Јапонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Forrest Gump
  • Време на започнување Време на започнување

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.619
Јапонија (јапонски: 日本) е островска земја источно од азискиот континент на западниот раб од Тихиот Океан. Таа е земја на острови и се протега по источниот брег на Азија. Главните острови (Хокаидо, Хоншу, Шикоку и Кјушу) некогаш се нарекуваат и домашни острови.

Една поинаква Јапонија... Една така цветна, една Јапонија у пролет... Најверојатно и тогаш е најубава да се посети.

pictur32.jpg


pictur33.jpg


pictur34.jpg


pictur35.jpg


pictur36.jpg


pictur37.jpg


pictur38.jpg


pictur39.jpg


pictur40.jpg


pictur41.jpg


pictur42.jpg


pictur43.jpg


pictur45.jpg


pictur48.jpg


pictur49.jpg


pictur50.jpg


pictur53.jpg


pictur54.jpg


pictur55.jpg


pictur56.jpg
 
Дефинитивно земја која сакам да ја посетам,ама не преку организирана тура,туку на своја рака и без тур водич.

Things to do-да го посетам студиото Ghibli,да се запознаам со некои мои омилени мангаки и да ги извадам од такт дека сум дојден да ги сталкувам ЛОЛ,цел ден да уживам во јапонска бања,да ги посетам седиштата на Sega и Nintendo,сумо борење,да ја посетам Акихабара како прав пример дека Јапонија е сајберпанк past 11,да скијам на планината Фуѓи,да влезам во будистички храмови и замоци на феудалните владетели,суши и други специјалитети ми се must eat,да се опијанам од саке и да ја пеам "Црно тиквешко" на караоке............................
 
Охоо тема за Нипон :D

Дефинитивно место на кое сакам да одам и да ги гледам како работат... каква само култура имаат и колку се тоа луди... - ова последново нема мерка која ќе го дефинира :D
 
ич ги нејќам..ќе ме тепаат со карате...
 
Шо убави слики, претпоставувам се пред Фукушима? :pos:
 
Добра е Јапан... и таа е дете на Сонцето - како Македонија.
 
The Japanese called their country, Nihon, which means "the source of the sun" or "the land of the rising sun", because it is so far east. It is a land of mountains and lakes, of great cities and skyscrapers. And it is one of the wealthiest and most technologically advanced countries of the world.

Rising_Sun_by_Enelo.jpg


Nippon is used always or most often in the following constructions:[10]
Nihon is used always or most often in the following constructions:[12]
https://secure.wikimedia.org/wikipedia/en/wiki/Names_of_Japan#Nihon_and_Nippon

The House of the Rising Sun, во чест на првата јавна куќа, во Јапонија нормално.
 
интересна земја како земја на изгрев бидејќи е прва земја што изгрева и има прекрасни цветни градини повеќето се егзотични што успеват само јапонија и би сакал да ја посетам Јапонија и да купам сувенир оригинал Катана (вид самурајски меч) и егзотични места да прошетам а бе све што ќе ми падне умот па дури и да се возам најбрзиот воз што се вика Шингансен (превод: куршум) но тоа е само пуста желба:(

патем од каде ги најде тие убави слики би сакал да ставам позадини на мониторот:)
 
C10472BEF1E72148A0DD4C62647F6B8C.jpg

Во предворјето на главниот токиски будистички храм Сенсоџи во центарот на градот, помалите деца се носат на едноставен ритуал со чад за да бидат поумни

Токио - Во храмот Сенсоџи одекнува тапиот звук на ѕвоното додека верниците фрлаат парички и замислуваат желби поклонувајќи се пред олтарот посветен на Златниот Буда во главниот будистички храм во Токио. Пред влезот во храмот мали деца се принесуваат блиску до садот во кој тлеат некакви „чудни“ стапчиња, чиј чад треба да ги направи поумни и помудри. Ова е само една од сликите на Јапонија денес, која многу не се разликува од онаа од пред неколку децении или, можеби, векови.

Но, надвор од ѕидовите на храмовите, секојдневјето на луѓето, на истите оние луѓе кои лошото претскажување на „ливчињата на судбината“ во храмовите го врзуваат во јазол за да го поништат, кои купуваат амајлии за здравје, љубов, деца, работа, изгледа сосема поинакво од спокојот на една традиција.

Големите булевари, облакодерите од стакло и метал, метежот од луѓе кои брзаат некаде, огромните шопинг-центри и улици каде што сите светски модни и козметички брендови имаат „фатено свој ќош“, високите потпетици кои од сончевите зраци се кријат под модерните чадори за сонце, најнапредната технологија, која е навлезена длабоко во порите на современото јапонско општество, е другата слика за Јапонија.

Земјата која можеби е земја на изгрејсонцето, со сигурност може да се каже дека е и земја на природата, едноставноста, минимализмот, перфекционизмот. Тоа е земја на редот, правилата и нормите, на уметноста која својот изразен облик го нашла во храната, во уредувањето на зеленилото, и, секако, земја на технологијата, традицијата, митологијата, на историјата, земја на питом и љубезен народ. Вака би можела да се опише Јапонија доколку тоа треба да се направи во неколку реда. Истовремено, таа е приказна на голема разновидност и многу често егзотика.

B5D1E55425A5534AB318C33D41609B1B.jpg
Традиционално облечени мажи

Вратата од левата страна на автомобилот автоматски се отвора додека раката на таксистот во бела ракавица ги остава ситните парички од кусурот, заедно со фискалната сметка, во преградата специјално наменета за тоа. Јукико Нуно, нашата водичка, ги зема и со благ наклон се заблагодарува и излегуваме од автомобилот. Таксистот, исто така со наклон, возвраќа.

Се излегува само од левата страна на такси-возилото. Не знаејќи, „рачно“ ја затвораме вратата по себе. „Не затворајте ја, таа автоматски се затвора”, со тивок глас ни вели Нуно-сан. Истовремено, таксистот повторно автоматски ја отвора, за потоа автоматски и да ја затвори вратата од својот автомобил. „Вратите на такси-возилата автоматски се отвораат и затвораат и тоа само од левата страна, од страната на тротоарот“, објаснува Нуно-сан. Треба време да се привикнете на некои работи во Јапонија, но домаќините трпеливо чекаат и смирено повторуваат и укажуваат на тоа се' додека не научите.

И токму тоа, трпеливоста, благиот наклон со поздрав и заблагодарување при секоја средба или разделба, за кои по некое време помислувате дека можеби се повеќе вродени отколку научени, белите ракавици и белите тантелести навлаки во такси-возилата, надополнети со модерната технологија на Џи-Пи-Ер-Ес наведувачите, е само еден дел од општеството во кое традицијата и модерното не живеат паралелен живот, туку заеднички, испреплетен. Така, црните панталони и белите кошули на мажите како непишан дрес-код на административците се забележливи насекаде по токиските улици.

337A269FF1CC6E46899C5653E80D53AB.jpg

Поглед на градот од 31. кат на хотелот „Њу Отани“

Дали постојат строги правила на облекување на вработените, особено за боите, ја прашуваме Нуно-сан. Таа не' погледнува малку зачудено и се врти околу себе здогледувајќи ја поголемата група луѓе, главно мажи, облечени во црни или темносиви панталони, со бели кошули, со актовки во рацете како чекаат на семафор. „Не, нема такво нешто, особено не за боите”, одговара. Се' уште гледајќи ги, како повеќе за себе, таа дообјаснува: „Мислам дека помладите ги следат постарите во облекувањето, не сакајќи да бидат забележани како различни“. Нуно-сан ни вели дека дотогаш никогаш не забележала како се облекуваат вработените во нејзината земја.

А тоа е една од оние работи кои во Јапонија го имаат третманот на „така треба“, исто како што „така треба“ да се почитува одлуката на јапонската влада во јавните институции и државната администрација клима-уредите да не се вклучуваат на температура пониска од 28 Целзиусови степени, со цел да се намали емисијата на гасови кои доведуваат до глобалното затоплување.

Зелениот чај, топол или ладен, се служи секогаш при деловни средби, без прашање дали можеби сакате нешто друго. Тоа е неазобиколен дел од јапонското секојдневје, како што се и шинто или будистичките храмови чии дворови се „лепат“ со соседните многукатници и кули високи и над 100 метри. Се разбира, тука се и стапчињата за јадење, кои во некои ресторани не можат да бидат заменети со виљушки, бидејќи ги немаат, исто како и строгото почитување на соблекување на чевлите при влегување во нечиј дом или религиозен објект каде што подот е од дрво. И врв на се' е јапонската народна носија, кимоното, која својата памучни варијанта - јуката, надополнета со традиционалните јапонски апостолки може да се сретне како секојдневна облека, и кај мажи и кај жени, кои купуваат и шетаат по токиската „Петта авенија“, булеварот Гинза.

Тоа е она што Јапонија ја прави привлечна и необична - традиција завиткана во модерна опаковка.

Преземено : Утрински весник
 
Од денес е статијата?

Патем не верувам дека Утрински или било кој весник или општо медиум од Македонија би пишувал во суперлативи ако дознаат какви weird shit трипови ни извезуваат Јапонците во изминатите 15 години.:LOL:
 
Ме интересира што има во Јапонија а нема кај нас или во другите држави во светот?
Имаат многу напредна технологија што не сме ни слушнале ние за тоа...ако некој знае повеќе нека не информира.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom