Боди, колку кажувам зависи од тоа колку ти разбираш.
Исус во каква состојба бил, не ме интересира, но кажал паметно нешто.
Јас се сомневам и во самото сомневање момче
Јас се сомневам дека дека ти воопшто и постоиш... Но сомнежот е меч со 2^n острици
но добро се снаоѓам овие 35 години со него.
Никој не лаже од нив, само прикрива
Има разлика...
И има разлика од прикривање и твоите исецкани реченици кои навидум нудат нешто надсвесно... кој збор, надсвесно
Не ти ни барам да ми докажуваш твои искуства, доволно е да покажеш
Толку е марифетот!
Јас сум го цитирал, го цитирам и ќе го цитирам Законот, во секоја можна пригода кога треба да поправам некој надуван паун што мисли дека се просветлил и дели наркомански исецкани реченици како резултат на тоа просветлување. А и морам така, бидејќи ти како непознавач на Законот, мора да ти кажам дека:
„и на секој маж и жена што ќе ги сретнеш, дури и само да јадеш или пиеш со нив, Закон е да се даде. Тогаш тие ќе имаат можност да бидат во тоа блаженство или не; без оглед. Стори го тоа бргу!“ - Liber Al, поглавје III, стих 39
За да го коментираш Законот, научи го, применувај го... и надмини го ако ти е тоа волја.
И знам дека ти е ок да ме напаѓаш, но тоа е... не примаш критики, а ми велиш си прогледал. Да си прогледал, но крени ја главата нагоре, не зјапај во земјата. Да ти се исплати прогледувањето
P.S. Онака едно прашање, што имаш ти лично против источната филозофија?
Јас немам ништо против источната школа. Имам против занесени кои дрдорат беспрекорно долго а разбираат малку.
Инаку истото ме праша и друг член на форумот, културно во пп.
И пак ти не си ова ти не си она. По што заклучи? Дали ти воопшто ме разбираш и ми ги читаш ставовите на форумов, или веднаш си градиш бариера ако некој не се согласува со тебе?
Тебе ништо не те интересира освен да се правиш овде „просветлен“ полн со искуство за светлината, за еден куп набилдани метафизички именки.
Благодарам, јас си го бистрам умот на старомоден начин, кој постои многу пред да се појави youtube и сличните new age срања за брзо простветлување на неуки и исфрустрирани дечишта!
П.С. И мислам дека одиш сега на игноре, доволно ќе има кога некој ќе помине овде да бидеш уште една причина луѓето да биваат атеисти и далеку од твоите патишта... Твоите дрдорења ми се напотребни и бесцелни... Многу „мудрост“ затоа...
П.П.С. И ова ќе да ти е долго но... имам што да кажам, имам време за да го кажам и зошто да не