Масони

T

Tetro

Гостин
Нели немаше жени.
А која е оваа погоре, кафе-куварка?
 
Член од
27 март 2011
Мислења
361
Поени од реакции
161
a zasto vi preci toa sto masonite bi mozele da bidat zeni? mazite vladeat so svetot uste od pocetokot na covestvoto,pa redno vreme bese i zenite da pocnat da vladeat:)))
--- надополнето: Jul 31, 2011 10:17 AM ---
zgora na toa,maskite i zenskite mozoci ne se isti taka sto crno-bela kombinaija bi bila sovrsena za vladeenje so svetot:D
--- надополнето: Jul 31, 2011 10:33 AM ---
i plus,ako ima masoni sto vladeat vo svetot togas zosto sostojbata vo svetot e tolku losa,tie bi trebalo da go napravat svetot podobar
--- надополнето: Jul 31, 2011 10:34 AM ---
ama sepak,imam slusano i citano deka vo svetot vladeat 13 masoni od site kraista na zemjata ama toa denes
--- надополнето: Jul 31, 2011 10:40 AM ---
vo minatoto spored mene mason bese hitler.zasto za ti da imas vizija i edno svoe mislenje i toa da uspees da go nametnes na mililoni,milioni luge ne e bas mala rabota i za toa treba stvarno da imas i muda i mozok.t.e tie dvete bi trebalo sekogas zaedno i slozno da si funkcioniraat za zivotot na mazite da bide po sreken i po ispolnitelen:D:D:D navistina zamislete si vie da sakate i da mislite deka sonceto namesto da e zolto e sino i vo toa da ubedite edna cetvrtina od svetot,neznam jas na toa se divam,ne sum fashist i nacist:))) ama stvarno mislam deka i hitler i napoleon i stalin i drugite takvi tipci bi trebalo da gi smesime vo grupata masoni
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
Масоните се стари махери за damage control (или по нашки, перење лајненици). Еве ја официјалната денунцијација (на англиски) на Ivar A. Skar, Големиот мајстор на Норвешкиот масонски ред.

Поинтересниот документ на истиов сајтов е на норвешки. Кого не го мрзи, ќе најде превод. :)

Во овој документ норвешките масони се вадат дека Андерс Беринг Бреивик не бил активен масон. Демек бил, ама по малце.:drk: За целиот текст, клик, а еве дел од тој текст каде следи објаснувањето дека овој терорист „не бил активен масон.“

„The accused terrorist was no active Freemason

We have gone through the protocols and can only see that he has participated in three recording sessions and a further meeting of his lodge, that is, a total of four meetings, said the Grand Master of the Norwegian Order of Freemasons, Ivar A. Skar.

Anders Breivik Behring had no offices or functions in the lodge and has not made his mark in any way.“

Обожавам вакви масонски реторички салта: не бил активен и не се истакнуел. Бреј, бил масон, ама само онака, поручечки, не за стално. Тоа кецелчето и белите ракавици (кои, нали, симболизираат морална чистота) му биле онака, уз оделце, за сликање. Anders Breivik Behring бил регуларен член на масонската ложа St. Olaus T.D. Tre Søiler No. 8 во Oslo. Факт. Сево ова веслање е мизерен обид да се „масира“ вистината и да се дистанцираат од својот брат кој, јеби га, бил терорист. Баталете тоа причите за активност на часови. Вакви гомна ниедна вода не ги пере. Јок!
 
Член од
22 февруари 2010
Мислења
19
Поени од реакции
1
prasanje za zidarski ?
Dali kaj lozite se slucuvaat vonredni sostanoci , osven predvidenite vo sekoj petok i vo koi slucaevi se pravat vonredni sostanoci ?
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
Ванчо, извини што неповикан одговарам, ама еве додека не добиеш одговор од посочениот јузер. Не знам од кај ти информација дека масонските ложи редовно се состануваат секој петок. Ова не е точно -- секоја масонска ложа си има свој распоред на состаноци. Причините се различни, а најчесто практични. Ова лесно може да се провери -- појди на некој сајт на локална масонска ложа (особено на оние во САД) и ќе видиш дека секоја ложа си има свој работен календар. Има и случаи кога повеќе ложи одржуваат состаноци во ист храм, па тогаш е неминовно ложите да се состануваат во различни денови. За причините за вонредни состаноци нека ти даде одговор зидарски.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Не знам дали Зидарски е сеуште активен на темава, гледам дека неговиот последен пост е напишан некаде во Јуни. Во секој случај, имам едно прашање, или можеби поточно констатација, а се однесува на предусловот за прием на кандидатите за Масони, кои да мораат да бидат религиозни. Наоѓам дека ова барање е контрадикторно и непотребно на два различни нивоа. Јас ги прочитав сите постови на Зидарски на овој форум, и на прашањето зошто се бара кандидатот да верува во монотеистички Бог, најдов само два одговори. Првиот е во врска со моралноста на кандидатот, бидејќи се смета дека религиозните луѓе се поморални. Вториот одговор се однесува на тоа дека целите на Масонеријата во однос на личниот духовен развој на кандидатот се религиозни, односно Масонеријата се сфаќа како обид да се дојде до Бог, така да нема никаква причина атеист да биде член на Масонеријата.

За да нема недоразбирање, јас прифаќам дека целите на Масонеријата се тие кои ги наведува Зидарски. Можеме да ги поделиме, со малку симплификација, на две дела. Првиот, да го наречеме овосветовен, се идеалите на Масонеријата како еднаквост на луѓето, слобода на говорот, образование, наука, уметност...

Овие идеали се всушност истите идеали на Волтер и просветителството, на кои Масонеријата не може да полага никаков ексклузивитет. Меѓутоа, тешко е да се увиди како овие идеали имаат врска со религиозноста и како религиозниот човек би се залагал за нив. Напротив, организираните религии се најчесто најголемата препрека за остварувањето на овие идеали. Моралноста на еден човек која се базира на страв од казната, е морално победна од моралноста на која човек ја базира на едноставниот Сократовски постулат дека разумното = доброто. Токму таквите луѓе се способни да ги изнесаат овие идеали на своите плеќи, а не уплашени креатури кои својата моралност ја базираат на стравот од Бог. Не постои никаков доказ дека религиозните луѓе се поморални од атеистите, историјата забележала атеисти со исклучителни морални вредности. Барух Спиноза и Вилијам Џемјс, основачот на прагматизмот се првите кои ми доаѓаат на памет. Што е поентата? Едноставно тоа дека за остварување на тие овосветовни, надворешни идеали, религиозноста на кандидатите не е потребна, напротив претставува терет за носење.

Вториот аргумент, кој се однесува на внатрешниот аспект на Масонеријата, која претставува рамка и помош на човечката потрага кон Бог. Зидарски од тој аспект вели, а што би барал атеист во Масонеријата? Јас би запрашал, а што би барал религиозен човек во Масонеријата?

Каде е проблемот? Масонската езотерија страда од истата болка од која страдаат сите езотериски учења кои тврдат дека се дел од некоја монотеистичка религија. Во тие религии, никаде не се споменува или бара од верникот езотериска пракса. Библијата вели, не убивај, не кради, не блудничи, а не вели инвоцирај, врши ритуали, занимавај се со алхемија. Монотеистичките религии во својата суштина се откриени религии. Се ви е таму напишано. Единствената пракса која се бара од верникот се моралното поведение, верата, молитвата и понекогаш постот. Религијата е отворена за сите, нема потреба од езотериска пракса. Оние кои сметаат дека е потребна таква пракса, а се декларираат како припадници на таа религија, всушност веруваат дека светити списи на таа религија се тајна која треба да се дешифрира. Тие сметаат дека контактот со Бог е ексклузивитет за оној кој ќе се занимава со езотериската пракса. НЕ ПОСТОИ ниту една реченица во ниту една света книга која би укажувала на такво нешто. Библијата вели, Блажени да се сиромашните по дух зашто нивно и царството небесно, не вели Блажени да се практикантите на езотерија, зошто нивно е царството небесно...

Јас не ја сметам за нелигитимна желбата на некој да се обиде да дојде до Бог преку езотериска пракса. Така не ја сметам ниту една таква пракса за погрешна, се разбира се додека не му наштети на некое друг човек. Од тој аспект, сметам дека е легитимна и Масонската езотериска пракса. Меѓутоа барањето кандидатот да биде религиозен, и тоа да верува во монотеистички Бог кој наградува и казнува, го сметам за хипокризија, затоа што се коси со двата аспекти на Масонеријата кои ги наведов...
 
Член од
8 декември 2010
Мислења
511
Поени од реакции
131
potrebni mi se filmovi za masonite koi mozi da se svati nivnata funkcija rabotenje itn cekam......
 

