Правна помош и совети

slobbo

LoneRyder
Член од
16 ноември 2008
Мислења
1.686
Поени од реакции
583
Имам едно мн опасно прашање?
Нели Македонскиот правосуден систем (како и во сите демократски земји) се темели на презумпција на невиност (или како и да се вика) а колку што јас како лаик за право се разбирам значи дека секој е невин додека не се докаже спротивното; Прашањето е следното како може да бидеш обвинет за нешто што се случило иако нема никакви докази или сведоци дека си ти виновен и притоа да ти биде и поднесена тужба за истото (без сведоци и докази) ?!?
Според ова следи дека Кадија те тужи кадија те суди , полошо од турско -.-
 
Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.246
Поени од реакции
19.469

Види сега...
Малку ги мешаш работите.....;)
Точно е,постои(барем на хартија во поголемиот дел од државата):(ПРЕСУМПЦИЈА НА НЕВИНОСТ.....
Е сега СЕКОЈ(освен во одредени случаи дипломатскиот кор,и некои од највисоките државни службеници)...може да биде обвинет и да се најде на обвинителна клупа...
Тоа не значи дека однапред СУДОТ ЌЕ ТЕ ТРЕТИРА КАКО ВЕЌЕ ОСУДЕН(иако за жал има многу случаи,кога однапред е веќе изготвена пресудата):tapp:...
Значи-за да бидеш ОБВИНЕТ е доволно Јавното Обвинителство да смета дека си сторил кривично дело......(ова е најчесто во казнените постапки-кривични дела,прекршоци)....
Тие го преземаат гонењето по службена должност,.и ПРЕДЛАГААТ КАЗНА,ЗАТОА СЕ ВИКА ОБВИНИТЕЛЕН ПРЕДЛОГ -но никако не ОДЛУЧУВААТ КОЈА КАЗНА ЌЕ СЕ ДОДЕЛИ(иако реално Обвинителството има големо влијание врз судството):tapp:
За да бидеш обвинет и да се најдеш на суд доволно е комшијата,другар,познаник,девојка,швалерка или било кој да сметаат дека си ги навредил,опцул,наклеветил,истепал,или да измислат милион причини да ти наштетат итн..........тие поднесуваат ПРИВАТНА ТУЖБА ПРОТИВ ТЕБЕ....
Дали ИМА ИЛИ НЕМА ДОКАЗИ,ДАЛИ ИМА АРГУМЕНТИ ЗА ДА ТИ БИДЕШ ОСУДЕН ОДЛУЧУВА СУДОТ-И САМО СУДОТ.....
Законот им дава можност на сите да си ги бараат своите права пред суд,а дали ќе ја добијат судската заштита зависи дали е повреден законот или не....и пред се КОЛКУ СУДИЈАТА СОВЕСНО И ПРОФЕСИОНАЛНО ЌЕ СИ ЈА ВРШИ СВОЈАТА РАБОТА......

Значи да не должам,да си обвинет не значи дека веќе некој однапред те осудил...
Се додека не се донесе ПРАВОСИЛНА ОДЛУКА ти си НЕВИН....
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Ми треба узрок на договор за купопродажба на земја. Кој има такво нешто нека ми прати по ПП.
 
Член од
21 јуни 2009
Мислења
65
Поени од реакции
1
колеги,
ако има некој од вас договор сто се склучува помеѓу адвокат и адвокатски приправник за стажирање нека го закачи тука или нека ми го прати во приватна порака.
благодарам од напред
 
G

Gray Foxx

Гостин
Види сега...

Значи-за да бидеш ОБВИНЕТ е доволно Јавното Обвинителство да смета дека си сторил кривично дело......(ова е најчесто во казнените постапки-кривични дела,прекршоци)....
Дјуд а нели кога е прекршок си останува прекршок, т.е. парична казна. Зар може да се смени прекршочната пријава во кривична?
 
Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.246
Поени од реакции
19.469
Дјуд а нели кога е прекршок си останува прекршок, т.е. парична казна. Зар може да се смени прекршочната пријава во кривична?
Мала грешка:),требаше да стои во првата реченица од цитатот покрај кривично дело,и сторен прекршок.....;)
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Дали некој може да ми каже кога точно е донесен законот за наплата на долгови со извршител, и дали тој закон се применува на договори кои се склучени пред донесувањето на законот?
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Пред неколку дена, на овој Форум, на темата- Автомобилизам и мотоциклизам – Зонско-револтирани граѓани ја ставив за дискусуја темата наплатата на паркирање во Скопје. Сега сакам да ја ставам истата тема, но од правен аспект, и на Форумот – Право.
Според моите согледување со овие паркиралишта и зони се направени три повреди на законите: воведена е јавна давачка која не е предвидена со закон ( 1 ), се врши незаконско и прекумерно казнување на тие што не платиле ( 2 ) и се врши дискриминација ( 3 ), постојат различни цени за различни корисници. За мене најбитна е дискриминацијата, бидејќи ако за сите има исти цени таа цена би изнесувала десет денари на ден што за сите би било прифатливо.
За оваа дискриминација три пати се обраќав на Уставниот суд на Република Македонија и Судот три пати ме одби и донесе Решенија 287/2009; 48/2010 и 30/2011. Овие Решенија се достапни на интернет страницата на Уставниот суд, а ако некој сака да ги погледне и иницијативите по кои се донесени тие Решенија, нека ми јави бидејќи ги имам во електронска форма.
Бидејќи не сум правник по занимање, сакам да да добијам мислење, совет или сугестија што да превземам, од правници, студенти на право и граѓани, кои како и јас, ја мразат дискриминацијата.
Сега ќе ја цитирам одредбата од Одлуката со која е предвидена дискриминацијата, потоа аргументите со кои јас ја ги изнесов во иницијативата и на крај образложението од Решението на Уставниот суд со кое се одбива иницијативата. Се работи Одлука за јавни паркиралишта од значење на Општина Центар-Скопје, бр. 07- 4202/12 („Службен гласник на Општина Центар бр 19/2010 ), по која е доставена иницијативата и донесено Решението 30/2011.
Одредбата за дискриминација во Одлуката гласи:
Член 24 став 1 гласи: „ Корисникот – станар кој има постојано или времено живеалиште или престојувалиште на адреса која го опфаќа јавното паркиралиште со кое управува организаторот на паркирањето има повластени услови во поглед на цената и времето на задржувањето. “
Јас ова одредба ја нападнав со следниве зборови:
„ Оваа е одредба за дискриминација, со која на одредена категорија граѓани им се даваат повластици, односно едни се ставаат во привелегирана положба, а другите во подредена положба, во зависност, од социјалната, имотната и општествена положба, односно, од тоа кој каде поседува стан и кој каде живее е и кој каде и дали работи. Ова е диретен атак врз принципот на рамноправноста на граѓаните, слободата на движење, хуманизмот, солидарноста, социјалната правда и другите темелни вредности и определби на уставниот поредок и на нашето Општество. Посебно што овде се работи за центарот од Главниот Град на Република Македонија. Во центарот на Скопје се наоѓаат, Собранието, Владата, Уставниот суд, Врховниот суд, Македонскиот народен Театар, Опера и Балет и низа други институции кои ја прават Република Македонија, она што е – модерна демократска држава. Тие институции припаѓаат на сите граѓани на Републиката и сите имаат еднакво право и под исти услови да пристапат кон нив. Сега ќе набројам одредби од само неколку закони на кои е спротивна оваа одредба за дискриминација.
Член 8, од Уставот, алинеа 1, наведува дека темелни вредности на уставниот поредок на Република Македонија се основните права на човекот и граѓанинот признати од во меѓународното право и утврдени со Уставот. За да оставам убав впечаток на Уставниот суд, најнапред ќе се повикам на најголемиот Правник на Римската Република, славниот Цицерон, кој уште пред повеќе од две илјади години рекол: „ Iura paria debent esse eorum inter se qui sunt cives in eadem res publica “
Членот 9 од Уставот: „ Граѓаните на Република Македонија се еднакви во слободите и правата независно од .... Член 54 од Уставот „ Слободите и правата на човекот и граѓанинот можат да се ограничат само во случаи утврдени со Уставот. ( став 1 ). Ограничувањето на слободите и правата не може да биде дискриминаторско по поснов на пол, раса, боја на кожа, јазик, вера, национално и социјално потекло, имотна или општествена положба. ( став 3 ) “, Членот 27 вели „ Секој граѓанин на Република Македонија има право слободно да се движи на територијата на Републиката ... “
Членот 11 од Законот за Градот Скопје ( Сл. в. 55/04 ) предвидува „ исто ниво на услуги и подеднаква достапност до граѓаните, со примена на исти стандарди “ .
Членот 5 став 1 од Законот за комунални такси ( Сл. в. 61/04 ) вели „ Комуналните такси се утврдуваат во еднаква висина ... за сите обврзници од иста категорија. “
Во Законот за спречување и заштита од дискриминација ( Сл. в. 50/10 ) во член 3 вели „ Се забранува секоја дирекна или индирекна дискриминација, потикнување и повикување на дискриминација и помагање во дискриминаторско постапување врз, па набројува, меѓу другото и ...државјанство, социјално потекло, личен и општествен статус, имотен статус ...
А во член 4 од овој Закон стои: Овој Закон се применува од страна на сите државни органи, органи на единиците на локалната самоуправа ...во областа на: се набројува и во точка 7 стои „ пристап до добра и услуги “.
Република Македонија е потписник на Конвенцијата за заштита на човековите права и основните слободидонесена од Советот на Европа и на Протоколот XII кон оваа Конвенција. Протокол XII е ратификуван во Собранието на Република Македонија и објавен во Сл. в. 30/04. Во член 1 став 2 од овој Протокол стои „ Никој не смее да биде дискриминиран од страна на јавен орган по било кој основ наведен во ставот 1. “ А во ставот 1, меѓу другото се наброени, социјално потекло, имот, раѓање или друг статус.
Во Решението 30/2011, Уставниот суд ја одбива мојата иницијатива со следниве зборови:
Членот 24 став 1 од Одлуката се оспорува како дискриминаторски, затоа што овозможувал одредена категорија граѓани (корисник-станар кој има постојано или времено живеалиште, односно престојувалиште на адреса која го опфаќа јавното паркиралиште) да има повластени услови во поглед на цената и времето на задржување, со што оваа категорија граѓани била ставена во привилегирана положба во однос на другите граѓани, во зависност од социјалната, имотната и општествената положба, односно од тоа кој каде поседува стан и кој каде живее и кој каде и дали работи. Ова било директен атак врз принципот на рамноправноста на граѓаните, слободата на движењето, хуманизмот, солидарноста, социјалната правда и другите темелни вредности и определби на уставниот поредок на Републиката. Особено што станувало збор за центарот на главниот град на Републиката, Скопје, каде се наоѓаат зградите на Собранието, Владата, Уставниот суд, Врховниот суд, Македонскиот народен театар и други институции кои ја прават Република Македонија модерна демократска држава и кои им припаѓаат на сите граѓани и сите имаатеднакво право и под исти услови да пристапат кон нив.

Ваквите наводи во иницијативата Судот ги оцени како неосновани. Ова затоа што неспорно е уставното право на секој граѓанин слободно да се движи на територијата на Републиката и слободно да го избира местото на живеење. Меѓутоа, при тоа, мора да се има предвид фактот дека определени категории корисници на паркирање имаат станбен или деловен простор на подрачјето што гравитира кон определено јавно паркиралиште. Оттука, доколку овие категории граѓани не бидат изземени од режимот што важи за корисниците на паркиралиштето што доаѓаат надвор од тоа подрачје, истите ќе бидат ставени во многу нерамноправна и тешка положба (од аспект на непречено и нормално користење на својот имот, како и финансиски). Токму во ова е и смислата на воведувањето на повластени услови во поглед на цената и времето на задржувањето за овие корисници – граѓани и таквиот режим не претставува нивно ставање во привилегирана положба во однос на другите граѓани, спротивно на одредбите на Уставот.
Ете, тоа се ставовите и јас Ве молам, за Вашето мислење по нив.

Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.824
Поени од реакции
6.093
Дали некој може да ми каже кога точно е донесен законот за наплата на долгови со извршител, и дали тој закон се применува на договори кои се склучени пред донесувањето на законот?
Законот за извршување е донесен во 2005 година, и неколку пати досега менуван и дополнуван. Инаку со него се регулира наплатата на долг утврден со судска одлука, а не навлага во начинот на кој е настанат тој долг. Може и договор да имаш од ‘97, да те тужел доверителот и да добил судска одлука 2002 да речеме, има 10 години рок за апсолутна застареност, и доколку во тие 10 години го даде на извршител, завршена работа. Додека не се наплати, или доверителот не го повлече, веќе долгот не застарува. ;)
 
Договорот е склучен пред 2005, а обжален е во 2010, значи може да се наплати со помош на извршител?

Се работи за кредит...
 
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.824
Поени од реакции
6.093
Договорот е склучен пред 2005, а обжален е во 2010, значи може да се наплати со помош на извршител?

Се работи за кредит...
Секако. Моја препорака е да се исплати навремено во договор со доверителот, инаку извршител ќе ти дојде на врата ;)
 
POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
644
колеги,
ако има некој од вас договор сто се склучува помеѓу адвокат и адвокатски приправник за стажирање нека го закачи тука или нека ми го прати во приватна порака.
благодарам од напред
Пратено вчера, го разгледа?
 
Pravnice

The Don
Член од
15 ноември 2007
Мислења
2.462
Поени од реакции
1.433
Договорот е склучен пред 2005, а обжален е во 2010, значи може да се наплати со помош на извршител?

Се работи за кредит...
КОнкретно работам со кредити, најдобронамерен совет ти давам плаќај ако имаш дури и позајми се. Затоа што ако ти тропне извршител на врата, прво ќе ги отплаќаш извршителските трошоци кои се плафон високи. После тек ќе почнеш камати трошоци и ќе стигнеш до пензија додека да почнеш главниот долг да го отплаќаш.
За се останато останувам при погореобјаснетото од Принцезата на злото...многу убаво ти објаснила.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
КОнкретно работам со кредити, најдобронамерен совет ти давам плаќај ако имаш дури и позајми се. Затоа што ако ти тропне извршител на врата, прво ќе ги отплаќаш извршителските трошоци кои се плафон високи. После тек ќе почнеш камати трошоци и ќе стигнеш до пензија додека да почнеш главниот долг да го отплаќаш.
За се останато останувам при погореобјаснетото од Принцезата на злото...многу убаво ти објаснила.
Благодарам. Допрва ќе има судење, така да е далеку од разрешница. Во секој слушај, благодарам за советот...
 
Pravnice

The Don
Член од
15 ноември 2007
Мислења
2.462
Поени од реакции
1.433
Благодарам. Допрва ќе има судење, така да е далеку од разрешница. Во секој слушај, благодарам за советот...
Ако не се лажам утре ќе идеш у кафана, потсети ме ќе ти објаснам како најлесно да поминеш. Ако не, ако не го спориш долгот не се инати многу зашто со банка нема заебаање. Банка никогаш не тужи ако нема комплетни докази, факт!!!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom