ПОПИС 2011-Ќе се преброиме ли?

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
11 август 2011
Мислења
266
Поени од реакции
169
Да ве предупредам не верувајте на податоците од агрикултурата, оти нашите простички земјоделци се плашат да кажат колку имат за да не им стават данок :tapp:
 

Брокер

Broker of the Year
Член од
25 јули 2009
Мислења
1.227
Поени од реакции
257
Да ја кажам приказната од моја гледна точка, т.е она што го забележав и што го заклучив ќе си го кажам. Не сум ни на страната на ДПМНЕ ни на страната на СДСМ така да зборувам во име на нормален граѓанин. Аплицирав за попишувач уште пролетта кога беше официјалниот конкурс, ги пополнив сите документи и на тестирањето одговорив точно на сите прашања. Во текот на летово многу малку бев во Македонија и не знаев што се случува и како се случува, на 16 од член на ДУИ разбрав дека имало нов конкурс и дека од Скопје им се јавиле и им кажувале да му се јават на нивните членови за да одат и да пополнат нова пријава за новиот конкурс кој траеше 5 дена. Е ЗОШТО ЈАС ИМ ДАДОВ БРОЈ И E-MAIL? Дали им дадов за да ме побараат ако има измени или да треба да се лижам на некој од некоја партија за да ми кажи. Ајде во ред се помирив дека не аплицирав и си викам добро можеби требаше да следам секој ден на web страната на Државниот завод за статистика ( иако не работеше страната цело лето). Пред 2 дена случајно во автобусот седнав до еден познаник кој знам дека е активен во ДПМНЕ ( лепач на плакати ), во текот на патувањето му се јави претседателот на младите на ДПМНЕ и го прашуваше за податоци за да им ги даде во Скопје, јас искрено не разбрав, а и не ме интересираше што зборуваат. После разговорот типот ( високо глуп и неинтелегентен дечко) почна да ми се фали како му се јавиле од партија и му кажале дека го изготвваат списокот за попишувачи и му се јавиле да потврди, исто ми кажа дека негова братучедка која е во комисијата во првиот список не била запишана па после интервенцијата на нашата владеачка партија, по неколк удена извадиле КОРЕГИРАН СПИСОК на кои била таа и уште многу други членови владеачката партија. Исто ми кажуваше како во партијата нивна биле главни и дека списокот од сите од мојот град им го дале во ДПМНЕ, и тие ги означувале оние кои се активни и кои се од нивната партија и тој список го испраќале Скопје.
ЕТЕ КАКО ФУНКЦИОНИРА НАШАТА ДРЖАВА
Пак сакам да споменам немам ништо против ни една партија, знам дека и другата опозициската да беше истото ќе го правеше можеби и полошо ( ако воопшто може полошо).
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719
Да ве предупредам не верувајте на податоците од агрикултурата, оти нашите простички земјоделци се плашат да кажат колку имат за да не им стават данок :tapp:
Простите земјоделци веќе не можат да скријат ниту еден денар, за разлика од да речеме образованите трговците со фискални каси.
Инаку податоците од пописот се најблиску до вистината за разлика од разните статистички служби.
 
Член од
11 август 2011
Мислења
266
Поени од реакции
169
Простите земјоделци веќе не можат да скријат ниту еден денар, за разлика од да речеме образованите трговците со фискални каси.
Инаку податоците од пописот се најблиску до вистината за разлика од разните статистички служби.
Ама финтата е што нема да ги оданочат, има други процедури за оданочување. А трговците ни господ не знае како ја одредуват цената.
Инаку оваа зима незнам колку земјоделци ќе ни умрат од глад.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Извадија ли список? Хаос било по штабовите, се надевам некој од форумов не се угушил у нечиј задник. Ќе ги провериме по име презиме и активност на форум за време на попишувањето, само колку да се потврди чии активисти роварат по форуми.
Фино би било да се обелоденат.
 
S

Sagan

Гостин
Страшно е ова што се дешава со попишувачите... Мораат кутрите да молат да се најдат на листа, иако условот “член на партија“ веќе го исполнуваат. Па бркаат врски, ветуваат ручеци... За греота, да земат некое денарче.

До кај стигнавме, без амин од партијата да не смееш у веце да идеш...
 
Член од
20 декември 2008
Мислења
593
Поени од реакции
1.192
Колку само наместени се попишувачите ццц... има уште 2 дена до пописот, а уште нема листи на попишувачи. Кога обуки ова она?... значи ми се сере од вакви партиски упикувања
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Страшно е ова што се дешава со попишувачите... Мораат кутрите да молат да се најдат на листа, иако условот “член на партија“ веќе го исполнуваат. Па бркаат врски, ветуваат ручеци... За греота, да земат некое денарче.

До кај стигнавме, без амин од партијата да не смееш у веце да идеш...
Условот е да бидеш граѓанин со високо образование. Но кога веќе сакаат да си играат демократија има акција која многу ми се допадна. Списокот мора да испадне во јавност кој ќе попишува, заедно со списоците од штабови (кој лесно се земаат) јавно ќе биде обелоденето (може и фб слики да се стават) кој се влегол на списокот.
Оваа постапка може да се спроведе и при прием во државна и јавна администрација бидејќи мора да добиеш известување кој кандидат е примен.
Со јавната гилотина ќе се помогне во намалувањето на полтроните во електронските медиуми кој ја креираат мислата на мнозинството. Така да убаво би било да видиме кој е и каде е член, што пишувал и колку пари земал за тоа (индиректни). Потоа е лесно да се пронајде никот под кој пишува и твори.
 
S

Sagan

Гостин
Нели е потребно четврти степен?

И ова со јавното изнесување на податоците, нели е казниво?
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
А нели е казниво вака да не млатат како ние од Бардовци да сме?
Јавно доставуваат список, списоците во штабови се јавни кога партиите си влечат веш на телевизија кој во која година бил во која партија. И јавно само ги спојуваш име со име. Нема никаков криминал, двата списока се од јавен карактер.
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.395
Поени од реакции
16.622
Условот е да бидеш граѓанин со високо образование.
Не знаев дека ова е услов за да бидеш попишувач.
Инаку кои глупости се дешаваат не ми се верува, сите списоци се излезени само тие за попишувачи ги нема.
Ќе се калкулира до последен момент по се изгледа :D
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Не знаев дека ова е услов за да бидеш попишувач.
Инаку кои глупости се дешаваат не ми се верува, сите списоци се излезени само тие за попишувачи ги нема.
Ќе се калкулира до последен момент по се изгледа :D
Имаш за комисии, за обучувачи и попишувачи. Со средно се попишувачите. Но во сите три групи има колеж за влез.
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.395
Поени од реакции
16.622
Имаш за комисии, за обучувачи и попишувачи. Со средно се попишувачите. Но во сите три групи има колеж за влез.
Затоа се подразмислив, зашо ко шо јас знам не беше потребно ВСС за реонски попишувач. Инаку излегоа списоците за комисии и за инструктори, ги нема уште тие за попишувачи. A страната од ДЗС пишува дека листите ќе се објават денес и во текот на ноќта.
Можам да замислам кои притисоци се вршат сега.
 
H

HITCH

Гостин
Извадија ли список? .
Види кој мајтап... Список нема за попишувачите, ама има каде ќе биде обуката за попишувачите кои се вработени во јавната администрација. :pos: Клик.

Пописов почнува да станува се` поинтересен, а имаа толку многу време да се средат, од април до сега. Како ли не им е срам?! Која збрка!
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Интересен спот и повик за попишуване во РМ.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom