Македонија - Русија, (меч за третото место) 18.09.2011, 16:30 часот

  • Креатор на темата Креатор на темата Мартин`
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ќе победиме ?

  • Да!

    Гласови: 236 86,8%
  • Да!

    Гласови: 36 13,2%

  • Вкупно гласачи
    272
Него зашто Мираковски не доби поголема минутажа на шампионатов воопшто? Ми изгледаше доста солиден за оние минути кои ги одигра а за роатција ќе беше супер, подобар него ли Соколов.
 
Браво за кошаркарите.Овие што критикуват знаат ли со кој се држеа нашите кошаркари знаат ли против какви кошаркарски сили парираа повеќето ги победија.
Но на кој да објаснуваш повеќето почнаа да пратат кошарка од ова лето.
Уште еднаш браво за кошаркарите за убавите мигови против Црна Гора,Хрватсла,Словенија,Грција,Грузија,Финска,Литванија,Русија,Шпанија.Не што не не засрамивте туку бевме горди по сите натпревари.
 
следното европско или светско првенство нашите ќе мора да повежба за тројки и прецизни кошеви и храбро срце како и да е респект и почит на нашите кошаркари.
 
Ич не е за кривење детето оти и да дадеше ќе беше само нерешено со 5-6 секунди напад за Русија и лесно можеше да ни се повтори претходниот натпревар ама русиве среќа невидена еј :place: Ама верувам дека има Господ и во квалификациите за ОИ ќе си го добијат своето. Е дури тогаш има да наплатиме дебело за триве порази досега :D
 
Па да му ебам мајката...како сакате кажете мене многу ми го грди досегашниот успех овај пораз. Па ако толку играме со редуциран тим, со лични, со изморени кошаркари нека не тепаат 20 разлика, а не вака со драматични завршници и пак се на нивна страна да биде. Ебати русите ебати не баре малку медаљи земаа досега па уште оваа бронза им фалеше......многу сум изнервиран, многу.....:mad:

Исто и јас!Немогуче е толкава среќа на 2 пати едно по друго.Сега од табла пак ,тогаш од табла.А наши топки од кош излегвеа.
И не успеавме при резултат 55-52 три напади последователни да изиграме.Тука е нашата грешка.Додај на то дека се русиве праени од позади и ОГРОМНАТА судиска помош (ако беа толку јаки не им требаше помош) и ете ги резултатите.Гледам на крај сме имале скоро исти проценти на реализација им се враќаме од 11-12 разлика и на крај пак немаме среќа.Еднаш барем еднаш!
 
Не може да ги сакаме само кога победуваат, Војдан одигра феноменални натпревари и еден од најзаслужните против Литванија!

Игравме со ограничен фонд на играчи, сепак догуравме волку далеку, еххх волку волку!!! :)
 
И уште нешто за тие што плукаат по нашите херои !

Самите не сте свесни изгледа каков успех направија !

Потсетете се што пишувавте после победата над Грција


А да не зборам после победата над Литванија


УТРЕ ДОСТОЕН ПРЕЧЕК ЗА НАШИТЕ ХЕРОИ !
 
Браво за нашите херои! Достојно ја претставија МАКЕДОНИЈА, го направија она што никој друг не успеал- не' обединија. Пред почетокот 4то место ни беше само сон!
 
Многу слабо игравме, комплетно како тим не функциониравме добро а ни како поединци, се на се комплетно слаба игра од сите наши играчи а со таква игра тешко сепобедува Русија.
Од Дамјан невидов ништо добро изиграно ни на еден меч од ова првенство, и мислам дека не заслужува да игра понатаму а особено не во клучни моменти како овој со Русија. :)
 
Како очекуваме да победиме кога Русите ни прават 999999999999999999 офанизвни скокови на нашиот кош и со тоа можеби постигнаа 1/4 од нивните кошеви...како очекуваме кога нашите играчи беа истрошени до максимум..како очекуваме кога Дамјан прави аматерска грешка...како да очекуваме кога и Кириленко почна да годи тројки...како и да е горд сум на овие дечки,малце исфруструиран сум од поразот бидејќи не беа нешто посебно Русите и три пати со ред губиме од нив тесно..ах
 
Едно големо благодарам за нашите кошаркари кои ни ги приредија најубавите 18 дена во спортската историја на Македонија.Едноставно не стигна заморот,ама пак не се даваа и изгубија во неизвесна завршница.
Браво момци,ова европско првенство ке се памти по вашите успеси
 
Центрите нас не шитнаа, не Стојановски, волку офанзивни скокови не сум видел на ни една утакмица, ко за две глави помали да бевме...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom