Припадник на полицијата претепал момче до смрт! - ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ПОЛИЦИСКАТА БРУТАЛНОСТ

  • Креатор на темата Креатор на темата Zaphod Beeblebrox
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
ni poveke ni pomalku odgovor na ., P.S vo postot na., princezata od evil
Се пронајде во п.с.-то бе шутрак? :icon_lol:
Доколку имаше барем една виуга, ќе сфатеше од прва. Ајт терај си работа, не ми го троши времето.
 
a veruvam deka ti super spiesh dobro potkovana ., a vamu odnapred napagjash neznaejki dali nekoj voopshto i ke ti kontrira ama ti za sekoj sluchaj ushte vo start gi ., etiketirash kako zlikovci i plateni od vlasta ., a ti od kogo si platena ., spored vremeto ., ., .koe e pari ...taka barem se veli ., kojznae olku imazh do sega zaraboteno ., i se prashuvam za kogo rabotish., za dobroto na semejstvoto ., vo tragedija sigurno ne ., samo po sebe se nametnuva rabotish ., iskluchivo za svoi lichni interesi..............
таа е платена од нашите јужни соседи, затоа толку ги брани и не убедуваше дека они не биле толку лош народ, дека биле слични на нас...така нешто мислам беше
 
таа е платена од нашите јужни соседи, затоа толку ги брани и не убедуваше дека они не биле толку лош народ, дека биле слични на нас...така нешто мислам беше

А ти од кој си платен ?
 
таа е платена од нашите јужни соседи, затоа толку ги брани и не убедуваше дека они не биле толку лош народ, дека биле слични на нас...така нешто мислам беше
:pos::pos::pos:
 
јас сум самофинансиран :P

Да беше немаше параноично да налетуваш на секој пост и да бараш предавници. Се сеќавате ли дека скренувате од паметот или уште не ви е јасно?
 
Везилка., прва опомена пред бан. Контролирај се во иднина.
Ако не можеш да го издржиш притисокот од дискусијата, подобро не дискутирај.
 
Скопје, 28 септември 2011г.​

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА​
ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРОТЕСТ

Почитувани,
Ние, активистите на граѓанското движење против полициската бруталност, се приклучуваме на повикот за протест упатен до јавноста, вчера, од страна на семејството на трагично загинатиот Мартин Нешкоски.

Движењето против полициската бруталност ги повикува на мирен протест сите граѓани на Република Македонија, без разлика на нивната расна, верска или национална припадност.
Помина подолг период, а нашиот глас сеуште не е слушнат од надлежните органи и институции на системот. Повремено слушаме информации кои само дополнително го зголемуваат нашиот револт и гнев! Затоа, ги повикуваме сите граѓани на оваа држава кои ја делат нашата кауза и се против полициската бруталност и насилие во овие 20 години, сите заедно да излеземе на протестен марш на улиците на Скопје. Ние сеуште сме овде и овој пат сме многу погласни!
Во четврток 29 септември ‘11 г. сите заеднички да протестираме против нефункционирањето на институциите на системот, против непревземањето на одговорност. Да протестираме против бруталноста и полициското насилие кое непрекинато го чувствуваме во нашата држава, сиот овој изминат период.
Ве информираме дека зборното место на протестниот марш е на истата локација, спомен-куќата на Мајка Тереза, во 17 часот.
Ве повикуваме сите Вас, без разлика на вашата возраст и која било припадност, овој пат што помасовно да излезете од вашите домови и покажете колку ви пречи кога полицијата е брутална, кога полицијата неоправдано тепа, а никој не превзема одговорност! Дојдете со нас! Помогнете ни во остварувањето на нашата заедничка цел, и реализирањето на барањата упатени до државните органи. Да го искажеме нашиот револт!

Не за полициската бруталност!
Доста беше молк! Бараме правда! Бараме одговорност! Бараме одговори!

Со почит,
Граѓанско движење против полициската бруталност
 
Ајде само како мало потсетување:
Ноќта помеѓу 5ти и 6ти јуни, најточно во раните утрински часови во 00:20 на 6ти, беше брутално убиено лице на плоштадот во Скопје. До вечерта на 6ти, по повеќе од 16 часа, никој ништо не пренесе. На twitter (секоја чест) почна да се шири информација за убиство на момче по име Даниел и тоа благодарение на некој дечко од Ѓорче, што мислел дека момчето е негов другар, во спротивно, никогаш ништо немаше да дознаеме. Како револт од таквото заташкување, млади луѓе спонтано почнаа да се собираат за да бараат одговори. Секако, и до крајот на тој ден ништо не беше кажано. За дури следниот ден, 7ми јуни да излезе потпаролот на МВР да каже дека на плоштад ништо не се случило o_O, после неколку часа дека некое лице умрело „од онака“, па на крај, дури во 17:00 часот да каже дека се случило убиство, ама МВР ништо не знаат :tapp:. За после во 18:00 да отиде осомничениот и самиот да се пријави. Значи се работи за повеќе од 40 часа заташкување и најбезобразно манипулирање со јавноста.
Само да спомнам дека на плоштад има минимум 4 камери, и „нормално“ нели не работеле, пошто во период од минимум 40 часа, имаш баааааги време да направиш тоа што е потребно.
20 години трпиме, уште колку ќе трпиме?
Поздрав, се гледаме во 17:00.

п.с. од неофицијални информации, истрагата е завршена, обвинителот е на потег.
 
Најбедно од целата оваа работа е тоа што има луѓе што сепак го оправдуваат убиствово, само незнам дали имаат истите тие совест. .

Што да кажам де,ете видовме дека во грција има критична маса има ИНТЕЛЕКТУАЛЦИ и СТУДЕНТИ(не башибозук ко кај нас) па се реагира,инаку се врти шпекулација дека наводно специјалецот бил нарко дилер-очигледнно партизацијата делумно ја уништи МВР но ПОВТОРУВАМ не дозволувајте ова да даде грешна слика за МВР бидејќи стварно има професионалци,луѓе посветени на работата и се надевам ќе го решат случајот.

Па утре недај Боже може на нивно дете да се случи ова! Кармата е опасна работа, 1000 и кусур луѓе на фејсбук зачленети во групата Поддршка за Игор Спасов (поддршка за убиец еј!), незнам каде ќе им одат душите на тие луѓе..

Пардон малоумни Идиоти.
--- надополнето: Sep 30, 2011 12:31 PM ---
Професионалците во МВР ќе покажат дека се професионалци, во моментот кога целосно ќе го расчистат случајот.

Како што напишав се надевам дека ќе го решат случајот.
--- надополнето: Sep 30, 2011 12:34 PM ---
Нема врска со бина случајов, не е толку наивна работата. Само чим семејството не сака да го отвори случајот до крај и тактизира, многу веројатно никогаш и нема да се реши целосно.

Токму тоа е сомнително,наводно убиеното момче му должело пари на дилерот кој е срам за униформата која ја носел па затоа и семејството молчи-така шпекулираат колку е ова точно не можам да гарантирам.
--- надополнето: Sep 30, 2011 1:14 PM ---
Расветлување асално нема да има.
Доволно беше само шо се здрмаа дека вакво нешто втор пат нема да помине.

Ама ќе треба пак протести за маалскине фраери да не им се дава пиштол и значка...

Јас лично сум немал проблем ама факт е дека ангажираа дивјаци некомпетенти посебно кај алфите(обичните полицајци се ОК) кои често вршат рекет,тепаат и тоа организирано и одмазнички не знам дали се сеќавате но на младост 30-сеттина алфи маскирани претепаа едно момче.
--- надополнето: Sep 30, 2011 1:17 PM ---
Не мислите ли дека во оваа држава некако брзо се заборави на ова убиство, како ништо да не се случило...ништо не се зборува околу ова срам да и е на оваа власт

Се нема морал и политичка одговорност како од министерката така и од најблиските до неа-ги промашиле предавањата етика.
--- надополнето: Sep 30, 2011 1:21 PM ---
Не е проблем, знаеме дека сте школа на латас, терајте и само пред штаб дремете, а тоа во главата прашина нека фаќа.
.

Ми се зборави во стомакот,ма не го спомнувајте тој НЕ ВРЕДАТ грам калориите кои ќе ги потрошите куцајќи и ДА не заборавам-ЛАТАС НЕ Е НОВИНАР туку ЛИЖИГЗ.
 
Инфо некое како помина протестот?
Во најдобар ред, без никакви проблеми, по претходното утврдената рута.
Александар Нешковски, братот на Мартин, кој повика на протест, беше задоволен.
Движењето против полициска бруталност продолжува со активности за промени на регулативата, истовремено ќе се следи судскиот процес против осомничениот.
 
Луѓе НЕМА ЕФЕКТ мислам барањата за цивилна контрола нема шанси да бидат исполнети само со марширање бидејќи така МВР во права смисла на зборот ќе функционира законски,а судскиот процес е добро режиран за да се оттргне вниманието од вистинскиот проблем-реформи во МВР и повторна проверка на кадарот и отстранување на багабонтите партиски.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom