Пречекот на кошаркарите - впечатоци

  • Креатор на темата Креатор на темата _Тони_
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ќе присуствувате на пречекот на Македонските кошаркари?


  • Вкупно гласачи
    246
  • Гласањето е завршено на .
kako e mozno ova ponedelnik i e raboten den da se sobirat 100.000 luge??!!i premierot i pretsedatelot go krshil zakonot a komu profesorite, ucenicite, doktorite i drugite luge se znae deka e prekrasno sho stigna dotolku iako ne donesoa medal, se znae i cuvstvoto na maliot da se zapoznava megu golemite, no sepak zakonot ne treba da se krsi. blagodaram!
Arta :)

Вие за некој глумец што имал пра пра пра пра дедо од Тетово се собирате во скоро толкава бројка а не па ние за ваков успех.Работен не работен ние се собравме и им оддадовме почит на нашите херои да беше покасно и повеќе ќе дојдеа но што е тука е.
Инаку незнам како ви успева да се појавите на секој тема се котите ко глувци ...
 
Се зачленив во форумот пошто ме иритираа некои постови..Албанка сум по националснот и сакав од се срце да им ја честитам победата на Македонија и на македонските кошаркари..Иако не сум следедела многу спорт, а уште помалку кошарка, последните натпревари на македонскта репрезентација сум ги гледала со посебни емоции, сум се радувала на секоја нивна победа, а сум била и многу напната и под стрес во оние натпревари кога во последните секунди требаше да се реши кој ќе продолжи понатаму..Не би сакала меѓу македонците да се развие такво мислење дека албанците не се израдувале за ваквата победа, која е победа на сите граѓани на Република Македониа..Токму ова сакав ди ви го докажам, дека јас, целто мое семејсто, роднини и пријатели сме навивале за тие играчи кои играа со се срце и вложија толкав напор и труд за да стигнат до оваа место..Сакам да изградиме соживот за кои треба да се залагаме сите а тоа сметам дека најдобро ќе го постигнеме ако се обединиме и заедно се радуваме и славиме за вакви настани..Дечките играа феноменално и го заслужија вчерашниот пречек што им се направи..Јас посебно навивав за Илиевски, ептен ми е фин и скромен дечкото а и супер ја организираше целата игра..Се надвам до година и во наредното ЕП сите да бидат пискусни и ова да биде поттик за нив и да ни дојдат со некој медал, зошто да не :D

Иначе прочитав некои интерсни факти во дневниот весник Капитал па сакав да ги споделам со вас:

ФАКТИ ЗА ПОЛУФИНАЛЕТО МАКЕДОНИЈА-ШПАНИЈА

Никој на европското првенство не успеа да води на полувреме против Шпанија. Резултатот на полувремето на натпреварот Македонија-Шпанија 45:44

Македонската репрезентација е единствената на турнирот која на Шпанија успеа да и даде 27 поени за една четвртина, а најблиску до ова беа Полјаците (26) и Турците (25).

Македонија е единствената селекција на турнирот која во натпреварот со Шпанија успеа да и се спротистави на кошаркарската велесила во меч во кој двајца наши кошаркари, Владо Илиевски и Перо Антиќ, беа присутни на паркетот сите 40 минути. Најблиску до нив се Германците, Дирк Новицки и Хajко Шафарцик, двајцата по 36 минути.
 
Ова со фактиве од капитал мислам има грешка . Може грешам незнам ама мислам и Словенија водеше со Шпанија на полувреме и тоа со 4 коша .
Може сум грешка , кој знае нека потврди ...
 
Ова со фактиве од капитал мислам има грешка . Може грешам незнам ама мислам и Словенија водеше со Шпанија на полувреме и тоа со 4 коша .
Може сум грешка , кој знае нека потврди ...
Губеше со 4. Водеше само во прва четвртина, на крај изгуби со 20+ разлика.
 
Ова со фактиве од капитал мислам има грешка . Може грешам незнам ама мислам и Словенија водеше со Шпанија на полувреме и тоа со 4 коша .
Може сум грешка , кој знае нека потврди ...
Водеше прва четвртина после не знаеа кај тераат
 
Дечки ја расипавте темата. Незнам каква потреба имате да се расправате со небитни ликови, на кои всушност целта им е да растурат вакви теми.
Искрено ме заболе ако на некого му е криво за нашите успеси.
Јас се надевам дека некогаш ќе се организираат светски или европски првенство за тероризам, дилање на дрога, оружје или органи, проституција и бело робје, тогаш ќе може и некој наши соседни земји да играт во полуфиналето, се додека тоа не се случи не им останува ништо друго него да седат на тастатура и да се обидуват да растуран нечија забава.
Затоа кулирајте и уживајте во успесите на нашите спортисти.
 
Кошаркарската репрезентација ги доби заслужените медали

Сликиве изгледа се од сони ериксон т 230 со камерчето што се додаваше на телефонот :icon_lol:
http://kurir.mk/makedonija/vesti/42910-Video-Kosarkarite-go-dobija-zasluzeniot-medal
http://www.facebook.com/macedonianpresident
иначе гости во дневникот на сител во 19 ке бидат кошаркарите
 
Се зачленив во форумот пошто ме иритираа некои постови..Албанка сум по националснот и сакав од се срце да им ја честитам победата на Македонија и на македонските кошаркари..Иако не сум следедела многу спорт, а уште помалку кошарка, последните натпревари на македонскта репрезентација сум ги гледала со посебни емоции, сум се радувала на секоја нивна победа, а сум била и многу напната и под стрес во оние натпревари кога во последните секунди требаше да се реши кој ќе продолжи понатаму..Не би сакала меѓу македонците да се развие такво мислење дека албанците не се израдувале за ваквата победа, која е победа на сите граѓани на Република Македониа..Токму ова сакав ди ви го докажам, дека јас, целто мое семејсто, роднини и пријатели сме навивале за тие играчи кои играа со се срце и вложија толкав напор и труд за да стигнат до оваа место..Сакам да изградиме соживот за кои треба да се залагаме сите а тоа сметам дека најдобро ќе го постигнеме ако се обединиме и заедно се радуваме и славиме за вакви настани..Дечките играа феноменално и го заслужија вчерашниот пречек што им се направи..Јас посебно навивав за Илиевски, ептен ми е фин и скромен дечкото а и супер ја организираше целата игра..Се надвам до година и во наредното ЕП сите да бидат пискусни и ова да биде поттик за нив и да ни дојдат со некој медал, зошто да не :D.

Секоја чест за тебе и верувај дека на Македонците многу им значи кога се радуваме сите заедно. Вчера слушав на Јади Бурек исто така се зборуваше дека многу Албанци ја славеле победата. Ова сега за сега се потенцира како некое чудо да се случува, да се надеваме дека во иднина ќе стане пракса.
 
^ Еве повели


сега за сега го најдов уште ова, инаку сметам дека ќе има уште многу видеа од ова, од друг агол, од сите страни, ова е вистински момент, ова е историја, најверојатно овие денови ќе има уште видеа од овој чин.
 
Се зачленив во форумот пошто ме иритираа некои постови..Албанка сум по националснот и сакав од се срце да им ја честитам победата на Македонија и на македонските кошаркари..Иако не сум следедела многу спорт, а уште помалку кошарка, последните натпревари на македонскта репрезентација сум ги гледала со посебни емоции, сум се радувала на секоја нивна победа, а сум била и многу напната и под стрес во оние натпревари кога во последните секунди требаше да се реши кој ќе продолжи понатаму..Не би сакала меѓу македонците да се развие такво мислење дека албанците не се израдувале за ваквата победа, која е победа на сите граѓани на Република Македониа..Токму ова сакав ди ви го докажам, дека јас, целто мое семејсто, роднини и пријатели сме навивале за тие играчи кои играа со се срце и вложија толкав напор и труд за да стигнат до оваа место..Сакам да изградиме соживот за кои треба да се залагаме сите а тоа сметам дека најдобро ќе го постигнеме ако се обединиме и заедно се радуваме и славиме за вакви настани..Дечките играа феноменално и го заслужија вчерашниот пречек што им се направи..Јас посебно навивав за Илиевски, ептен ми е фин и скромен дечкото а и супер ја организираше целата игра..Се надвам до година и во наредното ЕП сите да бидат пискусни и ова да биде поттик за нив и да ни дојдат со некој медал, зошто да не :D

Иначе прочитав некои интерсни факти во дневниот весник Капитал па сакав да ги споделам со вас:

ФАКТИ ЗА ПОЛУФИНАЛЕТО МАКЕДОНИЈА-ШПАНИЈА

Никој на европското првенство не успеа да води на полувреме против Шпанија. Резултатот на полувремето на натпреварот Македонија-Шпанија 45:44

Македонската репрезентација е единствената на турнирот која на Шпанија успеа да и даде 27 поени за една четвртина, а најблиску до ова беа Полјаците (26) и Турците (25).

Македонија е единствената селекција на турнирот која во натпреварот со Шпанија успеа да и се спротистави на кошаркарската велесила во меч во кој двајца наши кошаркари, Владо Илиевски и Перо Антиќ, беа присутни на паркетот сите 40 минути. Најблиску до нив се Германците, Дирк Новицки и Хajко Шафарцик, двајцата по 36 минути.

Браво за тебе.Но во некои други градови,албанците го славеа поразот на Македонија.Свиреа со коли и извикуваа;-Шпанија,Шпанија''.
Just sayin...
 
Ле јас гледав на ТВ, прејјако.. посебно она „Лестер Бо Меккелеб ОООО “ и моментот кога рече „ Да живее Македонија“. Клипот си го гледам по 10 пати на ден..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom