Сонот- претскажување или реакција на дразби

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Има море тука нешто повеќе. Во повеќето случаи се е психологија и човек несвесно поврзува работи од своето секојдневие. Ама барем за мене, сонот и не е така вообичаена и лесна за толкување појава.
Моето лично искуство бар досега вели сепак е нешто повеќе од вообичаена дразба. На пример, секој пат кога сонувам некој близок или далечен, и се будам вознемирена, наредниот ден дознавам дека нешто му се случило на човекот.
Скраја да е да сонувам дека ми паѓа заб. Обавезно умира некој.
Или еве сега ми текнува еден сон што го памтам со години. Кога бев многу мала почина дедо ми. Тогаш не бев свесна што се случило, пошто бев многу мала никој не ми кажал таква работа сите кријат и сонувам сон после некое време како дедо ми ме држи за рака и ме шета низ еден црковен двор со поплочена патека. Облечен во син работнички капут онаков каков што го паметам и како и што загина.
Ме држи така за рака и почнува да ми раскажува нешто, ама едвај се сеќавам на зборовите. Внатре во црквата место икони стојат слики од нашето семејство. И тој покажува кон слика на која стои баба ми ( беше жива кога почина тој, ама болна од срце) и ми зборува за неа, нешто како и она ќе одела таму. По некоја година, баба ми почина од срце.
Чудното е што поминаа двасет години, а јас уште се сеќавам на сонот, боите, деталите, само разговорот ми избледе.
:)
 
D

dystopian

Гостин
Воопшто не ми беше тоа поентата. напротив јас сум логичар барам објаснување за се. И поентата ми е дека во потсветста сум мислел дека стварно треба да одам на гробишта, ама ете ради обврски никако да искочи на површина. И ете излезе.
Овие два поврзани сонови додека пиев сабајле кафе ме натераа да размислувам за сонот. Сеуште докрај неистражен феномен, а толку интересен, па сакав да поттикнам утринска интересна дискусија.
Постојано сонуваш, сигурно е коинциденција ако од милиони соништа еден,два, три, петнаесет ти се погодиле.
 
Z

zmej gorjanin

Чудно, нешто слично сонував и јас за дедо ми. Тогаш имав 8 години и сонот сеуште го памтам до денес. Сонував како јас, баба ми и дедо ми идеме по улицата пред нивната куќа. И како што одевме, јас и баба ми застанавме, а дедо ми продолжи уште неколку метри, застана, се сврте и не гледаше така некое време. Јас ја прашав баба ми - Каде ќе оди дедо? А таа ми рече - Ќе оди на пат. И тогаш дедо ми се сврте и продолжи понатака. Утредента, дедо ми почина.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.857
Сонот е појава која буди интерес за анализа одамна. Постојат повеќе теории, повеќе објаснување, некои еднолични некои нудат поопсежна анализа. Ниедна не може да биде потвдена:)
Според Вас, што претставува сонот, претскажување, навлегување и свесност за потсвесното, реакција на надворешни дразби или пак можеби реакција на она што Ви се случувало изминатиот период???
Според мене немеа еден одговор, но некако тезата дека сонот претскажува ми нема врска, романтично е сето тоа, но јбг сакам објаснување. Сонот повеќе го сфаќам како реакција на дразби и навлегување во потсвесното.
Два последователни сонови сепак ме зачудија и извдија од памет. Вчера сонував како сум тргнат на гробишта кај баба ми( немам отидено откако почина пред 2-3 месеца) трчав, земав кола и се живо но до гробиштата не успеав да стигнам, само нешто искрснуваше. Сабајлето кога се разбудив после утринското кафе отидов во црква да и запалам свеќа. Следува втор сон, јас се наоѓам на гробот на баба ми, она седи на гробот и со насмевка на лицето ми одмавнува во знак на поздрав. Је бо те!!!
Ваши мислења???
,,Моќта на потсвеста,, :) Јас не сум суеверна, не сум ниту религиозна, па ќе ти кажам мое мислење.
Потсвесно, си знаел дека треба да обрнеш внимание на твојата покојна баба, без оглед дали ќе запалиш свеќа, ќе прочиташ молитва, ќе и ја гледаш сликата, ќе го исчистиш гробот итн итн итн... тоа е индивидуално. Свесно, ти ,немаш време, или други причини се, но потсвесно имаш грижа на совест. Откако си запалил свеќа, таа грижа на совест ти се смирила, па затоа и си ја сонувал бабата како е сега среќна.
Имав многу сличен сон на твојот, одамна. Имаше неколку месеци како не бев кај баба ми на гроб. Јас не палам свеќи и не одам во црква, но на гроб секогаш сум и носела цвеќе и сум го чистела. И ја сонував, исто, тажна и разочарана, многу постара него што ја памтев. Нормално, во најбрз можен рок отидов на гробишта. После неколку денови пак ја сонував, пак помлада како што ја памтев, едноставно овој пат нејзината појава делуваше смирувачки на мене.
Мојата совест ме јадеше што не сум била долго време, а со неа бев многу поврзана.
--- надополнето: Oct 1, 2011 10:25 PM ---
Воопшто не ми беше тоа поентата. напротив јас сум логичар барам објаснување за се. И поентата ми е дека во потсветста сум мислел дека стварно треба да одам на гробишта, ама ете ради обврски никако да искочи на површина. И ете излезе.
Овие два поврзани сонови додека пиев сабајле кафе ме натераа да размислувам за сонот. Сеуште докрај неистражен феномен, а толку интересен, па сакав да поттикнам утринска интересна дискусија.
Бре, и без да го прочитам мислењево претпоставив. Талент, талент е тоа ;)
 
Pravnice

The Don
Член од
15 ноември 2007
Мислења
2.462
Поени од реакции
1.433
,,Моќта на потсвеста,, :) Јас не сум суеверна, не сум ниту религиозна, па ќе ти кажам мое мислење.
Потсвесно, си знаел дека треба да обрнеш внимание на твојата покојна баба, без оглед дали ќе запалиш свеќа, ќе прочиташ молитва, ќе и ја гледаш сликата, ќе го исчистиш гробот итн итн итн... тоа е индивидуално. Свесно, ти ,немаш време, или други причини се, но потсвесно имаш грижа на совест. Откако си запалил свеќа, таа грижа на совест ти се смирила, па затоа и си ја сонувал бабата како е сега среќна.
Имав многу сличен сон на твојот, одамна. Имаше неколку месеци како не бев кај баба ми на гроб. Јас не палам свеќи и не одам во црква, но на гроб секогаш сум и носела цвеќе и сум го чистела. И ја сонував, исто, тажна и разочарана, многу постара него што ја памтев. Нормално, во најбрз можен рок отидов на гробишта. После неколку денови пак ја сонував, пак помлада како што ја памтев, едноставно овој пат нејзината појава делуваше смирувачки на мене.
Мојата совест ме јадеше што не сум била долго време, а со неа бев многу поврзана.
--- надополнето: Oct 1, 2011 10:25 PM ---

Бре, и без да го прочитам мислењево претпоставив. Талент, талент е тоа ;)
И јас размислувам натака, дека потсевно сум си влијаел сам на себе. Очигледно размислуваме на иста бранова должина.
Едноставно од сите аспекти ова има највеќе логика, ако си го читала и Фројд можеш да го извлечеш истиот заклучок, само што он повеќе се концентрира на дразбите од околината и минатите случки.
Во секој случај сонот е еден факинг интересен феномен.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.857
И јас размислувам натака, дека потсевно сум си влијаел сам на себе. Очигледно размислуваме на иста бранова должина.
Едноставно од сите аспекти ова има највеќе логика, ако си го читала и Фројд можеш да го извлечеш истиот заклучок, само што он повеќе се концентрира на дразбите од околината и минатите случки.
Во секој случај сонот е еден факинг интересен феномен.
Па го потенцирав Фројд :) Но и без него, ова е очигледно. Да, минатите случки те натерале - поврзаност со бабата, моралното правило дека треба да и обрнеш внимание и после смртта (суперего, по Фројд), можеби едноставно ти недостасува. Најдобро ти би знаел :)
 
sol invictus

In nomine Patris, et Filii, et Spiritūs Sancti.
Член од
28 септември 2011
Мислења
1
Поени од реакции
0
некој раб са ќе ги повторам, али нема да сметат мислам, за да се има сликата.точно е дека сонот најчесто е некој вид на реакција од претходните деној, али треба да се има предвид поќе работи: колку е длабок сонот, плитко спиење носи поќе соној од причини шо дневните настани сеуште се процесираат до несвесното, па по нешто и „залутва“ до свеста; колку самио дневен настан е свесно апсорбиран,прифатен, промислен - зато шо секој ден ни се случуват разноразни случки, и колку помалку свесно размислуваме за нивниот значај, толку поголема е веројатноста да се најдат во некој наш сон. ова понатаму и то како има врска со нашето минато, детсвото, посебно родителите и блиските од фамилијата. сонвање луѓе/случки/места од нашето детство или родители или блиски до родителитѕе најчесто е показател дека дента или претходните деној ни се случило нешто шо допрело до сферите од нашата потсвест во кој шо се меморизирало нешто од нашето детсво ( допрело до нашиот в свеста запамтен детски поглед на светот)...

има и претскажувачки соној, али е нив тешко да ги препознајш пошто за да се деси то, треба чоек да си води евиденција и то долго време, на својте соној. така можи да знајш кој бил претскажувачки, а со тек на време можи и да сфатиш кој најчессти симболи се јавуваат и во кој контекст и така да почниш да сфаќаш кој настани исто се поврзуваат со тие соној и слично.. мора лично истражување, се друго е само гола шпекулација и ли прекажвање шо некој прочитал во некоја книга или весник...

тро покомплицирана е работата со личности кои се пресно мртви, пошто е можно да нашата потсвест фаќа делој од нивите живототворни вибрации, кои во космосот сеуште постојат иако телото им е мртво... така да има многу комбинаци во прашање имногу ретко ке го најдиш правиот толкувач.
 
Член од
8 октомври 2009
Мислења
312
Поени од реакции
153
Мислам дека е поврзан со поранешните случувања. Во сонот секогаш избива несвесното или некој непријатен настан кој се трудиме да го заборавиме или да се одбраниме се појавува таму, потоа неостварените желби, преголемите амбиции, нешто кое што ни е забрането а толку многу се посакува, стравовите... Се на се, сепак е убаво да се сонува :D
 
Mason_Petrarka

Servant of Morgoth
Член од
19 декември 2009
Мислења
157
Поени од реакции
23
паше, интересна тема.. иначе психолозите објаснуват за сонот како прелазна фаза од спиење во будност, зато и толку картко трај, е сеа според мене, сонот ти е подпсихичка појава на минати дејства обработени со некои различни детаљи, а од друга страна пак можи да биди и тогашната ситуација во која ‘сањачот‘ се наоѓа.. не успеав да се доизјаснам ми избегаја некој мисли, ако нешто ми текни ќе допишам.. позз :*

ете ми текна шо ќе велеф... јас не се сложвам со претскажувачките визии од соновите, едноставно не вервам во нив.. се е психа сепак :D
 
Kajgana Shop

На врв Bottom