Io Sono Interista
The original, one and only IoSono.
- Член од
- 21 декември 2007
- Мислења
- 28.619
- Поени од реакции
- 59.432
Или.Ќе давате ново дете или?
Или.Ќе давате ново дете или?
Ај сеа не спамирајИли.
За болдот, апсолутно. Сигурно има луѓе кои укапирале некоја поента и не им се допаднал. Се надевам ќе пишат, зошто не им се допаднал.Rock n rolla, можно е некој и да го сфатил и да не му се допаднало. Нели?
Него ај да почнам да пишам нешто тука, речензија тешко без спојлери.
Вака, филм ова чудо не може да го наречеш, ова е снимено на тој начин што дури го гледаш ти се чини дека е дел од твојата меморија или некој сон што го имаш сонувано, не знам како успеал ама успеал Малик во ова. Цело време се чуствував како да сонувам или се сеќавам на нешто што ми се случило, не ме сфаќајте погрешно не дека лично се поврзав со филмот заради некоја си моја случка, филмот не остава место за тоа да може сам да придонесуваш во приказната (пример за крајот на 2001, има 300 и пет објаснувања и сите држат вода донекаде), или да се поврзеш по некој лик кој е направен според некој си стереотип, ништо од тоа, ама начинот на кој е сниман е таков.
Приказната на филмот, не знам... филмот е без plot (содржина), нема нешто што се случува и го следиш, го следиш и чекаш приказната да се развие, па на крај да кулминира - не. Такво нешто не чекајте во филмот, пак ке се навратам на тоа дека филмот е како некој дел од некое сеќавање, ама сеќавање кое содржи све, од раѓање до умирање и све што се случува низ тоа. Чудно е што филмот почнува со смрт и завршува со rebirth?, rebirth кое рака на срце толку ме збуна што не се ни обидов да го разберам.
Целта на Малик мислам дека било да се прикаже човештвото од а до ш а не само една случка, и све пред човекот. Како успеал во сето тоа алал да му е. На почеток почнува ептен религиски, биг-бенг документарка кое е направено целото со micro photography, никој од тие дела не е CGI, освен диносаурусите , не знам за вас ама колку многу си уживав во ова не сте свесни, музиката топ, сликите топ, дури и за момент заборавав дека гледам филм, туку бев навлезен во документарецот.
Има многу ситни моменти, кои се случуваат за 2 секунди или максимум 5, ама колку само длабоки се. Мајката со бебето, па имаше делови каде што детето зборува нешто (нараторски) а во филмот се случува нешто што е многу симболично поврзано со нараторството, работи кои за 2 секунди ги сфаќаш многу длабочински, затоа и викам дека е како дел од сеќавање, затоа кога се сеќаваш на некоја случка за 2 секунди речиси за све си свесен што си направел тогаш.
Ликовите се оригинални до немај каде, нема црни или само бели, него го кажува тоа реалното дека човекот цело време се менува и се адаптира.
Да пише и некој друг, ке пишам повеке, толку засега а имам уште многу да пишувам. Единствена нејасна работа ми е делот на крајот каде што се сретнува со своите и зошто само овој е возрасен а браќата му се уште мали...
Оценка, не знам... знам дека го препорачувам затоа што е таков филм кој мора да се гледа.
Мала дигресија. Затоа е филмов 50-50. Едни пишуваат рецензии како мојава, други како твојата. Јас не наидов на ИМДБ на нешто што држи средина.Обично им давам втора шанса на сите филмови, па веројатно и на овој. Во првиот обид ме фати дремка - овие 34 минути беа so fucking lame. Можеби понатаму се случува нешто што ве натерало да дискутирате со постови подолги од 4 реченици, но според мојот првичен впечаток филмов е уанаби 2deep4u срање. После 30 минути од рандом 2deep4u филозофски мисли без некоја цел и намена и она power point презентацијата со слики од гугл од вселената, го видов она што би требало да претставува некој вид диносаурус и тука веќе го изгасив. Па да му се невидам, имам на Discovery гледано емисии со подобри компјутерски направени диносауруси. Ма дај...Hollywood fails once again.
До некаде се слагам со твоето мислење, особено во врска со природата и милоста. Сепак јас би го анализирал на мој начин. На почетокот некои пола саат во филмов гледавме Биг Бенг, па создавање на живот во океаните, па диносауруси, се до оној момент додека дејствието не се врати пак во 50 те кај дотичното семејство. Преку ова сметам дека режисерот сака да ни укаже на патот кој што животните форми го минуваа низ времето односно еволутивните процеси. Се започнува од една голема експлозија и создавање планета а потоа овој филм не носи низ времето и завршува кај едно типично патријахално американско семејство од пеесетите. Односно она што режисерот сака да го постигне е да ни ги претстави големите начини на универзумот/Господ кој е способен од ништо да создаде самосвесни битија. Во останатиот дел од филмот се прикажуваат односите во семејството, карактерите нема да ги анализирам затоа што верувам на сите им е јасно кој е што е, само ќе кажам дека постапките и изразите на лицата кај ликовите кажуваат многу повеќе одколку нивните зборови. И сега доаѓаме кај природата и милоста.Како што пишав и во рецензијата, приказна/содржина нема. Мислам дека се работи за оној момент во животот кој ни е некаква пресвртница, момент во кој бараме одговори, ги бараме причините за постоењето и зошто работите се такви какви што се. Се работи за еден ден во кој Џек ги испитува своите верувања и погледи кон светот и се сеќава на детството. Филмот, настрана цитатот од книгата на Јов (од библијата, цитати од оваа книга се појавуваат и подоцна, не знам зошто) започнува со следниов текст:
Човекот има две патишта во животот. Патот на природата и патот на милоста. Сам бираш по кој пат ќе одиш.
Милоста не се обидува да задоволи. Прифаќа да биде на страна, заборавена, неомилена. Приваќа навреди и повреди.
Природата сака да си удоволи сама на себе. Но сака и другите да и удоволат. Сака да владее. Да оди по својот пат. Бара причини да биде несреќна. И љубовта се пробива низ сите работи.
Не учеа дека оној кој ќе го избере патот на милоста, нема да има лош крај.
Очигледно е дека Џек (Шон Пен) е на раскрсница. Треба да го одбере неговиот пат. Сеќавајќи се на детството, патот на милоста ни е претставен преку неговата мајка, додека патот на природата, преку неговиот татко. Мајка му е на страна. Не се обидува да си удоволи сама на себе, живее за семејството. Татко му е стог. Сака да владее. Сака да му удоволат. Својата несреќа ја гледа во околината. Соседите имаат повеќе од него. Го учи синот да бите цврст, затоа што добрите и меките тешко поминуваат во животот...
Веројатно целото навраќање на детството е за да ни се долови оваа дилема. Можеби Џек долго време е неодлучен и на некој начин се загубува во денешното време, за да се врати назад и да побара одговори. Да одлучи кој пат ќе го следи. И ако ја земеме последната сцена за дефинитивна порака, веројатно го одбрал патот на мајка му.
На почетокот е претставено раѓањето на универзумот и земјата. Крајот претпоставувам дека е крајот на животот на земјата. Не сум сигурен дали е ова ставено во контекст на двата патишта во животот, или пак е само приказ за тоа колку е мал човекот, односно неговиот животен век, во споредба со космосот и земјата.
Што се однесува до ефектите кои беа спомнати, прочитав дека режисерот не бил задоволен од модерните ефекти и го ангажирал човекот кој бил задолжен за ефектите во Одисеја 2001.
Исто така, Шон Пен упатил критики до режисерот зошто не користел појасна нарација, која според него, во сценариото будела неверојатни емоции. Според Пен, појасна нарација немало да му наштети на филмот, т.е. тој ќе ги задржел убавината и впечатокот. Теренс Малик никогаш не му објаснил на Пен зошто е ова така и тој на моменти се чувствувал загубен во филмот, додека го снимале.
Како и да е, филмот е уште еднаш, визуелно прекрасен со перфектен саундтрак. Нема да се трудам да копам длабоко во значењето, кое веројатно и го нема.
Баш овој цитат сакав да го пишам.Имаше еден доста добар цитат, кога некој и вика на мајката: ’’сега е во рацете на Господ’’, и мајката му враќа ’’зарем не беше цело време во Негови раце’’. Доста моќно.