Македонија - Русија, (меч за третото место) 18.09.2011, 16:30 часот

  • Креатор на темата Креатор на темата Мартин`
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ќе победиме ?

  • Да!

    Гласови: 236 86,8%
  • Да!

    Гласови: 36 13,2%

  • Вкупно гласачи
    272
Од ова Европско,ние поставивме нови стандардни.После ова,никој нема да ја гледа Македонија како лесен противник и како аматерска репрезентација.Во очите на сите ќе бидеме ѕверови и страв и трепет.Топ 5 репрезентации во Европа ќе бидеме и во иднина.Сигурен сум.Овој подвиг дојде во вистински момент,после ова се ќе оди на подобро.
Плус,како менталитет покажавме.каков карактер.Оставивме срце на терен,буквално.
После пораз на репрезентација,никој да не ги пцуе и колне играчите,да не плука по се и сешто,тоа е невозможно.Досега ако изгубевме од Андора во фудбал,одма на колец ги закачувавме играчите.Сега сум сигурен дека кошаркариве и да изгубат утре,пак ќе славиме и дека ќе ги дочекаме како херои.
И тоа е нешто луѓе...
 
Гласав со ДА, оти нема опција: СЕ` ЕДНО МИ Е, НИЕ СМЕ ШАМПИОНИ!

Што и да направат во недела јас ќе бидам среќна. Прочитавме преубави коментари за нашата репрезентација, кои се прекрасна промоција за нашата Македонија, се` друго е небитно. Убаво би било за момците да се вратат со медал, но ако тоа не го сторат овој пат да се живи и здрави тој успех ќе го постигнат во Словенија.
 
Осеќам дека ќе ги победиме, ќе му вратиме убо шо изгубивме !!!
Заслуживме медал на ова Европско првенство !!!
На крај и 4 место да завршиме пак е голем успех за нас !!!
Ама одиме на МЕДАЉА !!! :vozbud: [/quote]
 
3 коефициент во кладилница за победа на Македонија....:pipi:
Убавини.....:P
Уште од сега да одам да си ги зеам парите:pipi:
 
Од ова Европско,ние поставивме нови стандардни.После ова,никој нема да ја гледа Македонија како лесен противник и како аматерска репрезентација.Во очите на сите ќе бидеме ѕверови и страв и трепет.Топ 5 репрезентации во Европа ќе бидеме и во иднина.Сигурен сум.Овој подвиг дојде во вистински момент,после ова се ќе оди на подобро.
Плус,како менталитет покажавме.каков карактер.Оставивме срце на терен,буквално.
После пораз на репрезентација,никој да не ги пцуе и колне играчите,да не плука по се и сешто,тоа е невозможно.Досега ако изгубевме од Андора во фудбал,одма на колец ги закачувавме играчите.Сега сум сигурен дека кошаркариве и да изгубат утре,пак ќе славиме и дека ќе ги дочекаме како херои.
И тоа е нешто луѓе...

Па јасно ќе ги пцуеме кога се влечкат како црева и како аматери играат а не фудбал за репрезентација (на фудбалерите мислам) така кога играат и за пцуење се. Моралот им е исто НУЛА како и залагањето.

Кошаркариве гинат на терен, душа и срце оставаат и се борат како лавови до последна секунда, епа нека губат пак ќе бидат херои затоа што е тоа менталитет на победник и на ЛАВ во душа, нема откажување до крај.

Нека се пренесе истиот борбен дух и кај другите репрезентации и ќе има многу посветли моменти за македонскиот спорт.
 
Сега нема да ги пцуете ама некако имате кратко помнење што се не им опцувте по мечот со Црна гора.
На тој што заслужи,мислам пцуења такви работи потоа немаше ама критики мора да има после секоја игра,неможе да се замижи и само пофалби.
 
Toчно така, ама критики се даваат после цело првенство, не после подготовки или по прв меч.
 
Сега нема да ги пцуете ама некако имате кратко помнење што се не им опцувте по мечот со Црна гора.

Јас кажав за фудбалерите и тие се за пцуење како играат а кошаркарите изгубија од Црна Гора минимално и само луд би ги пцуел а јас не сум бил од тие. Мислам беше јасно дека зборам за фудбалерите, туку да не бегаме оф топик.

Кошаркариве се класа и кога тепаат и кога губат а така и треба да се игра за репрезентација.
 
На тој што заслужи,мислам пцуења такви работи потоа немаше ама критики мора да има после секоја игра,неможе да се замижи и само пофалби.
Е тука грешиш. Не се работи за тоа слепо да се навива, ама Боже мој мислам дека нема полоши критичари од нас. На луѓево мајки, шајки се им изнапцуја после еден меч. Ме мрзи да барам тоа статусите на ФБ од луѓево што денес се крстат во кошаркарите. Среќа што момците ни го знаат менталитетот, инаку комплетно ќе се демотивираа. Се покажа дека они имаат повеќе доверба во себе отколку ние во нив.

Како и да е. Не знам кој вчера го гледаше интервјуто со еден од нашите делегати кој имаше директно вклучување во Канал 5 ми се чини. Човекот беше максимално позитивен и се извини со зборовите: А сега извинете ме, имаме еден мал ритуал после секој натпревар на кој доцнам , треба сите заедно да ја отпееме Излези момче. И како бе после да не ги сакаш? Момциве не надраснаа ментално како народ, ние треба да учиме од нив.
 
Знаете зошто кошаркасрката репрезентација е толку успешна? - Не е хаџиристевски претседател :pos:
има вистина во ова!
утре името на Македонија ке биде напишано со бронзени букви :D
 
Е тука грешиш. Не се работи за тоа слепо да се навива, ама Боже мој мислам дека нема полоши критичари од нас. На луѓево мајки, шајки се им изнапцуја после еден меч. Ме мрзи да барам тоа статусите на ФБ од луѓево што денес се крстат во кошаркарите. Среќа што момците ни го знаат менталитетот, инаку комплетно ќе се демотивираа. Се покажа дека они имаат повеќе доверба во себе отколку ние во нив.

Како и да е. Не знам кој вчера го гледаше интервјуто со еден од нашите делегати кој имаше директно вклучување во Канал 5 ми се чини. Човекот беше максимално позитивен и се извини со зборовите: А сега извинете ме, имаме еден мал ритуал после секој натпревар на кој доцнам , треба сите заедно да ја отпееме Излези момче. И како бе после да не ги сакаш? Момциве не надраснаа ментално како народ, ние треба да учиме од нив.
Мислам дека освен некојси будали никој не е будала па ни ние,после максимално борбен одигран натпревар да ги пцуе,само критики упатени по поединци,тука не гледам нешто погрешно ако кажип каде згрешил играчот вечерта.Мислам Антиќ најмногу се критикуваше а и го заслужи тоа,имаше мизерен настап,а како капитен не смее да дозволи да се однесува така ноншалатно на тој меч каде и ние и кошаркарите мислевме ќе одлучува за втора фаза.Мене најмногу ме нервираа посебно Аеродромциве кога упорно јас и Syn од почеток го подржувавме Марин а уште од подготовките почна да се јади против него.
 
Не ми е тоа поентата. Мора малку да намалиме страсти. Океј Антиќ имал лош натпревар на почеток. Не се фрлаат дрвја и камења одма. Знаеш што се смени после ова првенство. Нашето навивање. Инаку Чековски имаше мајка да му расплачат од пцовки покрај сите бунари против Литванија. Никој ништо не рече. Знаеш зошто? Научивме од дечките дека мора да ги бодриме за да бидат подобри. Они знаат дека ја утнале кога ја утнале. Секако критиката не е на одмет, само кога е на место и е конкретна. Дигање чалам со тоа што ќе го испцуеш Антиќ и останатите не носи никому корист. Или еве малку оф топик мислење, на што личеа оние пцовки кон По Гасол ради статусот на ФБ. Момциве оставаат душа на терен, сите ги почитуваат како спортсмени ние како дивјаци го пцуеме Гасол јавно. И што да си помисли после јавноста? Од кое диво племе се овие?

П.С Не го сфаќај лично постов, само си муабетам..:)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom