Панинг

  • Креатор на темата Креатор на темата ErT
  • Време на започнување Време на започнување
Рачно го праеше блуров? :)
Не :). Сликава е само кропната, шарпнес и корегирано е светлото.

Е папарацо беее :)
Одличен панинг :)
Одлични типки :)

Фала Тончи. Ги најдов типките на FB, добро е што немаа ништо против сликава да оди на Public албум :)

Иначе супер е што таа позади нема кацига, ќе беше така-така фотка :), вака е доста поинтересна :)
 
Не :). Сликава е само кропната, шарпнес и корегирано е светлото.

Фала Тончи. Ги најдов типките на FB, добро е што немаа ништо против сликава да оди на Public албум :)

Иначе супер е што таа позади нема кацига, ќе беше така-така фотка :), вака е доста поинтересна :)

А всушност се движеше и ти со нив паралелно или од место?
 
Моторот се движеше, јас стоев во место и 'Панирав' . Напиши на Гугл Panning Photography Techniques ќе видиш за што станува збор. :)
 
ај ако сакаш пиши подесувања на апаратот , јас пробав во кавадарци кога имаше трки за гроздоберот излезе нешто ама не е баш тоа што сакав, не се заматувше позадината толку а сепак доста брзо возеа за разлика од моторчето, а и бев многу блиско до колите дали е можно и тоа да е проблемот зошто немав простор да се оддалешам малку бев до самиот асвалт.?
 
За вакви слики ти треба бавен шатер и мала бленда. Значи најлесно е да местиш на Shutter Priority, и местиш брзини од 1/20с па се до 1/80с. Што побрз шатер то помалку е заматена позадината меѓутоа полесно е да се фати објектот во фокус. Еве што направив за оваа слика:

1. Shutter Priority на 1/30с со -0.3 Exposure Compensation
2. Земав фокус каде што очекував дека ќе биде моторот кога ќе почнам да сликам.
3. Сетирав на Continuous Shooting (повеќе слики со едно штракање).
4. Кога идаше моторот, го пратев со апаратот и пред да стигне до местото каде што ми беше фокусот почнав да сликам и да го пратам истовремено.
5. Далечината од објектот не игра голема улога, за панинг слики обично се користи поширок агол бидејќи е полесно за сликање, после се кропнува.
6. Оштрината зависи од тоа колку ќе сликаш. Не очекувај дека ќе добиеш оштра слика со заматена позадина после 5тата проба. Practice makes perfect here.
7. Ако имаш статив уште подобро (овде јас не користев статив). Фиксирај го апаратот вертикално меѓутоа остави го да може да се движи хоризонтално.

Се надевам дека бев доволно јасен. Ако имаш уште некое прашање слободно прашај.

Едит: И да, брзината на објектот не е битна. Само битно е да се движи.
 
Моторот се движеше, јас стоев во место и 'Панирав' . Напиши на Гугл Panning Photography Techniques ќе видиш за што станува збор. :)

Знам шо е пенинг, само не секогаш објектот шо се движи испаѓа целиот бистар додека позадината е замачкана затоа ми беше чудно :)
 
Kако што реков, Practice makes perfect :)
 
_MG_05541.jpg
За вакви слики ти треба бавен шатер и мала бленда. Значи најлесно е да местиш на Shutter Priority, и местиш брзини од 1/20с па се до 1/80с. Што побрз шатер то помалку е заматена позадината меѓутоа полесно е да се фати објектот во фокус. Еве што направив за оваа слика:

1. Shutter Priority на 1/30с со -0.3 Exposure Compensation
2. Земав фокус каде што очекував дека ќе биде моторот кога ќе почнам да сликам.
3. Сетирав на Continuous Shooting (повеќе слики со едно штракање).
4. Кога идаше моторот, го пратев со апаратот и пред да стигне до местото каде што ми беше фокусот почнав да сликам и да го пратам истовремено.
5. Далечината од објектот не игра голема улога, за панинг слики обично се користи поширок агол бидејќи е полесно за сликање, после се кропнува.
6. Оштрината зависи од тоа колку ќе сликаш. Не очекувај дека ќе добиеш оштра слика со заматена позадина после 5тата проба. Practice makes perfect here.
7. Ако имаш статив уште подобро (овде јас не користев статив). Фиксирај го апаратот вертикално меѓутоа остави го да може да се движи хоризонтално.

Се надевам дека бев доволно јасен. Ако имаш уште некое прашање слободно прашај.

Едит: И да, брзината на објектот не е битна. Само битно е да се движи.
па пробав скоро се и SHUTTER пробав од 1/20 до 1/200 пробував различно ама не е тоа тоа некако колата неможам чисто да ја фатам.
еве што ми излезе, оваа ми е најдобра што ја фатив,а инаку темата ја забегавме ако се најде посоодветно место нека ја премести некој таму.
 
Прегледај го приврзокот 34577

Еве овде мислам може да се продолжи дискусијата за Panning. Иначе Дац, би те советувал да почнеш со 1/60 или 1/80 (ова важи ако сликаш точаци, коли низ град а не Ф1 болиди). Кога ќе добиеш добри резултати, намалувај по 1 стоп.
 
Прегледај го приврзокот 34577
па пробав скоро се и SHUTTER пробав од 1/20 до 1/200 пробував различно ама не е тоа тоа некако колата неможам чисто да ја фатам.
еве што ми излезе, оваа ми е најдобра што ја фатив,а инаку темата ја забегавме ако се најде посоодветно место нека ја премести некој таму.

Најчесто најфункционално е да одбереш една точка на колата рецимо, и да ја пратиш со една од точките за фокус. Пример средната точка позиционирај ја на кваката од вратата и пукај рафал :)
 
Бидејќи се разви дискусија за панинг на друга тема, ја отворам оваа и тука префрлам се :)

A и јас да придонесам со една фотографија
5795881003_fbb10a3cda_z.jpg

Експозиција 1/30
Бленда 20
ISO 100

И еве нешто обратно од панинг :D
5506531206_ff06a969f8_z.jpg

Експозиција 0,8
Бленда 4
ISO 500
 
Прегледај го приврзокот 34577
па пробав скоро се и SHUTTER пробав од 1/20 до 1/200 пробував различно ама не е тоа тоа некако колата неможам чисто да ја фатам.
А со каков објектив сликаше?Ако објективот нема стабилизација ќе си имаш мака со панингот :)
--- надополнето: Oct 4, 2011 11:09 AM ---
На аеромитингот во Битола му се пробав на авиончината панинг и еве шо излезе
1/40, f/29,iso 100,70mm
aeropannin.jpg
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom