Кој и како известува во Брисел за состојбите во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување

Мене не ми прави разлика дали е Миленко или некој друг.

Не треба да се настапува селективно во прикажување на изворите.

Завршниот резултат е битен.
 
Нас ни требаат модерни гемиџии па да сотрат се’ што е трулеж и штетно во државава. Штета што Миленко ја има таа идеја, ама нема пари да ја финансира.

Сите што викаат Грујо фашист бил, Хитлер бил, незнам што бил, се гледа оти последната читана книга им е букварот.

Имено, настрана од сите масакри што ги има наредено и холокаустот, за време на Хитлер Германија го доживува најголемиот процут, напредок и изградба во целата нејзина историја...
 
Кога прочитав дека Јелко Кацин бил дел од панел дискусијата, не ми требаше да читам понатаму. Тој човек, пред помалку од недела дена, пред мои уши, а богами и очи го изјави следното: We don't need Macedonians, we need Europeans, заедно со муабетот дека спорот меѓу Македонија и Грција е како брак, еден треба да го смени презимето за да стапат во брачна заедница.

Кога тој човек водел било каква дискусија поврзана со Македонија, можам да замислам на каков начин се дискутирало и дека се поврзано со Македонија било водено на негативен начин.

Ако ми промовираат вредности на слободно изразување, тогаш нека прикажуваат две страни... Ебате Европата ебате...
 
едини кој завзема страна си ти према тоа кометарот или каменот твој мавни си го од главата друго ај пошто си слепа еве ти го мојот коментар пак
али сума сумарум и едните и другите се користата за политичка борба во Македонија.
односно имаме тивка војна меѓу власт и опозиција.
пс земи лупа и читај добро и запамти го тоа што ти е напишано и мисли со своја глава за свое добро

Ти да мислеше немаше да тропаш глупости
Тука не можам да цртам ама вака на кратко.
Антимакедонски став не е исто со антивладин. Со црни сценарија не се оцрнува смо владата туку се оцрнува се дури и ти.
 
Нас ни требаат модерни гемиџии па да сотрат се’ што е трулеж и штетно во државава. Штета што Миленко ја има таа идеја, ама нема пари да ја финансира.
Сите што викаат Грујо фашист бил, Хитлер бил, незнам што бил, се гледа оти последната читана книга им е букварот.
Имено, настрана од сите масакри што ги има наредено и холокаустот, за време на Хитлер Германија го доживува најголемиот процут, напредок и изградба во целата нејзина историја...

Ова е можеби најјакиот пост кој ги имам прочитано во животот!!!
 
Реално, треба и те како да се критикува македонското новинарство бидејќи тоа што го направија по убиството на Мартин Нешковски беше дефинитивно дното, едноставно не смее да се дозволи на таков начин да функционираат медиумите во Македонија ( и во било која друга земја на планетава ), учествуваа во заташкувањето на убиството и работеа во корист на одредена политичка гарнитура бидејќи нели, криминалното работење на МВР по убиството беше на штета на истата ... 21 век my ass.

Па се манипулираше и со протестите и со оние кои протестираа, се дискредитираа одредени личности за што и попија тужби, се резилеа со известувањата за контра-протестите и станаа хит на јутуб, така да единствената добра работа од тоа што се случувало во Брисел е што убиството на Мартин беше тема на разговор, односно начинот на кој известуваа провладините медиуми во врска со тоа убиство, кога ја злоупотребуваа и болеста на таткото на Мартин само за да си го истераат своето.

307760_221529751234278_179020485485205_545955_1953587996_n.jpg


А за ова останатово што се случувало, ми чуе, карикатури, и едните и другите, Секуловска за мене е пола човек пола ништо, што би рекол вечниот ривал на Амди, после напишаното за навивачките песни ( а и од претходно ми беше тежок антипатикус ).
Штета што во ваква расправа се дискутираше за Нешковски, па како што гледате тоа у 10ти план е у моментов, ко да не се десило.

п.с. Некој тука пишал, Миленко бил поим за новинарството у Мкд, браво, иако намерата ти беше друга, ова е точно, таа гнаса од човек, докажан криминалец кој на сметката на други се богател преку неговите манипулации, на вистински начин го отсликува новинарството во Република Македонија.

2010 -2011 мислам дека е еден од најлошите периоди за македонското новинарство, и не, не алудирам на тоа што А1 се затвори ( криминалното работење на Велија беше јавна тајна, иако и селективната битка против криминалот ... е криминал ).
Линк до мислењево на Syn (y) кое не може да се цитира, бидејќи е затворена темата, а е (според мене) единствен соодветен пост на целиов циркус.

До вчера бев пресреќна Македонка, како ли бре им успеа толку брзо да ни го сменат расположението?
 
So Google translate :oops:
"Она што дојде тука, е бумеранг ефект. Можеби тие се чувствуваат горди на она што се случило, но тие паднал Македонија FYOM дури и подлабоко во негативен развој на настаните. За жал, со овој што го прават, тие се повредени, нивната земја, нивните аспирации, и тоа не придонесува за регионалната стабилност, тоа им помага за да се постигне компромис за прашањето за името или да се добие датум за преговори. Европската комисија е во многу тешка позиција, бидејќи ако не се спомене овој инцидент, не верувам дека Европскиот парламент може да одобри извештајот за напредокот на Македонија ",
Jelko Kacin
http://alsat-m.tv/index.php/lajme/vendi/88165.html
 
Ти да мислеше немаше да тропаш глупости
Тука не можам да цртам ама вака на кратко.
Антимакедонски став не е исто со антивладин. Со црни сценарија не се оцрнува смо владата туку се оцрнува се дури и ти.

Значи според ова твое гледиште, доколку јас и некои останати мои истомисленици, каде што има слилни тези, зборуваме и ја критикуваме власта, ја оцрнуваме,тогаш и ние по default имаме антимакедонски став и сме предавници и имаме за цел да го оцрниме името Македонија. Е тоа е проблемот на нашето време, што дојде ред луѓето да се делат на предавници(оние кои имаат само критички став) и на патриоти(оние кои ги хиперболизираат работите и притоа не ја согледуваат реална слика), бидејќи критиката е огледало на демократијата.
 
So Google translate :oops:
"Она што дојде тука, е бумеранг ефект. Можеби тие се чувствуваат горди на она што се случило, но тие паднал Македонија FYOM дури и подлабоко во негативен развој на настаните. За жал, со овој што го прават, тие се повредени, нивната земја, нивните аспирации, и тоа не придонесува за регионалната стабилност, тоа им помага за да се постигне компромис за прашањето за името или да се добие датум за преговори. Европската комисија е во многу тешка позиција, бидејќи ако не се спомене овој инцидент, не верувам дека Европскиот парламент може да одобри извештајот за напредокот на Македонија ",
Jelko Kacin
http://alsat-m.tv/index.php/lajme/vendi/88165.html

Инцидент во Брисел

Германскиот европарламентарец Шацимаркакис се извинува за синоќешниот инцидент, но не и за погрдните зборови. Во изјава за АЛФА тој тврди дека не биле упатени кон новинарите.

Инцидентот се случил на т.н. сослушување што го организирала пратеничката група на либерали и демократи на тема „Замолчување на печатот“, со акцент на слободата на медиумите во Македонија. Велиновска, Нонковиќ и Неделковски не биле поканети на дебатата, но организаторот им дозволил да присуствуваат и да земат учество, но, дури откако завршат повиканите панелисти. Спротиставувајќи се на таквиот приод, тие жестоко реагирале и дошло до инцидент, кој кулминирал со погрдни зборови во коридорите на Европскиот Парламент.

Европратеникот Јелко Кацин вели дека инцидентот ќе предизвика последици за Македонија. Според него, тоа што сношти го сторила групата новинари нема да им наштети само ним, туку и на државата и на нејзините аспирации.

