Припадник на полицијата претепал момче до смрт! - ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ПОЛИЦИСКАТА БРУТАЛНОСТ

Статус
Затворена за нови мислења.

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.997
Поени од реакции
45.428
Немојте да дозволите ексцеси од ваков тип да ви ја прикажат нормално полицијата бидејќи има професионалци кои се посветени на работата-СРАМОТА Е МВР да се омаловажува и деградира пред граѓаните токму поради еден случај кој за жал знаеме како заврши..
Знаеш што е срамота ?

Кога врвот на тоа Министерство заташкува убиство, срамота е да пуштиш приказна дека некој се удавил во кофа со вода, или дека ''немаш информација'' во 3 часот попладне за убиство кое било извршено во срцето на градот во близина на премиерот на државата, неколку минути по полноќ ако не се лажам, а си потпарол на тоа министерство, срамота е што Алексеј Дума во 13 часот дента ги известил МВР за причините за смртта на детето ( чим ги известил за причините за смртта, значи одамна е познато дека некој на Плоштад умрел ) а Иво 2 часа подоцна излага со интервју пред медиумите дека не слушнал за таков случај, срамота е што дозволија пола ден луѓево од Твитер и Фејсбук да дознаваат детали за убиството и да шпекулираат а со тоа да протече погрешно инфо за некое дете од Ѓорче, срамота е што Иво Котевски недела дена потоа ( и повеќе може имаше ) гостува на МТВ и ги критикува луѓето што пишувале на Твитер и Фејсбук, истите тие од кои всушност медиумите дознаа дека некој на плоштад бил убиен по што почна да се одмотува клопчето.

Ова не е екцес, екцес е да се употреби прекумерна сила кога се апси некој, или кога се тепаат без потреба навивачи, ова е многу повеќе од еден екцес '' кој може да си го дозволи '' оваа институција и истиот да помине незабележано од медиумите и народот, се работи за брутално убиено дете на плоштадот '' Македонија '', срцето на главниот град на оваа земја, кое според очевидци при тепањето молело за доста, односно, молело за својот живот. И по тоа брутално убиство, убиецот си заминал дома, телото било преместено од лица кои работат во МВР што е такоџе недозволив акт за кој буквално НИШТО не е превземено 3-4 месеци по убиството, и од тој момент, до ден денешен се работи да тоа убиство се заташка, прво го криеа, па откако излегоа нештата на површина, манипулираа и лажеа, којзнае колку регулативи се заобиколени и прекршени при тој процес.
 
T

Tetro

Гостин
Немојте да дозволите ексцеси од ваков тип да ви ја прикажат нормално полицијата бидејќи има професионалци кои се посветени на работата-СРАМОТА Е МВР да се омаловажува и деградира пред граѓаните токму поради еден случај кој за жал знаеме како заврши..
Баш од тие професионалци... вистинските, тие кои треба да сносат одговорност потфрлија.

Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
Или родителите земале пари за да не го форсираат случајот и се најголемите безрбетници
Или втора опција некој им се заканува поточно МВР по моја предпоставка
Притисоци сигурно има, но сепак се работи за сопствено дете, незнам зошто воопшто некој размислува за притисоците. Дали зеле пари незнам, но слушам (не можам да тврдам со сигурност) дека деновиве семејството разговарало со емисари на власта. За мене семејството ќе биде искрено кога сите детали за случајот, што сега ги дели по некои новинари (не за да ги презентираат) и политичари ќе ги презентира во јавност. Мислам дека сеуште ја немаат кажано причината поради која Спасов го бркал Нешковски.
 
Член од
14 април 2006
Мислења
116
Поени од реакции
43
се сложувам и дека никогаш не сме имале полоша полиција и полошо судство

1 пример фаќам во двор како ми крадат добивам кривична пријава за напаѓање на лице на лице со употреба на сила и ладно оружје ( безбол палица )
2 јас сум тој што повика полиција и што чување еден од крадците да го предаде на полицијата
3 то дворот кој има 3 метра џзидови не бил приватна сопственост него јавна површина поради тоа што дворо бил на видно поле покрај 3 те мтера џидови
4 то јас неможам да поднесам тужба порад итоа што не ми даваат ничиво име и презиме од тие 10 души што е против сите закони да ти го одземат правото да поднесеш тужба
 
M

Moon Child

Гостин
Најбедно од целата оваа работа е тоа што има луѓе што сепак го оправдуваат убиствово, само незнам дали имаат истите тие совест. Па утре недај Боже може на нивно дете да се случи ова! Кармата е опасна работа, 1000 и кусур луѓе на фејсбук зачленети во групата Поддршка за Игор Спасов (поддршка за убиец еј!), незнам каде ќе им одат душите на тие луѓе...
Незнам дали постои истата група поддршка за Игор Спасов, но постоеше долго време, за разлика од групите и настаните кои повикуваа на протест и ги снемуваше со брзина на светлината.
Патем, ако не е таа група, постои друга за да го покаже и докаже безрбетлукот на Македонштината.
http://www.facebook.com/group.php?gid=89400624527

Едит, ја најдов групата, членовите во неа сеуште се активни и даваат поддршка...
http://www.facebook.com/groups/igorspasov/
 
Член од
27 јули 2011
Мислења
216
Поени од реакции
94
Не мислите ли дека во оваа држава некако брзо се заборави на ова убиство, како ништо да не се случило...ништо не се зборува околу ова срам да и е на оваа власт
 
Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
4.099
Поени од реакции
9.424
А џандарот каде е моментално, во затвор? Или на слобода?
 
LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
"да живееме во диктатура каде што овие што се на власт се вејќе 30 години, и нема избори каде што народот може да гласа"
Истите се веќе 20 години ако не си приметил.
Имаме уште 10 па може да дигнеме револуција и да очекуваме интервенција од НАТО...

Он д кејс...
Шознам, како поминува времето се повеќе си мислам дека тие 4000 и кусур луѓе кои излеговме на протести треба да си пукаме у глава оти очигледно случајот никогаш нема да биде расветлен.
 
burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Истите се веќе 20 години ако не си приметил.
Имаме уште 10 па може да дигнеме револуција и да очекуваме интервенција од НАТО...

Он д кејс...
Шознам, како поминува времето се повеќе си мислам дека тие 4000 и кусур луѓе кои излеговме на протести треба да си пукаме у глава оти очигледно случајот никогаш нема да биде расветлен.
Расветлување асално нема да има.
Доволно беше само шо се здрмаа дека вакво нешто втор пат нема да помине.

Ама ќе треба пак протести за маалскине фраери да не им се дава пиштол и значка...
 
Член од
14 април 2006
Мислења
116
Поени од реакции
43
Држава без револуција и без бесење на политичари државни чиновници не успеала ( и од страна на позиција и од страна на опозиција сите што заслушуваат ) тоа е моиќта на народот а не само да се собираме за славење и кога ни е убаво треба да сме посложни кога нешто не ни се допаѓа нешто е неправедно
 
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.824
Поени од реакции
6.093
Ок, не можам и не сакам да изнесувам детали, ама јас ви тврдам дека барем ние што останавме, ние, од кои е составено движењето ПРОТИВ ПОЛИЦИСКА БРУТАЛНОСТ не сме заборавиле, и никогаш нема да заборавиме. Како и да ви звучи на вас, ние редовно имаме состаноци, имаме и правна група, се прави се‘ што може да се направи во ваква ситуација кога ти дишат неандерталци во телефон. Брат му на Мартин често доаѓа со нас, и редовно сме во контакт, и не знам какви луѓе погоре што прочитав можат такви дезинформации и спинови да пуштаат. Не е проблем, знаеме дека сте школа на латас, терајте и само пред штаб дремете, а тоа во главата прашина нека фаќа.
Нашата цел е иста уште од почетокот, не не интересира кој од каде доаѓа, ако ја сака заедничката цел, е секогаш добредојден. Само за компарација, пошто гледам голем дел мислат дека така едноставно одат вакви работи, вакво движење во САД се појавило во ‘50тите години на 20-тиот век, а успеало да ги оствари своите барања во ‘90тите. Значи вакви промени не може да се случат туку така преку ноќ, не сфакам како го замислувате тоа? Гордана да признае и одма власта да го смени законот, да состави независно тело, и уште десетици барања? Па дај ви се молам, тоа е долготраен процес, за наша среќа веќе отпочнат.

п.с. за спинерите, доколку не сте платени за тоа што го правите (и тоа не го разбирам, туку што знам јас), секоја чест како спиете навечер (y), what goes around comes around.
 
M

Moon Child

Гостин
Нови протести поради убиството на младиот Мартин

Младиот Мартин, кој беше свирепо убиен од полициски специјалец, близок до највисокото раководство на власта на прославата на ВМРО ДПМНЕ, по повод победата на парламентарните избори и натаму ќе биде личноста која ќе биде симбол на протестот против бруталноста на полицијата и обидот да се затскрие ова тешко убиство од страна на највисоките функционери во полицијата.
Под мотото "Правда за Мартин", ќе продолжат протестите и во наредниот период.
Братот на Мартин во допис до медиумите изразува задоволство, што по три и пол месеци тактизирање е покренато обвинение против убиецот Игор Спасов.
Александар ги повика сите граѓани, без разлика на вера и националност, да излезат во четврток, 29 септември, во 17 часот пред спомен куќата на Мајка Тереза и уште еднаш сите заедно да упатат апел со кој ќе се побара правда за Мартин.
- Од некои телевизии слушнавме дека се зборува дека Мартин починал од сопнување од кабел и паѓање со лице на плочник. Од повредите и изгледот на Мартин, како што со свои очи видов, јасно е дека смртта не настанала со обично сопнување од кабел. Мартин бил крвнички претепан, а сега некој тоа се обидува да го прикрие. Ние нема да престанеме да бараме правда за Мартин. Позадината на целиот случај мора да излезе на виделина. Тоа е единствениот начин правдата да биде задоволена – вели Александар Нешкоски во дописот до медиумите.

Нешкоски упати повик до сите претставници на политички партии, раководства, функционери и членови на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ, ДПА и сите останати партии да ја заборават својата партиска припадност и да се придружат на протестот како родители, браќа, сестри и обични граѓани се додава во писмото.

sky.mk
 
shutrak

opsenar
Член од
3 јуни 2011
Мислења
37.610
Поени од реакции
31.424
a veruvam deka ti super spiesh dobro potkovana ., a vamu odnapred napagjash neznaejki dali nekoj voopshto i ke ti kontrira ama ti za sekoj sluchaj ushte vo start gi ., etiketirash kako zlikovci i plateni od vlasta ., a ti od kogo si platena ., spored vremeto ., ., .koe e pari ...taka barem se veli ., kojznae olku imazh do sega zaraboteno ., i se prashuvam za kogo rabotish., za dobroto na semejstvoto ., vo tragedija sigurno ne ., samo po sebe se nametnuva rabotish ., iskluchivo za svoi lichni interesi..............
 
Тешко вас ако во се гледате заработувачка. Ако бе, карма...
 
shutrak

opsenar
Член од
3 јуни 2011
Мислења
37.610
Поени од реакции
31.424
Ок, не можам и не сакам да изнесувам детали, ама јас ви тврдам дека барем ние што останавме, ние, од кои е составено движењето ПРОТИВ ПОЛИЦИСКА БРУТАЛНОСТ не сме заборавиле, и никогаш нема да заборавиме. Како и да ви звучи на вас, ние редовно имаме состаноци, имаме и правна група, се прави се‘ што може да се направи во ваква ситуација кога ти дишат неандерталци во телефон. Брат му на Мартин често доаѓа со нас, и редовно сме во контакт, и не знам какви луѓе погоре што прочитав можат такви дезинформации и спинови да пуштаат. Не е проблем, знаеме дека сте школа на латас, терајте и само пред штаб дремете, а тоа во главата прашина нека фаќа.
Нашата цел е иста уште од почетокот, не не интересира кој од каде доаѓа, ако ја сака заедничката цел, е секогаш добредојден. Само за компарација, пошто гледам голем дел мислат дека така едноставно одат вакви работи, вакво движење во САД се појавило во ‘50тите години на 20-тиот век, а успеало да ги оствари своите барања во ‘90тите. Значи вакви промени не може да се случат туку така преку ноќ, не сфакам како го замислувате тоа? Гордана да признае и одма власта да го смени законот, да состави независно тело, и уште десетици барања? Па дај ви се молам, тоа е долготраен процес, за наша среќа веќе отпочнат.

п.с. за спинерите, доколку не сте платени за тоа што го правите (и тоа не го разбирам, туку што знам јас), секоја чест како спиете навечер (y), what goes around comes around.
., poslednata rechenica a neshto vo tesno togash nishto ne znaete ne ste od tuka
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom