќан ни ти продавам роба тебе.
Демагози невидени.
Чиста Македонија бараат , да пешачевте 1км понатаму еве ви го Чаир , исчистете го.
Со вашето понашање вие не да ја исчистите Македонија , туку ја делите, оваа видео е поставено на интернет , весниците пишуваат што сте извикале низ Скопје , се прошири веста , пак вие ќе си живеете во чистиот Центар , но дали мислите за другите.
Ова е мојот шаблон одговор што го давам за вакви асоциални однесувања. Ај да беше за некое заостанато градче , ама во Скопје , каде се вели дека секое семејство е високообразовано , чудо.
Но секако , секој град ги има своите исклучоци, а Комитите се исклучок , во реалниот живот Скопје живее многу по хармонично.
Исто така и во самите Комити верувам има големи исклучоци , некои само се понесени стихијно , човекот се претвара во друго.
Се извинувам што ви се мешам на темата , се надевам не ја свативте како провокација.