Сонот- претскажување или реакција на дразби

Pravnice

The Don
Член од
15 ноември 2007
Мислења
2.462
Поени од реакции
1.433
Сонот е појава која буди интерес за анализа одамна. Постојат повеќе теории, повеќе објаснување, некои еднолични некои нудат поопсежна анализа. Ниедна не може да биде потвдена:)
Според Вас, што претставува сонот, претскажување, навлегување и свесност за потсвесното, реакција на надворешни дразби или пак можеби реакција на она што Ви се случувало изминатиот период???
Според мене немеа еден одговор, но некако тезата дека сонот претскажува ми нема врска, романтично е сето тоа, но јбг сакам објаснување. Сонот повеќе го сфаќам како реакција на дразби и навлегување во потсвесното.
Два последователни сонови сепак ме зачудија и извдија од памет. Вчера сонував како сум тргнат на гробишта кај баба ми( немам отидено откако почина пред 2-3 месеца) трчав, земав кола и се живо но до гробиштата не успеав да стигнам, само нешто искрснуваше. Сабајлето кога се разбудив после утринското кафе отидов во црква да и запалам свеќа. Следува втор сон, јас се наоѓам на гробот на баба ми, она седи на гробот и со насмевка на лицето ми одмавнува во знак на поздрав. Је бо те!!!
Ваши мислења???
 
V

Vollstandig

Гостин
Се е до психата. Тоа што си запалил свеќа не и помогнало да го помине побрзо процесот на распаѓање на телото, туку се наоѓа во твојата потсвест.
 
Pravnice

The Don
Член од
15 ноември 2007
Мислења
2.462
Поени од реакции
1.433
Се е до психата. Тоа што си запалил свеќа не и помогнало да го помине побрзо процесот на распаѓање на телото, туку се наоѓа во твојата потсвест.
Воопшто не ми беше тоа поентата. напротив јас сум логичар барам објаснување за се. И поентата ми е дека во потсветста сум мислел дека стварно треба да одам на гробишта, ама ете ради обврски никако да искочи на површина. И ете излезе.
Овие два поврзани сонови додека пиев сабајле кафе ме натераа да размислувам за сонот. Сеуште докрај неистражен феномен, а толку интересен, па сакав да поттикнам утринска интересна дискусија.
 
PMS

карпошова ќерка
Член од
28 септември 2011
Мислења
23
Поени од реакции
17
епа ете поствесно имаш грижа на совест зашто не си бил/а на гробишта кај баба ти... чичко Фројд не лаеше неосновано во „Толкување на соништата“ ;)
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.806
Поени од реакции
3.062
Воопшто не ми беше тоа поентата. напротив јас сум логичар барам објаснување за се. И поентата ми е дека во потсветста сум мислел дека стварно треба да одам на гробишта, ама ете ради обврски никако да искочи на површина. И ете излезе.
Овие два поврзани сонови додека пиев сабајле кафе ме натераа да размислувам за сонот. Сеуште докрај неистражен феномен, а толку интересен, па сакав да поттикнам утринска интересна дискусија.
свеста апсорбира накај 10 тина проценти од тоа што го поминуваме дневно додека подсвеста останатите 90.. доколку мислиме дека ние сега, моментално одлучуваме за нашите постапки, реакции и мислења многу се лажеме. Ние сме една механика предводена од подсвеста. така што во подсвеста се дешава сешто, многу работи за кои не сме свесни а ете така ни доаѓаат до израз преку сонот.. и чувствата.
Содржината на сонот нема некое значење туку тоа се рандом слики и рандом приказна која полусвеста (при спиење) ги "копа" од подсвеста.
Ова е од логичко сфаќање, сум имал и јас многу чудни сонови и секогаш сум се обидувал да ја прочитам мојата подсвест односно да се прочитам себси (штом сум 90 раководен од нејзе).
 
Баш рандом слики му доаѓаат. Бидејќи најголемиот дел од соновите се апсурдни, комични измешани, баш ко нафрлани слики од претходни доживувања, наша перцепција, мисли за истите и што ли уште не.
 
Член од
27 април 2011
Мислења
2.314
Поени од реакции
3.126
И јас мислам дека е реакција од потсвеста , или на надворешните дразби и тоа што ти се случувало . Се надевам дека не е претскажување пошто ако е сме го наебале сите после тоа што сонуев вчера :eek:
 
Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.852
Поени од реакции
20.353
Јасно е дека е реакција на потсвеста, но некогаш со предупредувачки карактер,зошто мислам така, како што кажа некој погоре потсвеста ги впива 90 посто од информациите случките, чувствата, и при тоа знаејќи дека нашиот ум никогаш не бил доволно исцрпен а во сплет на самопредупредувачки сигнали од можна несреќа, разочарување и сл. толкувања кои се даваат врз основа на соновите мене ми изгледа како склоп на внатреодбрамбен систем, кои пак ќе речам ние несвесно го поседуваме и не секогаш ни доаѓа како предупредување или претчуство за нешто лошо или арно.
 
Seniorita

џм..
Член од
11 април 2011
Мислења
1.344
Поени од реакции
681
знам дека ако сонуваш дека вадиш заб, ќе умре некој ..

ако не те боли додека го вадиш - некој подалечен е,
ако те боли додека го вадиш - некој близок е ...

пред месец време сонував дека вадам ( не ме болеше ) ,и ми се помина една подалечна баба пред недела ипол ..

така да, ќе се решам за некој вид на наговестување ..
 
Член од
13 декември 2009
Мислења
1.307
Поени од реакции
647
Тоа е претска`ување, ама не како Саше фактор Икс.Едноставно, мозокот сите информации кои ги собира во еден ден не мо`е да ги процесира веднаш и ги процесира во текот на сонот. Така на пример, можеби ти по тоа што си го слушал знаеш дека некој ќе умре, или дека нешто лошо ќе се случи , ама мозокот или нема доволно информации да ти даде во тој момент,или ти го поттиснуваш тоа во потсвеста, која пак излегува на површина додека спиеш.Така да, да тоа е претскажување но само за тебе и тоа ти што го гледаш.
 
Романтичарка

надежна форумџика
Член од
31 октомври 2009
Мислења
382
Поени од реакции
91
Јас пак верувам дека соновите ни кажуваат многу работи,но ние не знаеме да ги протолкуваме.
Сонот што си го сонувал последователно е можеби од тоа дека не си бил на гробот на баба ти оддамна,а можеби кога била жива била блиска со тебе и посакува да ја посетиш.
Можеби звучам како македонските народни приказните,но јас верувам во задгробниот живот.
 
~DaRko

Поштен лопов
Член од
29 март 2009
Мислења
5.888
Поени од реакции
2.481
она што го посакуваме, она што сакаме да го направиме, она што го мислиме, она што е актуелно деновите за нас, она што не израдувало, она со што сме преокупирани........тоа го сонуваме :)
 
statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
Сонот - кога мозокот е на DMT
“Сликите/соновите“ се само информации, неретко можат да немаат смисла, а се дешава и да рефлектираат делови од реалноста.
 
Филозофка

Amelie Poulain
Член од
21 јануари 2009
Мислења
1.680
Поени од реакции
525
Подобро за мене да е само реакција на дразби, моиве сонови се језиви фантастики што неможам да ги смисламЧС
 
Kajgana Shop

На врв Bottom