Секакви рецепти

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.113
^

Уффф како идат со пивце ладно, али ладно кочан. Само мала допуна направив и на прстите. На крај откако ќе ги збрцав у филот со пиво јајца и брашно ги мрцнав и у презла. Милина.
хаха- за покрцкави- фино ти текнало ,
незнам дали ги имаш пробано и оние руските „ КУСОЧКИ“ -ги има мислам во тинекс-у паковање помало од пола килограм се , а се стварно вкусни и брзи за спремање - само тартар ќе си напрајш и пивце до тебе- :cug:
 
Член од
9 јули 2011
Мислења
58
Поени од реакции
21
Ајде членови земете ги тетратките од својата мајка и напишете го вашиот омилен рецепт(кифлички,благо,ролат,разни солени салати,омилен ручек)зошто да купуваме списаниа за рецепти кога ние можеме да си дадеме некои совети јас искрено обожавам да експериментирам со храната и да учам нови работи.Па секако ке ви се најдат и на вас.
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
1.424
Поени од реакции
789
Ако земам тетратката милион рецепти ќе напишам али ајде утре тоа, очекујте од мене најмалку 5 :D
 
Г

Гучи

Гостин
Нес торта

6 белки и 6 лажици шекер се матат и се додава 3 лажици брашно, 1 лажица зејтин, 100 грама сецкани ореви и 100 грама суво грозје. Се пече (во четвртаст плех) на тивок оган (150 степени), потоа се сече на 3 еднакви ленти.​
Фил:​
6 жолчки се матат со 6 лажици шекер во прав. Во одделен сад се матат 250 грама маргарин, 100 грама стопено чоколадо и 1 голема лажица нес кафе, и на тоа се додаваат претходно изматените жолчки и шекер. И на крај се филува и се јадеее :vozbud:
Тортава е еб*ње, сеа ке ја напнам мајка ми да ми ја направи :pos:
 

Decoturf

Базинга
Член од
30 октомври 2010
Мислења
504
Поени од реакции
74
да пукнете, ме настрвивте лиги ми течат :( инаку супер тема (y)
 
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873
Салата од макарони со туна.
Потребно:​
1.кесе макарони(може и повеќе/помалку зависи од потребата)​
1.лименка мелена туна​
4-5 лажици мајонез​
и по вкус може да се додатат ореви,да се изрендаат корнишони..​
само макароните се варат,другото се меша,и се јаде.​

Едноставна салата(а може и како главно јадење да служи),а е многу вкусна,и е едно од ретките нешта што знам да ги напрвам​
 
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873
Салата од макарони со туна.
Потребно:​
1.кесе макарони(може и повеќе/помалку зависи од потребата)​
1.лименка мелена туна​
4-5 лажици мајонез​
и по вкус може да се додатат ореви,да се изрендаат корнишони..​
само макароните се варат,другото се меша,и се јаде.​

Едноставна салата(а може и како главно јадење да служи),а е многу вкусна,и е едно од ретките нешта што знам да ги напрвам​
Само што си направив,па ко воли нек изволи
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Крем Бруле



Гурман™ | 18 септември, 2011 | 0 коментари

(2 гласа, просек: 5,00 од 5)

Овој викенд решивме да ве изненадиме со еден десерт на кој му се поклонува целиот свет. Крем Бруле е нешто навистина посебно. Нешто што не може да се спореди со другите десерти. Гурман™, тоа вкусно задоволство го носи во вашите домови.

СОСТОЈКИ (за 5 лица)
• 6 жолчки од јајца
• 75 гр бел шеќер
• 3 мл екстракт од ванила
• 600 мл слатка павлака
• 25 гр кафен шеќер
ПРИГОТВУВАЊЕ
Загрејте ја рерната на температура од 150℃. Изматете ги жолчките од јајцата, додадете 4 големи лажици бел шеќер и ванила и потоа матете сѐ додека не добиете густа и кремаста текстура.
Ставете ја слатката павлака во сад за готвење и потоа загрејте ја на тивок оган. Пред да започне да врие, отстранете ја од шпоретот и помешајте ја со смесата со жолчки. Таа смеса ставете ја во помал сад , а тој во поголем сад во кој има вода која врие. Варете околу три минути и потоа отстранете од оган.
Смесата потоа ставете ја во огнотпорен сад и печете околу 30 минути. Оставете да се излади до собна температура и потоа ставете ја во фрижидер (1 час најмалку).
Во мал сад, измешајте 2 големи лажици бел шеќер и 2 кафен шеќер. Посипајте ја смесата по рабовите на тестото. Потоа, ставете ја во двоен сад, во кој долниот има вода која врие, за да се стопи шеќерот. Треба да бидете внимателни да не прегори шеќерот, затоа држете го околу 2 минути. Поедноставна варијанта би била да го стопите шеќерот и потоа да го прелиете.
Оставете да се излади во фрижидер и потоа сервирајте.​
 

