Просечна плата

  • Креатор на темата Креатор на темата de_crecy
  • Време на започнување Време на започнување
Па нели забранија ракија. Во некои подрачја од Македонија целото производство останува за домашна употреба ;)
Па неможе да знае дали го продавам или не.По скопскиве населби (по селски населби) староседелците чуваат крави по дома и како може да знаат дали не го даваат и на комшии и на некои други луѓе т.е да го продаваат и на нив освен на млекара?Никој не плаќа даноци и глупости за тие работи а се праи пазар на црно за вакви работи многу
 
Невозможно е да се регулира, колку и да се настојува. Сепак, не е тоа што ја труе нашата економија :) Things are bigger than that
 
За себе или за продажба?
За себе може и да се труе, но тој го продавал, а тоа е забрането без соодветни дозволи.

И после имајте трето дете, е со кои пари? Повеќето од луѓето се стечајци, технолошки вишоци, работат во фабрики - зимаат минималец... Системот се тресе и не гледам излез. Секој обид за заработувачка е саботиран.
Просечно семејство не може да живее ни со 30000 илјади.
Јас живеам под кирија со партнер, невработена сум, киријата е висока, сметките се високи, храната е скапа и нормално трошиме повеќе од колку што заработуваме.

Инаку, кога сме кај сопствено производство, имаше еден тип од Куманово на кој му светнаа кривична пошо произведувал масло за јадење :)
Вчера запознав еден човек (на кој не би му ја открил професијата, но не е директор на фабрика или политичар, просечен човек со отприлика просечни македонски примања-дали има плус приходи...којзнае, обичен човек нешто помлад од мене) кој има 5 деца...типот ме воодушеви кој ентузијазам го имаше. И да си нерасположен, ќе те дигне на нога...таквите се многу ретки, и со лампа едвам се навоѓаат.
 
Сакам да го запознаам, за да ми даде храброст :) Ја немам во последно време
 
Еее, тие луѓе се како светилници во густа магла
Али биќе боље, ваљда некогаш маглава ќе ја снема :)
 
Само да ве информирам дека просечна плата во Македонија (без административците) изнесува 9 000 денари :)
 
Јак стандард, и народов пак излегуе да гласа...цццццццццццццццццццццццццццццццц
 
според пресметките што ги правеа на тв 12000 е потребно минимум само за исхрана
 
За себе може и да се труе, но тој го продавал, а тоа е забрането без соодветни дозволи.

Вчера запознав еден човек (на кој не би му ја открил професијата, но не е директор на фабрика или политичар, просечен човек со отприлика просечни македонски примања-дали има плус приходи...којзнае, обичен човек нешто помлад од мене) кој има 5 деца...типот ме воодушеви кој ентузијазам го имаше. И да си нерасположен, ќе те дигне на нога...таквите се многу ретки, и со лампа едвам се навоѓаат.
ќе го видам како ќе ги школува тие деца, како ќе им плати свадба, како ќе им помогне за купување стан, куќа, да не праам муабет за кола, и слично... од ентузијазам не се живее
 
ќе го видам како ќе ги школува тие деца, како ќе им плати свадба, како ќе им помогне за купување стан, куќа, да не праам муабет за кола, и слично... од ентузијазам не се живее
Стан/куќа дал со едно или со 3-4 деца од обична просечна плата не можеш ни да заштедиш ни да купиш.
 
Стан/куќа дал со едно или со 3-4 деца од обична просечна плата не можеш ни да заштедиш ни да купиш.

значи пишав да помогне за купување, не реков одма да фукне родителот 60 000 евра за стан, а со просечна плата (зборам 25 000, не 9000), секој родител може, а и обврска му е да обезбеди нешто за детето
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom