Ај да пишам импресии.
Ќе почнам со графика/оптимизираност. Иако ја играм на лоу 1280x1024, играта изгледа многу убаво, налик на Крајзис на медиум, но сепак подобро, многу подобри текстури и сенки, и нормално ефекти. Сега за сега иде мазно на тие сетинзи. Блазе ви на вас коишто имате Core i5/i7 и GTX400/500/HD5800/6800/6900 процесори и графички, ако вака изгледа на лоу како ли изгледа на ултра
Сепак мислам дека ниската фрекфенција на процесорот ми прави проблем, поголем одошто графичката. Сигурен сум дека ако го оверклокувам на 2.8/3Ghz дека фрејмрејтот ќе биде доста подобар.
Второ, атмосферата. Чувството кога ти поминуваат куршуми над глава, кога сите пукаат и од твој и од другиот тим, а ти лежиш на земја и се обидуваш со сите сили да погодиш некого - непроценливо! А се ова е на Метро мапата, значи без возила и многу малку експлозии! Звукот е врв, класика за Battlefield...
И да, навистина ќе се осеќате како да се наоѓате во вистинска војна, поготово ако имате звер од PC и ја играте на хај/ултра!
Трето и најважно, гејмплејот. Никако не очекувајте дека ќе влезете со пушка и така ќе истрчате и ќе поколете све живо. Треба многу размислување, и тимска игра, за ги надмудриш играчите од другиот тим. Psyside мислам спомна дека Метро мапата е дизајнирана за да се навлечат CoD играчите. Според мене ова е грешно, како прво мапата воопшто не е мала (Caspidian Border би ми изгледала бескрајна мене
), гејмплејот воопшто не наликува на оној од CoD, сосема спротивното е, така да скоро и да нема врска мапата, нема во BF игрите 5 на 5 метри мапи. CoD играчот е научен на мали мапи и run&gun гејмплеј. Чим тој ќе дојде во контакт со играва, има многу да се намачи на било која мапа, ако сака да убие некого, и или полека полека ќе ги научи сите цаки и финти за да се дојде до победа, или ќе се изнервира и едноставно ќе се врати на CoD.
Јас бев навикнат на таков run&gun гејмплеј, па затоа во рок од 5 минути имав само едно убиство и тоа на среќа, и пет пати ме убија. И послем избрав Recon класа (најлесно ми беше со снајпер, им препорачувам на сите почетници во BF3 и BF серијалот воопшто да играат со Recon класата, вака на почеток нема оптички нишан на пушките и скоро невозможно е да убиеш некој од далечина) добро се намачив за да го поправам скорот, и да им помогнам на соиграчите.
Багови имаше многу малку, и истите не влијаеја на гејмплејот. Одлично за една игра во бета фаза.