Ова сум го напишал пред 1година и 4 месеци (колку брзо одат деновите, како вчера да беше)
Овие денови излегоа резултатите од пописот во Бугарија , се случи тоа што јас велев , бугарите не се загрозени од турците и ромите.
Според резултатите , на 1 февруари 2011 , Бугарија имала 7.364.570 жители ( - 564.331 во споредба со 2001 година).
Од кои 84.8% се бугари , 8.8% , 4.9% роми ..... 1.654 (илјада шестотини педесет и четири) македонци.
77.5% од етничките бугари живеат во урбани средини.
55.4% од ромите
само 37.7% од турците.
Ако во Бугарија околностите се како во Македонија , тоа би значело дека турците не се добро интегрирани во Бугарија , пошто и во Македонија албанците немале што да бараат по градовите , не можеле да се вработат по државните фабрики и институции.
=
Бугарите се мнозинство во сите дистрикти , освен во Карџали и Разград , каде има мнозинство турци.
Турците освен во овие две дистрикти , живеат и во : Трговиште , Силистра , Шумен , Добрич , Русе , Бургас.
Дистрикти каде има најмногу бугари:
Софиа(град) : 96.4%
Перник : 96.4%
Ќустендил: 92.9%
Враца: 92.7%
Габрово: 92.2%
Над 90% уште и во : Велико Трново , Видин , Ловеч , Плевен , Смолјан.
Дистрикти каде има најмногу турци:
Карџали : 66.2%
Разград 50%
Силистра 36.2%
Трговиште 35.8%
Шумен 30%
Добрич 13.5%
Најмногу роми:
Монтана 12.7%
==
Структура на населението , возраст и етничка припадност:
0-9 (годишна возраст) учествуваат :
бугари: 72.9%
турци: 10.6%
роми: 12%
10-19
бугари 77.2%
турци 11.7%
роми 9.7%
20-29
бугари 81.5%
турци 10.3%
роми 6.8%
60-69
бугари 90.1%
турци 7%
роми 1.8%
Што значи дека бугарите се постари , а ромите најмлади , со големо учество кај младите и ниско кај старите.
Но секако дека далеку се бугарите од било каква опасност да станат малцинство во Бугарија (смешно).
Максимално што можат да паднат бугарите , со овој моментален ритам , е на 73% , но и тоа после 70 години , не во блиска иднина.