„Тоа што го сторија, ќе се врати како бумеранг. Можеби тие се горди за тоа што го направија, ама тие ја заглавија Македонија, ФИРОМ уште подлабоко во нејзиниот негативен развој. Европската Комисија е во незгодна ситуација, бидејќи, без да се спомене овој инцидент, не верувам дека Европскиот Парламент ќе усвои каков било Извештај за напредокот на Република Македонија“, изјави европратеникот Јелко Кацин.

Здружението на новинарите се огради од однесувањето на новинарите кои присуствуваа на дебатата во Брисел и го осуди однесувањето на германскиот европратеник Шацимаркакис. Според ЗНМ обете групи новинари ја посрамотиле и дискредитирале професија. Во своето соопштение тие потсетуваат дека двете групи во континуитет излегуваат со екстремно спротиставени ставови и не ја одразуваат реалната состојба во македонското новинарство, туку сопствените исполитизирани ставови за слободата на медиумите во Македонија.

Среќко Поповски/Alfa.tv
--- надополнето: Sep 21, 2011 4:20 PM ---
Ја злоупотребиле добрата волја на европратениците , им било дозволено да учествуваат на дискусијата без да бидат повикани , и на крај сакале да ја растурат.

Плус, ова ќе влијае на штета на Македонија. (Не верувам дека Миленко , Мирка и овој другиот , да се дојдени со своја глава , некој ги пратил, а ?).
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: fmi
Европратеникот Звер го осуди однесувањето на Шацимаркакис

Европратеникот Милан Звер изрази жалење поради тоа што на новинарите им беше ускратена можноста слободно да се изразат во Европскиот парламент кој претставува центар на европската демократија и толеранција.
Ова го изјави словенечкиот европратеник Милан Звер, откако го видел видео - материјалот за вчерашниот инцидент на трибината во Брисел на која на неколкумина македонски новинари не им беше овозможен еднаков третман со останатите нивни колеги и беа брутално исфрлени
, како и вулгарно навредени од страна на европратеникот Јоргос Шацимаркакис.
Жалење и осуда на инцидентот искажаа и повеќемина други европарламентарци.
Инаку на вчерашната трибина во Брисел останаа да дебатираат само поранешните новинари од медиумите на Перо Наков.
http://www.24online.mk/778151/indexed.html
 
ВИДЕО: Велиновска: Целта ни беше да направиме скандал

Ние решивме, бидејќи таква е ситуацијата и сценариото, да ја растуриме дебатата за состојбите во
медиумите во Македонија, така што ќе направиме скандал, со оглед на тоа дека оваа панел дискусија беше демонстрација на едноумие и евроболшевизам. Ова го изјави новинарката Мирка Велиновска по вчерашниот скандал во Европскиот парламент во Брисел со нејзините колеги Миленко Неделковски и Бобан Нонковиќ, од една страна, и европратеникот Јоргос Шацирмакакис, од друга страна, со што ги откри намерите на тројцата новинари за посетата на европската престолнина.

Неделковски нападна дека новинарите кои беа дел од говорниците на оваа дискусија, меѓу кои беа Борјан Јовановски, Билјана Секуловска, Тања Милевска, се предавници, чија задача, според него, била да кажат се најлошо за државава, за да добие лош извештај на Европската комисија во делот на медиумите. Нонковиќ, пак, застана во одбрана на неговата колешка Велиновска, која, како што кажа, е постара госпоѓа, а нив Шацирмакакис грубо ги оттурнал од вратата. Токму тие двајца, како што може да се види од видеоснимките, беа најбучни во салата каде што се одржуваше дискусијата, по што европратеникот експресно ги исфрли.

izvor
http://www.plusinfo.mk/vest/16164/VIDEO-Velinovska-Celta-ni-beshe-da-napravime-skandal
 
ШАЦИМАРКАКИС И КАЦИН НЕДОСТОЈНИ ЗА ЕВРОПРАТЕНИЦИ!
и претставиваат срам за европските демократии.
(y)СМК (y)бара итно разрешување на Шацимаркакис од претседател на мешовитиот Комитет на Европскиот парламент за Македонија, затоа што скандалот со македонските новинари и лажирањето на неговиот докторат го прават недостоен за таа функција.
 

Немам намера со тебе да правам криви дрини, уште помалце можам да ти забранам нешто за кое од дома требало да те научат или воспитаат.

Но кога неможеш да смогнеш сили и премиерот на Македонија да го наречеш премиер пошто сакал ти или не или ти се допаѓало тоа тебе мене или не, и да ја почитуваш вољата на народот иако очигледно не ти е по кеф, а од друга страна го оправдуваш јавното вреѓање на македонски граѓанин па макар и тој што го вреѓал бил во право (што во случајот и не мислам баш така), па уште и се ситиш, само за себе си кажува се и понатамошен коментар е излишен.
 
немам намера со тебе да правам криви дрини, уште помалце можам да ти забранам нешто за кое од дома требало да те научат или воспитаат. но кога неможеш да смогнеш сили и премиерот на македонија да го наречеш премиер пошто сакал ти или не или ти се допаѓало тоа тебе мене или не , и да ја почитуваш вољата на народот иако очигледно не ти е по кеф а од друга страна го оправдуваш јавното вреѓање на македонски граѓанин па макар и тој што го вреѓал бил во право( што во случајот и не мислам баш така), па уште и се ситиш, само за себе си кажува се и понатамошен коментар е излишен.

koga ce si platen za svojata rabota, dobor od svojot gazda sekako deka ce si mu blagodaren i toa e dobro ama ne site slobodoumni gragjani razmisluvaat kako tebe. A kumot na imeto ti e poznat znaci ne kazuvam nisto novo go imenuvam onaka kako sto saka sam da mu se prestavi na narodot.
nitu se sitam nitu mu zaviduvam na nivnata budalastina, kade pred belosvetka evropa ne rezilat i blagodarenie na nivnata pozrtvuvanost ce dobieme negativni ocenki od Evropskata komisija blagodarenie na nivnata dobro isplanirana strategija za skandal.
moralot se uci od doma za zal toa ti ne go poseduvas nitu imas doblest da zboruvas za istoto i zapamti covek bez svoe mislenje ne e covek toa e marioneta koja se stima po potreba onaka kako mu odgovra na gospodarot prema negovite potrebi.
iluzorno e da se zboruva so nekoj koj stoicki se drzi do mislenjata na svojot gospodar.
--- надополнето: Sep 21, 2011 5:07 PM ---
Вести

ЗНМ го осуди вчерашниот инцидент во Брисел


21.09.2011
Здружението на новинарите на Македонија во писмена реакција се оградува и го осудува однесувањето на новинарите кои вчера во Брисел на панел-дискусија за состојбите во новинарството во Македонија како што велат, целосно ја посрамотија и дискредитираа професијата.Во соопштението е наведено дека наместо дебата и дискусија за подобрувањето на состојбите две групи новинари се потрудија да ја дисквалификуваат работата и активностите на ЗНМ. Здружението смета дека затоа што ниеден од колегите кои вчера биле во Брисел минатата недела не учествувале на дебатата на ЗНМ за состојбата на медиумите па нивната намера не била да се подобрат сосотојбите, туку да се опструираат напорите на Здружението. ЗНМ го осудува однесувањето на европратеникот Јоргос Шацимакакис, кој вчера на дебата за состојбата на медиумите во Македонија организирана во Европскиот парламент навреди македонски новинари со погрдни зборови.
Исто така, ЗНМ потенцира дека и македонските новинари треба да се однесуваат согласно етичките стандарди на Кодексот на новинарите.

http://www.time.mk/read/af8b658c6c/5ed69fc184/index.html
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom