- Член од
- 31 март 2008
- Мислења
- 2.578
- Поени од реакции
- 1.882
Баш сега го изгледав Things Fall Apart, главна улога фифти сент. Не е филмот од тие неговите предходни со пукање, тепање, крадење и такви ми ти ефтини сцени.
Филмот е неверојатен! Зборува за човек, кој е здрав и прав и е најголемата фудбалска ѕвезда во школото, но открива дека е болен од тумор кој се наоѓа веднаш до срцето.
Наеднаш целиот живот му се променува за 360 степени. Мора да престане да игра фудбал, губи од својата популарност кај девојките, губи половина од својата телесна тежина, болеста до толку го напаѓа што со месеци само е на терапија и спие.
Односите во неговото семејство се влошуваат, неговите се разделуваат, караници околу пари, нема за терапија... со еден збор, се се свртува против него.
Тој е изгубен, не знае друго ништо да прави во животот освен да игра фудбал. Но кога ќе се најде на дното, ќе открие и некои други вредности кај себе. Ќе добие самодоверба и ќе се бори против болеста, иако сето тоа оди многу тешко...
Да не го прераскажувам филмот, гледајте го. Мене од вечерва ми е омилен филм и дефинитивно сватив некои многу важни работи од него. Тие што имаат некој сличен проблем во животот, дефинитивно треба да го погледнат.
Еве ви го и торентот
Ако не ве мрзи пишете некој филм кој ваква содржина, личности кои биле на дното, цел свет да бил против нив но сепак на крај успеале да се издигнат од калта.