Во врска со дејноста, постои посебна дејност кога ја регистрираш фирмата во централен регистар и гласи "Интернет Портали", меѓутоа мање више и не е толку битно, нема врска дејноста со тоа што го работиш, обично сите работат СЕ во денешно време, ниту па ако утре ти текне да продаваш софтвер да речеме, некој ќе ти рече нешто.
Кога станува збор за фирма, постои Сопственик, Управител и Вработен/и. Во мојов случај јас сум сопственик и управител, меѓутоа не сум пријавен како вработен, така да фирмата може да функционира без вработени. Моментално работам во сосема друга фирма, така да од мојата не трошам пари за придонеси и пензиско и инвалидско осигурање. Инаку давачките се отприлика 45% од нето платата што ја зима вработениот. Успат и студирам. Целосно законски е ова. Од минатата нова година го сменија законот, можеш да студираш и да си пријавен како вработен.
Не ддв обврзник може да биде секоја фирма што при регистрирањето ќе се пријави како таква и годишно ќе прави промет помалку од 2 милиони денари годишно. До лани имаше друг закон кој беше до 1.200.000 денари, меѓутоа оваа година е зголемен износот. Зашто да плаѓаш данок за џабе?

Кога станува збор за портал или некоја друга услуга, продаваш воздух со други зборови и џабе од продадениот воздух ќе и даваш 18% на државата кога скоро ништо нема да имаш со што да пребиеш.
Тој паушален данок што го спомна, немам појма кој е, али сигурно не постои, барем не за ДОО и ДООЕЛ. Единствените трошоци што јас ги имам за фирмата се 130 денари месечно за радиодифузна такса, 7000 за фирмарина, и месечно за книговодство. Нема никакви други даноци или скриени трошоци. Ако имаш вработени, трошок ќе ти биде нивната плата со соодветните придонеси. Ако сакаш да вадиш пари од сметка, тогаш се одданучаат, се плаќа персонален данок, али има начини како да го покриеш и тоа... така да мислам дека доволно ви е разјаснето, не е темава за понатака да се. Затоа е многу битно да изберете добар книговодител што е во тек со сите нови закони...