El Bohemio

Silver Gate
Член од
6 јули 2009
Мислења
1.058
Поени од реакции
943

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.043
Поени од реакции
83.485
Овие идеали се всушност истите идеали на Волтер и просветителството, на кои Масонеријата не може да полага никаков ексклузивитет. Меѓутоа, тешко е да се увиди како овие идеали имаат врска со религиозноста и како религиозниот човек би се залагал за нив. Напротив, организираните религии се најчесто најголемата препрека за остварувањето на овие идеали. Моралноста на еден човек која се базира на страв од казната, е морално победна од моралноста на која човек ја базира на едноставниот Сократовски постулат дека разумното = доброто. Токму таквите луѓе се способни да ги изнесаат овие идеали на своите плеќи, а не уплашени креатури кои својата моралност ја базираат на стравот од Бог. Не постои никаков доказ дека религиозните луѓе се поморални од атеистите, историјата забележала атеисти со исклучителни морални вредности. Барух Спиноза и Вилијам Џемјс, основачот на прагматизмот се првите кои ми доаѓаат на памет. Што е поентата? Едноставно тоа дека за остварување на тие овосветовни, надворешни идеали, религиозноста на кандидатите не е потребна, напротив претставува терет за носење.
Твоите приговори се темелат на погрешни основи (или по благо кажано на основи кои се недокажани, а ти ги земаш здраво за готово)

- една од нив:
Тврдиш дека моралноста на верниците се базира врз страв од казна, а моралноста на неверниците се базира врз некакво прифаќање на сократовскиот постулат. Од тука тргнуваш, и врз оваа основа (погрешна, според мене) постепено ги создаваш твоите приговори.
Многу слично на авторите на Хирамовиот Клуч.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Твоите приговори се темелат на погрешни основи (или по благо кажано на основи кои се недокажани, а ти ги земаш здраво за готово)

- една од нив:
Тврдиш дека моралноста на верниците се базира врз страв од казна, а моралноста на неверниците се базира врз некакво прифаќање на сократовскиот постулат. Од тука тргнуваш, и врз оваа основа (погрешна, според мене) постепено ги создаваш твоите приговори.
Многу слично на авторите на Хирамовиот Клуч.
Јас мислев дека ќе имаш повеќе приговори на вториот дел од постот, околу езотеријата.

Дека моралноста на атеистите се базира на разумот, навистина не гледам што е тука спорно. Еден морален атеист, врз основа на разумски препоставки, дека доброто е всушност успешното функционирање на заедницата, како во Држава на Платон, ИЗБИРА да се однесува морално, затоа што тоа е во сеопшт интерес.

Дека во светите книги на христијанството Бог им се заканува на верниците со казна ако не бидат морални, не гледам што е и тука спорно...
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.043
Поени од реакции
83.485
^ Да. Затоа само се задржав на првото по ред, па напишав : "-една од нив:"
Не сакам да навлегувам, затоа што полека ќе отидеме накај off-topic философски муабети. Се надевам дека некој Масон ќе се појави да ти одговори во контекст на нивното учење, традиција...
 
Член од
13 септември 2009
Мислења
287
Поени од реакции
110
три книги и начитан си за нив: Света Крв, Свети Грал Ли Бејџент и нез таму кои беа
Хирамовиот Клуч од Роберт Ломас и Кристофер Најт и Вториот месија исто од нив. ;)
 

MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
Нема многу да прашувам, ниту да зборувам околу тоа што е масонеријата, слободното ѕидарство, ритуалите, членството, историјатот, религиозноста и сл и сл.. Веќе е кажано доволно, и излишно е да се коментира и докажува во тој поглед....

Имам само едно прашање до оние што овде се декларираат како масони (за што верувам дека се), „Дали сметате дека масонеријата - масонството, како еден од начините на групирање на „општествената свест“ - луѓето, а заради остварување на одредена цел, станува (а можеби и веќе е) излишна и непотребна како таква?“

Да појаснам само на кратко, затоа што сметам дека во тука лежи и суштината на причината зошто масонеријата е создадена како таква, а за што и ден денес поради одредени, внатрешни и надворешни фактори, „ги бие лош глас“. Треба да сфатиме дека масонеријата или масонсвото, се ништо друго, туку резултат на религиозната апатија на доцниот среден век, па оттука како начин за да се најде излез од таа апатија, луѓето тогаш, како и денес почнале да ги формираат првите организации или друштва или, шо знам, како сакате наречете ги, за да го кумулираат, споделат и задржат она знаење кое што го стекнале, сакале да го стекнат и да го споделат со некој, а при тоа да не биле запалени на клада, ставени на гилотина, анатемисани или шо знам, ваљда и набиени на колец. (Ко шо глеам и денес истото го има, само у поинаква форма) ...
--- надополнето: Sep 29, 2011 10:23 AM ---
три книги и начитан си за нив: Света Крв, Свети Грал Ли Бејџент и нез таму кои беа
Хирамовиот Клуч од Роберт Ломас и Кристофер Најт и Вториот месија исто од нив. ;)
Иначе и ова е добра книга - Масоните во Југославија - Михајло Поповски...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom