Бургер Kинг доаѓа во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
да не си се збркал малку со цената?
burger-king-mkd-02.jpg
 
Еве информација од прва рака - Бургер Кинг-от е во бесцаринската зона, и тоа само ако се лета према Шенген дестинации пошто ретардираните ТАВ ја поделиле бесцаринската зона на Шенген и неШенген, и неможеш да идеш од една према друга.

добро и што тоа значи дообјасни, ние што не сме во Шенген зона ќе плаќаме поевтино или поскапо?

И каде во центар е отворен БК, сакам да пробам похуван кромид и милк шејк колку да направам разлика од тој во Мекдоналдс.:)
 
погледни ги сликите малку подобро и одма ќе ти стане јасно дека не се работи само за сендвич

Абе како што прочитав во весник така пренесувам.Не се гледа најдобро на сликата ама најверојатно се работи за оброк.Ако одбиеш 100ден за кола и помфри се добива сендвич од 244 ден.Нека сподели некој од прва рака инфо. :)
 
во тие 344 денари имаш еден сендвич,помфрит и еден пијалок по избор...
иначе живеам на 30 метри од БК
 
Нормално е на аеродром да е поскапо. Паркингот е таму ко прво изгор, не па ресторантчињава што се внатре. Аеродром е, не доаѓаш секој ден таму :)
 
мора едно да ви е јасно,цените на Бургер Кинг и Мекдоналдс во цел свет се исти,без да се земи стандардот во предвид на таа земја
 
Исто мислам ко Џену, сместен е во делот кај што се лета со Шенген виза, тие што поминуваат од таму шетаат низ цела Европа, што се 400 денари за оброк, странец кога ќе дојде сака проверено, сигурно нема да иде во Вили или 7ца.Во Истанбул на аеродромот е 16 евра, во Виена во сред центар е ~12 евра така да, негде да средина сме со ценава ваљда.
 
мора едно да ви е јасно,цените на Бургер Кинг и Мекдоналдс во цел свет се исти,без да се земи стандардот во предвид на таа земја
демек у странство у Мц има оброк за 1 евро?пошто тука имаш и за 60 денари..:) Иначе дур не отворат у центар не верувам дека некој ке иде да лета само да проба..
 
демек у странство у Мц има оброк за 1 евро?пошто тука имаш и за 60 денари..:) Иначе дур не отворат у центар не верувам дека некој ке иде да лета само да проба..
сигурно дека има,еден Хамбургер кошта 1 евро,Џизбургер 1,20 евра..на 30 метра од мене е Бургер Кинг а на 50 метри Мекдоналдс значи знам што пишувам
 
која држава е ова:)? не ми се верува да е така како што викаш..ете горе има пишано дека се различни цените во виена и во истанбул..
 
Нормално е на аеродром да е поскапо. Паркингот е таму ко прво изгор, не па ресторантчињава што се внатре. Аеродром е, не доаѓаш секој ден таму :)

Да се надополнам на Џену, значи буквално на секој Аеродром ваквите ресторани имаат за 50 % повисоки цени одколку да јадеш на пример у самиот град од истата компанија.
На Аеродромот у Анталија, Вупер сендвич од Бургер Кинг ( хамбургер, сендвич и сок ) беше 9 ипол евра, а во самиот град Анталија 4 ипол евра, буквално идат со 50 посто повисоки цени и тоа е така на сите Аеродроми.
Кај нас на Аеродром ако цената е 6 евра, у Скопје би требало да бите околу 200 / 250 денари сендвичот со сок и помфрит.

Инаку, хамбургериве у БК се доста поголеми од МД.
 
Поголеми од МЦД и повкусни иако се работи за ист "квалитет" најмногу ради тие спрејовите што ги користат да имаат вкус на скара.. И почекајте за два месеци ќе се отвори во центар ресторан сега се во преговори за некоја атрактивна локација вајда на улица Македонија такада таму би требало цените да се попристапни што е реално.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom