Треба малце Росел да си го намали егото и да се спушти на земја. Претера со секојдневното плукање по Лапорта. Ако има некоја лична нетпреливост кон Лапорта,а очигледно има, нека си ја реши лично, а не да збори цело време во има на клубот и со тоа да го оцрнува човекот што ја крена високо Барса, човек кој што ја врати Барса таму кај што припаѓа, буквално на секое поле.
Уште кога дојде Росел, почна да се ваќа за некои ситници, како демек Лапорта трошел многу пари од клубот по разни скапи вечери, ручеци, подароци, скапи пури и уште некои банални работи, а заборава дека баш Лапорта е човекот кој му ја остави најсилната екипа во светот, а од друга страна знаеме Лапорта каква Барса начека, како на играчки така и на финансиски план.
Очигледно Росел не сваќа дека со сите тие секојдневни препуцавања по медиумите само може да му наштети на Спортското Друштво Барселона.
П.С: Можам само да кажам БРАВО за потегот на Пеп и неговото бранење, односно неговите убави зборови за Лапорта, кој што ги искажа на пресконференцијата после натпреварот со Атлетико.
