Боли да му се невиди....и тоа многу.
Жал ми е за нив...најмногу за Бо и за Илиевски кои што го носеа цел тим на свој грб.
Сите тука што коментираат дека 4-то е успех и дека фактот што изгубиле не е важен се максимално себични...ако мислите дека Дамјан или Чековски ке спијат мирно во наредните 2 месеци се лажете.Тие играат и за нив како спортисти не само за вас.
Ваква историска шанса за медал тешко дека ќе дојде во скоро време особено ако се земат годините на Гечевски,Илиевски и Антич.Буквално на 20 секунди пред крај мечот беше нерешен.Едно е Шпанија која сосема заслужи да победи а друго е Русија која што и покрај нашата максимално слаба игра,најслаба заедно со мечот против Црна Гора не можеше никако да се одлепи.Не е проблемот што изгубија,јас како што кажав по мечот со Шпанија,бев погорд на тој пораз отколку на сите останати победи ама начинот е тој што ке пече долго време.
Да бидеме реални,Дамјан покажа дека не е сеуште созреан да игра важни натпревари...цело првенство слушаме од Игор дека имал мека рака,ама тоа не се покажува против Овче Поле туку на важни натпревари.Еднаш не го покажа тоа на ова првенство.Во 3 четвртина направи 3 фаули за 45 секунди и 7 минути игравме во бонус,џабе игравме добро во напад кога секој фаул шутирааа слободни.А тоа дека дека му се случува на секој не држи затоа што тој не промаши на пример чист шут за тројка,што може да му се случи на секого...промаши положување односно од страв не ни шутна како што треба.
Како и да е,пак ќе кажам,не ги обвинувам за ништо,само самите ќе се каат што пропуштија долго,долго време.