Хомосексуалност (општо)

Дали ги оправдувате хомосексуалните врски,бракови и посвојувањето на деца од страна на хомосексуалци

  • Вкупно гласачи
    1.126

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.738
Поени од реакции
4.494
Дали ги оправдувате хомосексуалните врски,бракови и посвојувањето на деца од страна на хомосексуалци
1)Хомосексуални бракови ги оправдувам целосно тоа си е привана работа и на никого не му наштетува
2)Исто мислење како под 1
3)Само поради ова гласав НЕ ,бидејќи ситуацијата тука е сосема различна веќе не се работи само за две личности и нивниот приватен живот со кој може да прават што сакаат.Тука веќе во равенката влегува невино дете кое никој не го прашува дали сака да биде син/ќерка на геј пар.
Според мене како што жена никогаш неможе да биде татко да и и маж никогаш неможе да биде мајка.Во природата секаде нештата се надополнуваат за да настане рамнотежа светлина-темнина,ден-ноќ,црно-бело,оган-вода итн.Не само поради ова(наведов прост пример) можам до утре да филозофирам зошто не би било добро геј парови да повојуваат деца.Единствено поддржувам ако детето е на некоја возраст на која доволно би ја сватило ситуацијата и самото би се согласило да биде посвоен/а.Имам уште многу да пишувам ама ме мрзи и ова е се за денес:sneaky:
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
А да ти одговорам на вториот дел : Доколку моето дете, без разлика дали станува за машко и женско дете, ми открие дека е хомосексуално - би го прифатил како такво бидејќи хомосексуалноста ми е сосема нормална работа. Сум имал пријатели и познаници хомосексуалци и сосема ми е сватливо дека единствената разлика од хетеросексуалците е сексуалната определба, која секако , се изразува зад затворени врати.
Сеедно ќе ти е дали твоето дете ќе има значително помал животен век поради склоноста !?
А зошто да не биде дадено на самец кој има средства да посвои или пак на сиромаси кои ќе му даруваат љубов?
 
Misery

30% off
Член од
3 април 2011
Мислења
1.598
Поени од реакции
2.394
Сеедно ќе ти е дали твоето дете ќе има значително помал животен век поради склоноста !?
А зошто да не биде дадено на самец кој има средства да посвои или пак на сиромаси кои ќе му даруваат љубов?
Значително помал животен век ? :pos: Како тоа?
И реков дека не ми е грижа лично дали детето ќе биде дадено на самец, сиромав или геј пар се додека детето е згрижено и му е дадена потребната заштита.

Хетеро парови не можат да имаат деца при одредени медицински проблеми кај мажот или жената. Тоа е вон нивна контрола. Затоа и треба на такви парови да им се допушти да посвојат деца.
Од друга страна геј парови свесно на самиот почеток на заедница им е јасно дека нема да можат да имаат свое дете. Тие сексот го стваат над желбата и потребата за имање деца. Нивниот родителски инстинкт е потиснат од инстикт за телесни задоволства. Затоа на гејојте не треба да им се даваат деца на посвојување. Евентуално би можеле да им се дадат од оние јапански кукли со уградени чипови кои зборуваат, можеш да ги храниш, какаат мочкаат.... да се играат родители.

Тие не го ставаат сексот над желбата и пторебата за имање деца. Тие имаат родителски инстинкти, но зашто би имале дете на начин на кој што не сакаат? Да речеме, единствената плодна особа во светот која може да роди мое дете е 10 годишно девојче, поради немање желба на секс со детенце (во нивни случај особа од спротивен пол) јас ќе останам без фамилија. Не е дека јас не сакам дете да имам, туку дека не ми се допаѓа начинот на кој што тоа ќе мора настане. Па немора да е на посвојување, еве сурогат мајка да најдат. Така може ? Ин витро фертилизација, без сами да учевствуваат во чинот ? И така им одговара ним, не мисли дека не. Они само несакаат да учевствуваат во чинот - секс со личност од спротивен пол.

И на хетеро парови треба да им се допушти да посвојат деца, ама зашто не и на геј парови ? Они не избрале да неможат да имаат деца. Не го избрале поради хедонистички причини тоа, туку биолошки неможе да имаат две особи од исти пол деца. Не е нешто што они свесно го одбрале, да бидат геј.
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Значително помал животен век ? :pos: Како тоа?
И реков дека не ми е грижа лично дали детето ќе биде дадено на самец, сиромав или геј пар се додека детето е згрижено и му е дадена потребната заштита.

Тие не го ставаат сексот над желбата и пторебата за имање деца. Тие имаат родителски инстинкти, но зашто би имале дете на начин на кој што не сакаат? Да речеме, единствената плодна особа во светот која може да роди мое дете е 10 годишно девојче, поради немање желба на секс со детенце (во нивни случај особа од спротивен пол) јас ќе останам без фамилија. Не е дека јас не сакам дете да имам, туку дека не ми се допаѓа начинот на кој што тоа ќе мора настане. Па немора да е на посвојување, еве сурогат мајка да најдат. Така може ? Ин витро фертилизација, без сами да учевствуваат во чинот ? И така им одговара ним, не мисли дека не. Они само несакаат да учевствуваат во чинот - секс со личност од спротивен пол.

И на хетеро парови треба да им се допушти да посвојат деца, ама зашто не и на геј парови ? Они не избрале да неможат да имаат деца. Не го избрале поради хедонистички причини тоа, туку биолошки неможе да имаат две особи од исти пол деца. Не е нешто што они свесно го одбрале, да бидат геј.
Така, како што не ти кажуваат на телевизија...:)
http://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/9923159
http://theroadtoemmaus.org/RdLb/22SxSo/PnSx/HSx/hosx_lifspn.htm

Сега смешно ти е?
Но никој од поддржувачите и не се запира да прочита нешто кое се коси со “ставовите“ кои великодушно им ги всадиле медиумите...што значи дека подржувајќи ја “нормалноста“ на ѓејојте поддржуваат и нивна рана смрт.
Никаков аргумент кој не е во склад со медиумската слика не им допира до свеста.

Посвојувањето е тотално дискриминаторско и не даваат деца на сиромаси и самци. Не постои лотарија или бинго во кое заинтересираните ги извлекуваат и им се доделува дете.
 
S

Sagan

Гостин
Еве ова е добро да се слушне на темава:
http://brkajrabota.mk/lifestyle/zivot/9780-tato-jas-sum-gay
''It's a September 20th...''
Video uploaded September 19th.

He recorded it, then went back in the time to add it on YouTube.
Fake and gay.
__________________________
Edit: Всушност, ако типот е во Авганистан а сеа заприметив дека кажуе дека е два по полноќ таму... можно е затоа што од Гринич на запад датумот е еден ден назад :) Фак.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199

Таман тргнав еден лајк да ти бапнам, ја утна работата со едит...

:D
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Добро беше ова, таман ме насмеа се исправи грешката :)
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
„Дали ја оправдувате хомосексуалноста“, ми се чини, е малку погрешно поставено прашање. Еве зошто. Најновите испитувањa сугерираат дека хомосексуалноста не е слободен избор, ами е детерминирано однесување.

Конкретно, студиите од Queen Mary's School of Biological and Chemical Sciences од Универзитетот во Лондон и оние од Karolinska Institutet во Стокхолм укажуваат дека важни детерминантни за хомсексуалното однесување се а) генетски фактори кои вклучуваат изложеност на одредени хормони во утробата на мајката), и б) средината (специфична за индивидуата). Овие (и други студии) имаат некои лимитации, но, укажуваат дека хомосексуалноста не е избор. Исто така, хомосексуалноста е документирана и кај животни, не само кај луѓето. Ако научните сознанија се вакви, тогаш прашањето дали ја оправдувам хомосексуалноста, ми се чини лошо поставено.

Сосема поинаква е дебатата дали хомосексуалноста ја сметам за девијантно или неприродно сексуално однесување. Тука веќе во игра се етички и вредносни ставови, а речиси никакви научни факти.

Живеење во хомосексуална заедница, од правна гледна точка, би требало да спаѓа во граѓански права. Зборувам за civil union кој ќе биде признаен од државата како заедница на партнери со права на пренесување наследство, здравствена заштита, партнерство еквивалентно на хетеросексуален брак во добивање кредити, поседување заедничка сопственост, итн. -- значи граѓански права како правно признаени партнери.

Инсистирање геј браковите да бидат склопени или одобрени од некоја религиозна заедница е, според мене, непродуктивно и нереално. Релиите се темелат на догми кои се непроменливи. Доколку догмите не им одговараат на хомосексуалците, тие не можат да инсистираат догмите да бидат променети како би ги вклучиле нив. За разлика од правниот систем кој треба да ги опфаќа сите, верата е избор и подразбира согласување со одредени догми и вредности. Затоа, кому не му одговара некоја религија, има многу други избори.

Не ја оправдувам стигмата ни омразата на многу религиозни луѓе кон геј популацијата. Како што гледам на форумов има и многу нерелигиозни кои се хомофобично настроени. Не гледам како хомофобијата може да биде продуктивна. Не сум хомосексуалец и хомосексуалниот чин ми е одбоен. Но, ги разбирам луѓето со хомосексуални склоности, не ги осудувам, и сметам дека како партнери во секуларна заедница треба да имаат исти права како хетеросексуалните партнери.
 
Misery

30% off
Член од
3 април 2011
Мислења
1.598
Поени од реакции
2.394
Така, како што не ти кажуваат на телевизија...:)
http://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/9923159
http://theroadtoemmaus.org/RdLb/22SxSo/PnSx/HSx/hosx_lifspn.htm

Сега смешно ти е?
Но никој од поддржувачите и не се запира да прочита нешто кое се коси со “ставовите“ кои великодушно им ги всадиле медиумите...што значи дека подржувајќи ја “нормалноста“ на ѓејојте поддржуваат и нивна рана смрт.
Никаков аргумент кој не е во склад со медиумската слика не им допира до свеста.

Посвојувањето е тотално дискриминаторско и не даваат деца на сиромаси и самци. Не постои лотарија или бинго во кое заинтересираните ги извлекуваат и им се доделува дете.
Да, смешно ми е.
Такви статистики и линкови имаш на секој ќош, докажувајќи дека хомосексуалноста истовремено го продолжува и го скратува животот.
Тотално е нерелевантно тоа што е постирано на интернет со тоа што е актуелно случување.
Наведи ми медицинска причина зашто хомосексуалците би живееле пократко од хетеросексуалците, па тек тогаш ќе го сватам тој дел сериозно. Извини, ама до тогаш смешно ми е.
 
Mama.

уметник
Член од
23 јули 2011
Мислења
524
Поени од реакции
326
vo vrska so homoseksualnite brakovi i posvojuvanjeto deca...
mislam deka toa sto edno dete ke ima dvajca roditeli od ist pol ne znaci deka negativno ke mu deluva...spored mene mnogu po negativno vlijanie vrz decata imaat roditelite koi se alkoholicari, skloni kon nasilstvo, narkomani... ili roditeli koi ne se sakaat, koi ne se razbiraat, koi nemaat isti stavovi...
zoshto nikoj do sega ne razmisluval da im zabrani na tie luge da imaat ili da posvojuvaat deca?
ako edno dete raste vo semejstvo koe e ispolneto so ljubov i razbiranje, kako moze da toa da mu nashteti.
vistinskoto prashanje ne e dali roditelite se od ist pol ili ne, tuku dali istite se sposobni da dadat dobar primer na deteto koe ke go odgleduvaat.
sega ke kazete deka i homoseksualnosta ne e dobar primer...
homoseksualnosta e prirodna pojava, ja imalo od sekogash i kaj covekot i kaj zivotnite... vistinskiot problem e vo nashata percepcija i predrasudite
ljubovta e ljubov, bez razlika vo kakov oblik se polavuva i na koj nacin se manifestira
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Да, смешно ми е.
Такви статистики и линкови имаш на секој ќош, докажувајќи дека хомосексуалноста истовремено го продолжува и го скратува животот.
Тотално е нерелевантно тоа што е постирано на интернет со тоа што е актуелно случување.
Наведи ми медицинска причина зашто хомосексуалците би живееле пократко од хетеросексуалците, па тек тогаш ќе го сватам тој дел сериозно. Извини, ама до тогаш смешно ми е.
Не е до тоа туку уживаш во својата игноранција. Ако ти е за утеха, не си единствен, има многу како тебе. Немаш никакви аргументи, ништо со што би ги потрепил своите скромни постови по содржина, само повторувања на излитени фрази.
Тоа се сосема релевантни истражувања на американскиот национален институт за здравство. Дали се совпаѓале со твојата, од медиумите створена слика нема да ја смени реалноста во кој ѓејој умираат од секакви болештини. сида, сифилис, хепатитис, рак на дебелото црево и други сосема медицински причини. Нивната патолошка потреба за менување пениси е психо-патолошка состојба која повеќето припадници на тоа сексуално малцинство ги става во категорија на “не баш нормални“, да се изразам политички коректно и им ги зголемува шансите да заболат од разни болештини. Не е тоа некаква морална или етичка оценка, тоа е медицински факт.

Имаш уште еден линк поназад од некаква парада каде иљадници ѓејој на сред бел ден орално задоволуваат други ѓејој по улици, уринираат врз нив, мастурбираат насекаде и што све не.
 
Misery

30% off
Член од
3 април 2011
Мислења
1.598
Поени од реакции
2.394
Не е до тоа туку уживаш во својата игноранција. Ако ти е за утеха, не си единствен, има многу како тебе. Немаш никакви аргументи, ништо со што би ги потрепил своите скромни постови по содржина, само повторувања на излитени фрази.
Тоа се сосема релевантни истражувања на американскиот национален институт за здравство. Дали се совпаѓале со твојата, од медиумите створена слика нема да ја смени реалноста во кој ѓејој умираат од секакви болештини. сида, сифилис, хепатитис, рак на дебелото црево и други сосема медицински причини. Нивната патолошка потреба за менување пениси е психо-патолошка состојба која повеќето припадници на тоа сексуално малцинство ги става во категорија на “не баш нормални“, да се изразам политички коректно.

Имаш уште еден линк поназад од некаква парада каде иљадници ѓејој на сред бел ден орално задоволуваат други ѓејој по улици, уринираат врз нив, мастурбираат насекаде и што све не.
А хетеросексуалците не боледуваат од сида, хепатити и сифилиси ? Рак на дебели црева ?
Не , ти баш со ништо неможеш да го поткрепиш твоето хомофобично мислење. Јас што да поткрепам, оправданиот скептицизам кој го имам кон интернет статистики ? Па и србите пишат дека имаат најголеми пениси во свет, а незначи дека е точно. Ама нели, на таа некоја си, во тој случај национална, група таму им одговара тоа.
Се што имаат од болести хетеросексуалците имаат и хомосексуалците. На крајот на 19тиот век се мислело дека хомосексуалците се преносители на сидата, ама сега на жалост на мнозинството, знаеме дека не се „причина“ за сидата. А политички коректниот термин е - сексуална определба, а не „не баш нормални“. Верувам дека ти е јасно дека и на хетеросексуалци им се случува да се општат во јавност само ако им е дадена прилика.
Колку пати сум минал низ втор/трет дел од градскиот парк во Скопје и сум видел како се општат на клупите, преку ден. Па не го ставаш тоа во „не баш нормално“ објаснување, нели ? А за одредени поединци кој го валкаат името на сите хомосексуалци, не сакам да зборувам. Па има такви од било каква националност, религија , вера и сексуална определба што може да го извалкаат името на една група со една парада.

Еве ти погоре слика од нормална исто така геј парада, гледаш некој како мастурбира, се општи или било што ?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom