Уште еден ГАФ на ФФМ. Поради неможност да се справат со вандализмот кои го предизвикуват „навивачите„ на Шкендија целата лига ни е заложник на овој клуб.
Подршка за револотот на КОМИТИТЕ.
Комити нема да навиваат 10 минути против Шкендија во знак на револт
Спорт | 30. септември 2011 - 8:55
Од навивачката група информираат дека се револтирани поради поместувањето на терминот за саботното дерби во првата фудбалска лига против Шкендија во 13 часот
Share1
Навивачката група Комити нема да го бодри својот Вардар во првите 10 минути од големото саботно дерби против лутиот ревал Шкендија од Тетово на Филип Втори Арена. На ваков чекор навивачката група се решила за да го изрази својот револт од поместувањето на терминот за одигрување во 13 часот во Сабота.
„Навивачката група Комити Скопје е шокирана и искажува револт од однесувањето на раководните структури во државата и одлуката дерби натпреварот помеѓу Вардар и Шкендија да се премести во 13.00 часот. Апсолутно терминот кој е закажан е пред се навивачки неприфатлив, многу симпатизери и навивачи на Вардар нема да бидат во можност да присуствуваат поради работните обврски, а истиов натпревар се чекаше долго, со оглед на тоа што Вардар има низа добри резултати.
Разочарани сме од неспособноста на полицијата да воспостави ред, па решава со уништување на фудбалот да ги покрие своите дупки“ - стои во писмената реакција на МВР
Иако натпреварот е од висок ризик, досега не е пријавено гостување на навивачката група на Шкендија, Балисти. Оттука, од навивачката група Комити велат дека не ја разбираат причината поради која се поместува терминот за одигрување на натпреварот и токму затоа првите 10 минути од мечот ќе поминат без навивачката песна на Комити.
„Поради овие причини навивачката група Комити донесе решение првите 10 минути од натпреварот да не се навива, за да се освести полицијата и управите како би изгледал еден стадион со капацитет од 40 000 гледачи кога е тивок како театар, и да размислат дали фудбалот се игра за комерцијализам или за престиж и за навивачите?“ - стои во соопштението на навивачката група на фудбалкскиот клуб Вардар.
http://www.time.mk/read/37ca930817/88437a2d4f/index.html