Syn
https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
- Член од
- 23 декември 2007
- Мислења
- 30.042
- Поени од реакции
- 45.711
Знаеш што е срамота ?Немојте да дозволите ексцеси од ваков тип да ви ја прикажат нормално полицијата бидејќи има професионалци кои се посветени на работата-СРАМОТА Е МВР да се омаловажува и деградира пред граѓаните токму поради еден случај кој за жал знаеме како заврши..
Кога врвот на тоа Министерство заташкува убиство, срамота е да пуштиш приказна дека некој се удавил во кофа со вода, или дека ''немаш информација'' во 3 часот попладне за убиство кое било извршено во срцето на градот во близина на премиерот на државата, неколку минути по полноќ ако не се лажам, а си потпарол на тоа министерство, срамота е што Алексеј Дума во 13 часот дента ги известил МВР за причините за смртта на детето ( чим ги известил за причините за смртта, значи одамна е познато дека некој на Плоштад умрел ) а Иво 2 часа подоцна излага со интервју пред медиумите дека не слушнал за таков случај, срамота е што дозволија пола ден луѓево од Твитер и Фејсбук да дознаваат детали за убиството и да шпекулираат а со тоа да протече погрешно инфо за некое дете од Ѓорче, срамота е што Иво Котевски недела дена потоа ( и повеќе може имаше ) гостува на МТВ и ги критикува луѓето што пишувале на Твитер и Фејсбук, истите тие од кои всушност медиумите дознаа дека некој на плоштад бил убиен по што почна да се одмотува клопчето.
Ова не е екцес, екцес е да се употреби прекумерна сила кога се апси некој, или кога се тепаат без потреба навивачи, ова е многу повеќе од еден екцес '' кој може да си го дозволи '' оваа институција и истиот да помине незабележано од медиумите и народот, се работи за брутално убиено дете на плоштадот '' Македонија '', срцето на главниот град на оваа земја, кое според очевидци при тепањето молело за доста, односно, молело за својот живот. И по тоа брутално убиство, убиецот си заминал дома, телото било преместено од лица кои работат во МВР што е такоџе недозволив акт за кој буквално НИШТО не е превземено 3-4 месеци по убиството, и од тој момент, до ден денешен се работи да тоа убиство се заташка, прво го криеа, па откако излегоа нештата на површина, манипулираа и лажеа, којзнае колку регулативи се заобиколени и прекршени при тој процес.