Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Дај кажете некој добар филм. Предност давам за ептен страшен хорор или пак ептен добра (америчка-како секогаш) акција.

The Others - ако не ти е гледан од страна на хорорите.

а акција............... Iron Man, Ip Man, I Am Legend (драма, акција и многу малку хорор, но многу добар филм), а да....

EQUILIBRIUM - еве ти закон филм ако сакаш акција.
 
Еквилибриум е дефиниција за акција колку што е и Монти Пајтон и Светиот Грал историски/воен филм!

Акцијата во филмот (иако ја има и е доста добра) е баш најмалку битна во филмот.
 
Еквилибриум е дефиниција за акција колку што е и Монти Пајтон и Светиот Грал историски/воен филм!

Акцијата во филмот (иако ја има и е доста добра) е баш најмалку битна во филмот.
 
Bad-Teacher-Poster-Cloe-Up-3-10-11-kc.jpg
Го гледав вчера во кино Милениум.
Ми го препорачаа како многу интересна комедија, па не беше нешто посебно. Очекував нешто повеќе.
Филмот изобилува со доста вулгарности, а салата беше преполна со мали деца под 12 години. Требало да стават некакво предупредување дека филмот е бар 12+.
За овој дел си во право, вриеше од родители со нивните деца, а една од првите сцени беше (слободен цитат): „Спремај се да ти го испушам како на...“

А инаку, доколку не влезете со некакви посебни очекувања од овој филм, може да ви исполни 90-ина минути во кои некои делови се истакнаа со оригинален хумор и сплетки. Идеален за тепање време, но ништо повеќе.
А каков треба да е филм со постер во кој Камерон Дијаз е со голи нозе? Па и бед тичер сигурно не се мисли на лоша учителка која става кецови, се подразбира дека е нешто поеротско, не знам што мислеле тие со деца што иделе. Се знае какви се модерниве комедии, без нешто еротско слабо да ќе најдеш. Деца се знае на какви филмови се носат во кино ко мали, мене на Кралот Лав и на Мулан ме носеа, не на Pretty Woman и било кој филм да беше актуелен кога бев мала :) :) :)
 
Еквилибриум е дефиниција за акција колку што е и Монти Пајтон и Светиот Грал историски/воен филм!

Акцијата во филмот (иако ја има и е доста добра) е баш најмалку битна во филмот.

Хмм значи не ми излегол постот како што треба, пишев од мобилен (а мобилната верзија на форумов за тие што немаат Touch телефони е срање...).

Зборот ми беше тоа е и убавината во Еквилибриум, освен тоа што е супер акција, има и одлична содржина.

Филмот е З А К О Н и е штета за секој еден што не го изгледал.
 
Еквилибриум е уствари комбинација од Nineteen Eighty-Four (1984), според делото на Орвел (содржинскиот дел) и The Matrix (1999) (акциониот дел). Еден од моите омилени филмови, сигурно би влегол во топ 100 кога би направил листа.
 
Мислам дека е време да и се придружиме на Рокенрола во клубот..
The.Tree.of.Life.2011.480p.BRRip.XviD.AC3-EVO

За лимитираните, има brrip од 700mb.
 
Филмот би требало да е одличен.
Ако прашуваш за снимката, па watch-aбилна е. Зборов еј...
2.60 е ама не ми се чека веќе.

9ddmz7pz5j8cxayiqh.png

rojmfgteczrwclv2gxsr.png
Да за сликата прашувам, според скриншотовиве и повеќе од watch-абилна...
Ај да видиме што чудо е ова :D
 
А каков треба да е филм со постер во кој Камерон Дијаз е со голи нозе? Па и бед тичер сигурно не се мисли на лоша учителка која става кецови, се подразбира дека е нешто поеротско, не знам што мислеле тие со деца што иделе. Се знае какви се модерниве комедии, без нешто еротско слабо да ќе најдеш. Деца се знае на какви филмови се носат во кино ко мали, мене на Кралот Лав и на Мулан ме носеа, не на Pretty Woman и било кој филм да беше актуелен кога бев мала :) :) :)
Мене ми е смешно тоа што одат во кино на филм од 2011 на кој што пишува „Comedу“ и очекуваат филмот да биде смешен :)
 
Мене ми е смешно тоа што одат во кино на филм од 2011 на кој што пишува „Comedу“ и очекуваат филмот да биде смешен :)
Е ајде де, оди објасни му на Јонзе...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom