Денеска гледам на вестиве - во Бугарија се случува братоубиствена војна
Да се вратам на темата. Сета фалшива Бугарска пропаганда се базира на тезата дека имало доселување на некакви си Словени на Балканот, поточно на Јужниот Балкан, а таа теза стои на мноооогу стаклени нозе. И според тоа, денешната Бугарска нација е мешавина од Словени, Траки и Бугари (Турко-татарски Бугари). Притоа на секој можен начин се обидуваат да го избегнат и најмалото споменување на Македонци (
а имало Македонци кои после II Св. Војна, кога веќе постоела Македонска држава, се исселиле во Бугарија, - па каде е нивниот придонес во оформувањето на Бугарската нација?). Да се вратам, - и оние Словени (кои упорно ги есапите) и Траки се - Македонци
и тоа никој не може да го негира и промени! Вие во обид никако да не се спомене Македонски народ ги броите нив како Словени и Траки и всушност правите исто нешто како да кажете дека денешната Бугарска нација е составена од Мариовци и Скопјани помешани со (еве нека ви биде) Пра-Бугари.
Јас знам каде лежи вашата болка (и Грчката воедно). Ако признаете дека постои Македонска нација во континуитет од искон до денес, сиот ваш лажен и зашеќерен свет изграден врз темели од магла - ќе се сруши...
Вистина е дека крадецот не може спокоен да биде никогаш во страв (не од совест) да не му го одземат украденото, додека оној кој својот имот го заработил на чесен начин не се плаши да не му го одземат имотот, затоа што знае како истиот повторно да го спечали... Ако Бугарија и Грција го изгубат украденото, свесни се дека никогаш повторно нема да го имаат (освен привремено и со сила) - затоа се сите овие акробации што ги прават во историјата и археологијата.