И пази и пази и пази Вардар гази!!!!
Прво несакам ни збор да чујам за сдудењето, а најмалку дека судијата ја оштетил Шкендија. Во првиот дел не досуди класичен корнер за нас, откако гостинскиот голман ја фати топката и излезе ЦЕЛИ 2 МЕТРА НАДВОР!!!
Истотака од икс причини спречи чиста акција на гроздановски кога излезе сам во празно.
Судењето беше солидно, односнои нема збор дека се фаворизирала некоја страна!!!
Идеме понатаму
Уште во 10 и 30 се собравме 25 души од Пржино и го направивме можеби најдолгото кортео, од Пржино до соборна
Интересно беше да се види како луѓето реагираа низ улиците на овој дел од градот кај што нема некоја јака екипан и навивање. бевме поздравувани со аплаузи
На соборна околу 1 000 луѓе, на Западна околу 1 500 моѓеби и повеќе. На цел стадион отприлика околу 4-5 000 гледачи што е одлично за натпревар одигран во 13 часот во сабота
Навиањето беше одлично се до 65-тата минута. Уште прво полувреме на јнужна беа нападнати дел од управата на Шкендија заедно со уште неколку што беа дојдени со нив. Со полиција беа извадени надвор. На револт на сите беа вратени на северрна во вториот дел.
За жал икс фаци спорведоа идеја дека тоа се всушност Балисти и се пуштија накај нив. Ајде не ми смета тоа, колку што ми сметаше што скоро сите пееа УПРАВА ПЕДЕРИ.
Како Комита се оградувам од тоа скандирање, пошто тоа НЕ БЕА БАЛИСТИ, туку беа луѓе од управата на Шкендија. Да не беше нашата управа сега немаше да биде на врвот, и тоа скандирање го осудувам како КРАЈНО ГЛУПАВО!!!
И потоа тек во 75-та минута се консолидиравме. А таман го допревме врвотн во навиањето...
Во првиот дел грмевме
Немам зборови...
Да се знае кој се УБЕДЛИВО, УБЕДЛИВО број еден во Македонија. Бојкотиравме први десет минути али потоа...
Играчиве на Шкендија се изгубија на теренот
Се на се, 10-ка за навивањрто до инцидентот, а пошто тој фрли мала дамка ќе дадам 9-ка...
ВАРДАР денес победи заслужено. Особено ги прегазивме во вториот дел.
Додека бојкотиравме нашиве играа грчевито па Шкендија имаше добар слободен удар. Кога почнавме да навиваме кај нивните играчи настана конфузија. Голманот нивни ја додаде топката на Ивановски, овој сам пред гол имаше чиста шанса, но се сплетка и ја шитна топката...
Потоа имавме уште две добри шанси, но мислам дека на два пати Ивановски утна.
Имавме уште неколку полушанси, али реално треба да сме среќни што на пауза не заминавме со водство на Шкендија.
Хасани имаше одлична шанса, излезње сам пред гол но промаши. Шкендија ме изненади во првиот дел. Везеа во средината, и лесно доаѓаа до нашиот гол но ние го имавме Оса. Каква стабилност човече, секоја чест
Во вториот дел сосема поинаква слика. Вардар запна, немаше ни Ш од Шкендија. Се разиграа крилата, како и Ранѓеловиќ. Се редеа шансите пред гостинскиот голман, но резервниот голман на Шкендија беше одличен.
Но, прти една акцвија од страна, се проби Илиевски нафрли, Ивановски ја пропушти топката, таа на втора статива дојде до осамениот Лико. Овој си ја смири и ја искина мрежата на гостите, за урнебес на трибините. ЕКСПЛОЗИЈА!!!
Се распалија и бакљи и петарди и се што се имаше...
Веднаш потоа по одличќен пробив на Лико Ивановски утна шанса еден на еден со гостинскиот голман кој одлично одбрани.
Стигна и вториот гол, одново одлична акција во која утнавме два зицера,. но во третиот обид, топка во празно за Ивановски и овој ја затресе празната гостинска мрежа!
До крај утнавме уште една шанса, за поубедлива победа!
Одличен меч со непотребен инцидент.
Браво за нашите, изиграа со срце! ИДЕМЕ КОН ТИТУЛА
--- надополнето: Oct 1, 2011 2:16 PM ---
Saber e na Slavija,izvestaj malce podocna
Полувреме е