Металург има над 600 000 евра буџет, па ти спореди ги тие пари со оние 250 000 евра...
Фузијата не е далавера, ама ајде на кого да објаснуваш. Вас 100 пати ве спасија од испаѓање во 4 лига, ама тоа не е битно, битен е Вардар, нели? Ајде не плачете, добро е што уште сега имате алиби за неосвојување на шампионската титула
2 натпревари ве казнија, се надевам дека истото што го правевте ќе го осетите на своја кожа во блиска иднина.
Не верувам за буџетот на Металург.
Вардар вели дека и требаат 800.000 евра , но со овие пари се прави силна екипа , без конкуренција на домашната лига, а може да се бори и за малку подобро пробивање во европските лиги.
А со овие 250.000 евра од Општината , плус од други извори , и ете го Вардар кандидат за шампионска титула. Ако не беа овие 250.000 евра , вие пак ќе требаше на крај на сезоната да се споите со друга екипа за да не паднете во втора лига.
Ми се обраќаш со ВИЕ , да ти кажам дека не сум дел од Балистите , голема почит за нив.
Јас не гледам песимизам кај Балистите , тие веруваат дека пак ќе станат шампиони , но јас им велам дека ако минатата година ги фативте на сон (не дека сакаа) и станавте шампиони , оваа година ќе сторат се што е можно да ве спречат да победите пак, во тој правец и овие 250.000 евра граѓански пари.
Денеска прочитав во еден албански весник (Журнал Плус) , подпретседателот на Шкендија , Идриз Ибиши , вели дека Шкендија сигурно пак ќе биде Шампион , ќе атакуваат и на Купот.
Според него , оваа година имаат многу посилна екипа , со успешни напаѓачи , на 7 натпревари имаат постигнато 16 гола.
Според него има конкуренција од играчи во клубот , сите квалитетни , па од 25 играчи можат да извадат две прволигашки екипи
Според Ибиши играчите го даваат максимумот. На прашањето на новинарот дали на добрата игра влијаат и наградите , Ибиши одговара дека играчите се професионалци и дека ако немаат квалитет џабе се и наградите.