~Bunny

Magic wand...
Член од
13 септември 2010
Мислења
902
Поени од реакции
1.266
Индиски лепчиња
Потребни состојки:
  • 900 г брашно
  • 1 квасец
  • 1 супена лажица шеќер
  • 1 супена лажица сол
  • 1 квасец
  • 300 мл млеко
  • 80 мл павлака
  • 2 супени лажици маслиново масло
  • 1 јајце, нежно проматено
Начин на подготовка: Во сад со средна големина, промешајте ги брашното, квасецот, солта и шеќерот и тргнете го садот настрана.
Во друг сад помешајте ги млекото, павлаката, маслиновото масло и јајцето. Потоа во него префрлете го миксот со брашното и заедно измешајте ги убаво, дур не добиете тесто. Со миксер за тесто, промешајте го тестото барем уште три минути. Потоа извадете го тестото од садот и ставете на површина покриена со брашно. Исчистете го садот убаво, намачкајте го со путер и вратете го тестото назад. Оставете го да стаса 30 минути.
Рерната пуштете ја да се згрее на 250 степени.
Откако тестото ќе стаса, поделете го на 12 еднакви парчиња и покријте ги со крпа или со целофанска фолија. Земете неколку растегнете ги во еднаква должина и ширина и ставете ги во тавче намачкано со путер. Тавата со вака приготвените лепчиња оставете ги да се попечат барем 10 минути, додека не се заруменат малце и притоа проверувајте каква е состојбата бидејќи секоја рерна е различна.
Откако индиските лепчиња, традиционално нарачени „naan“ ќе се испечат, можете да ги намачкате со сос од лук, магдонос и путер. Стопете 100 грама путер на оган и во него додадете 2 истолчени чешниња лук. Додека е сосот топол, намачкајте си на индиското лепче и одозгора посолете малку сечкан магданос.


 

Nymphadora

Емоцинално незрело џубре
Член од
2 февруари 2009
Мислења
986
Поени од реакции
1.672
Кубански ориз со пилешко

  • 600 гр пилешко филе
  • 3 лажици палмино масло (или обично)
  • сол
  • 100 гр сецкан кромид
  • 150 гр ориз
  • 2 чешниња лук
  • 1 конзерва доматен сос (400гр)
  • 1 пилешка коцка за супа
  • ловоров лист
  • 1/2 лажичка мелен ѓумбир

  • 1/2 лажичка мајчина душица​
Начин на подготовка:

Пилешкото малку посолете го и исечете го на коцки. Во широка тава пропржете го пилешкото во масло додека не стане златно жолто. Додадете сецкан кромид и пржете кратко. Во тавата со пилешкото додадете ориз (пропржете го малце), столчен лук, доматен сос, коцката за супа, ловоров лист, ѓумбир, мајчина душица и истурете вода до врв од тавата. Поклопете и оставете да крчка на тивок оган 15 минути со повремено мешање. Ако е потребно на крајот уште еднаш посолете.
 
V

Vollstandig

Гостин
1 јајце
1 тавче
Масло
Рингла

Јајцето се крши се одстранува лушпата и се тура во тавата со масло која претходно е загреана на рингла од шпорет горење и го пржите додека не се зацврсни структурата повремено го поливате со жешкото масло и го вадите во тајнир и ручате.
 

PMS

карпошова ќерка
Член од
28 септември 2011
Мислења
23
Поени од реакции
17
манијак сум за рецепти собирање, експериментирање, и слично, а апсолвирав на француска салата:
400 гр шунка свинска (преферирам деликатес на ПКБ)
3 краставици поголемки
3 лажици супени преополни мајонез
сирење (количина по желба, не помалку од 100 гр)
3 павлаки, најдобро спитико/стипико (како и да е) или крикри
100 гр ораси
ако ве мрзи да сецкате на коцки, можете да ги изрендате краставицата и шунката, мада повкусна е кога се сецкани. краставицата оставете ја едно пола саат да се исцеди цела вода од неа, ако треба и со рака истискајте ја, само да нема вода ич. орасите се дробат со сукало или онаа алаткана за дробење, сирењето се ренда на покрупно, се мешаат сите состојки со мајонезот и павлаката, се декорира со варени јајца, маслинки (зелени со бадемче), вино бело се точи, чипс ребраст, се викаат 3-4 другарки на гости, и се праи маф за 3 ипол минути
 

Kajgana Shop

На врв Bottom