Припадник на полицијата претепал момче до смрт! - ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ПОЛИЦИСКАТА БРУТАЛНОСТ

  • Креатор на темата Креатор на темата Zaphod Beeblebrox
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
везилка. општеството во кое живееме сами го креираме и сами кажуваме какво ке биде што ке биде како ке функционира и така натака.. а тоа дека народот владее точно е * проблемот е во тоа што кај нас наротод едноставно кажано го мрзи да искочи на протест за да смени некои работи и секогаш сака да се потпре на некој од власта. не е така ?

Кога народот излезе на плоштад после победата на кошаркарите никој не ги снимаше со камера и никој не ги проверуваше кој се и што се... кога се одвиваа протестите, специјалците снимаа со камера, а после снимките се проверуваа и по список се запишуваше кој се бил на протести.
За протестите луѓето не излегоа не затоа што беа против нив туку затоа што се плашеа да не останат без работа и токму поради тоа протестираа само младите.
 
^ Што ти прави штаб :D
Инаку 95% од граѓаните на државава заборавија на случајов ќе заборават и тие останатите 5% и како ништо да не било убиецот ќе си шета на слобода.
е одма штабови се мешаат :D:D, не кажав ништо лошо, само како што рече Александар стварно е глупо да се рече дека во земјава владее диктатура, кога речиси на секоја година има избори.
 
е одма штабови се мешаат :D:D, не кажав ништо лошо, само како што рече Александар стварно е глупо да се рече дека во земјава владее диктатура, кога речиси на секоја година има избори.

Џабе избори кога има такви што дремат по штабови каде што ги убедуваат дека условите за живот се феноменални а тие па гревови што би рекол БЦ им веруваат :D Народски кажано: додека има овци ќе има и волна.
Него не е за тоа темава сега и да не одиме оф топик зошто ќе не бришат.
Нека излезе правдата на виделина и нека биде казнет специјалецот според законите што чисто сумљам дека ќе биде така али ај да пишам нешто во врска со темава да не бидам оф топик.
 
е одма штабови се мешаат :D:D, не кажав ништо лошо, само како што рече Александар стварно е глупо да се рече дека во земјава владее диктатура, кога речиси на секоја година има избори.
Постои избор и илузија на избор. Прави разлика... ;)
 
везилка. општеството во кое живееме сами го креираме и сами кажуваме какво ке биде што ке биде како ке функционира и така натака.. а тоа дека народот владее точно е * проблемот е во тоа што кај нас наротод едноставно кажано го мрзи да искочи на протест за да смени некои работи и секогаш сака да се потпре на некој од власта. не е така ?
Да ти вратам со еден цитат од еден член погоре:

невероватни фантастични глупави мислења споделувате на форумов
 
Еден од организаторите на протестите, Кирил, доби отказ од АМСМ мислам, ако не се лажам таму работеше ( гледам на Сител секое сабајле известуваше за состојбата на патиштата ), причината веќе позната, продолжуваат активностите во врска со протестите за убиството на Мартин Нешковски, убиство кое институциите на власта се обидоа да го скријат во пакет со сите провладини медиуми кои до ден денес манипулираат во врска со тој случај.

Да, за диктатура не можеме да правиме муабет, не е изводливо тоа да се спроведе денес, али одредени сегменти од тој систем на велико се буткаат во оваа земја ...

Срамота.
 
Ете тоа е тоа што некои членови го нарекуваат диктатура, многу нормално дека не може да има класична диктатура, но има некоја потајана и тоа е сигурно. Пример отказот на Кирил, лошо да не известувал за патиштата случајно ?:tapp:
 
А мене ми беше чудно како камерите од плоштад работеа кога беше славењето за победата над Грција а кога се случи тоа со Мартин - не работеле :ROFLMAO:
 
Немојте да дозволите ексцеси од ваков тип да ви ја прикажат нормално полицијата бидејќи има професионалци кои се посветени на работата-СРАМОТА Е МВР да се омаловажува и деградира пред граѓаните токму поради еден случај кој за жал знаеме како заврши..
 
А мене ми беше чудно како камерите од плоштад работеа кога беше славењето за победата над Грција а кога се случи тоа со Мартин - не работеле :ROFLMAO:

Сличности со оваа феноменална забелешка можат да се пронајдат и во книгата 1984

Како што О"Браен му рече на Винстон Смит:
„Ние ја имаме таа привилегија да ги исклучиме (телекраните)!“

Откако Винстон Смит зачудено гледаше во високиот функционер од потесната партија додека го исклучуваше телекранот (телевизорот) кој снима и регистрира се во просторијата. Такво чудо, во таа дистопија имаа сите. Само, овие обичните, како Винстон, не можеа да го исклучат, нели...
Големиот Брат ги гледаше, барем кога му одговараше. И кога сакаше, секако...

Ех, мој Орвел, па ти си наивен...
 
Немојте да дозволите ексцеси од ваков тип да ви ја прикажат нормално полицијата бидејќи има професионалци кои се посветени на работата-СРАМОТА Е МВР да се омаловажува и деградира пред граѓаните токму поради еден случај кој за жал знаеме како заврши..
Професионалците во МВР ќе покажат дека се професионалци, во моментот кога целосно ќе го расчистат случајот.
 
Немојте да дозволите ексцеси од ваков тип да ви ја прикажат нормално полицијата бидејќи има професионалци кои се посветени на работата-СРАМОТА Е МВР да се омаловажува и деградира пред граѓаните токму поради еден случај кој за жал знаеме како заврши..

Никој не го оспорува тоа, 8374893284901329305434326435436435326365324326423432523 пати е спомнато сево ова во темава, во секоја област ќе најдеш професионалци кои ги бива во тоа што го работат и ќе најдеш фолиранти и малверзанти. Па цело време и по телевизии и весници се збори за лекарите вакви, лекарите онакви а сите ние до еден сме биле на некој лекар од кој сме презадоволни нели?
Работата е што овие вториве треба што помалку да ги има и да се отстрануваат со време а не од кога ќе укашкаат да се бранат.
 
Мое мислење за оваа ситуација да го убиеле на бината каде што сакал да се качи не би требало да има кривец што ке ви се деси да сакате тоа да го направите дур има америчкиот или рускиот премиер говор сигурна смрт но поради тоа што детето било бркано па потоа убиено тоа е више убиство со умисла и треба да си лежи затвор без никакви комплицирани судења може само да добие некој олеснителни околности да не лежи 30 години да лежи 25 години
 
Нема врска со бина случајов, не е толку наивна работата. Само чим семејството не сака да го отвори случајот до крај и тактизира, многу веројатно никогаш и нема да се реши целосно.
 
Нема врска со бина случајов, не е толку наивна работата. Само чим семејството не сака да го отвори случајот до крај и тактизира, многу веројатно никогаш и нема да се реши целосно.

Или родителите земале пари за да не го форсираат случајот и се најголемите безрбетници
Или втора опција некој им се заканува поточно МВР по моја предпоставка
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom