Зошто за се' се жените криви па и за ова? Познавам многу мажи кои по раскинување на долга врска, влегле во нова и после 2-3 месеца стапиле во брак, а нивната екс девојка немала ни д од дечко, а не па брак.
Иначе и мене овој феномен ми е крајно несфатлив. Додуша јас неможам ни да ги разберам особите кои одма после прекин на врска влагаат у нова врска, пошо ги учеле дека клин со клин се вади- драпај си таквото, ама па ова ми е ептен бљак. Како може некој со кој до вчера сте кроеле планови за иднина, имало чувства, емоции, сте граделе врска на некои си за вас цврсти темели, денес поради некоја си причина одма да го замените за нов, толку да цвета љубовта и по 2 месеци врска да му кажете да?

Не ми е јасно, зошто некои личности се толку безобразни, лицемерни и себични (у стил ниту ја јадам коската, ниту давам некој друг да ја јаде) кога ќе забележат дека љубовта веќе избледува, зашо сеуште го малтретираат партнерот да остане со нив?
Па кажи бе говедо едно, не чувствуваш ништо кон партнерот, си се оладил, кажи му човечки. А не оп-троп, ја ојдов за друг/а

Не можам да ги сфатам оние кои рипаат одма у нова врска, а и прашање е колку таа врска не траела додека биле во врска со партнерот на кого му раскинуваат. Е, од такви ми се повраќа.