Во времето на СФРЈ подобро се живееше... Мит или вистина?

  • Креатор на темата Креатор на темата onak
  • Време на започнување Време на започнување
Општо земено, мислам дека ни во СФРЈ ни сега во МК не се живее добро. Прашањето е дали сега се живее помалку лошо во МК? Веројатно има повеќе добри одговори, не само еден.

Би прокоментирал за вредностите на СФРЈ. Ептен ми е мило кога ќе прочитам на нет како Словенци, Хрвати, Срби навиваат за македонската кошаркашка репрезентација. Многумина од екс-ЈУ веќе не се замараат со националистички агенди и етничка параноја. Некогашниот „брак“ не значи дека треба да го мразиме поранешниот брачен партнер. Добро е да се сочуваат и негуваат старите пријателства, се разбира, доколку постои обострано почитување.
 
Уште еднаш ќе повторам катастрофално погрешна ти е компарацијата.
ок, но не е моја компарација туку на економски бироа и институции. Еве и друга споредба
Од 2005 до 2010 година, во земјава влегле само 2,3 милијарди долари странски инвестиции, што е прилив од еден милион долари дневно. Во истиот период, Хрватска успеала да привлече најмногу инвестиции со вкупна вредност од 20 милијарди долари, што значи дека во оваа земја дневно се инвестирале по девет милиони евра од странство. Србија е веднаш зад Хрватска, со прилив на странски капитал од 15,5 милијарди долари во последните шест години. Црна Гора привлекла 5,3 милијарди, а Албанија 4,3 милијарди долари. Дури и Босна и Херцеговина, која се соочи со сериозни проблеми поради војната што се водеше во земјата од 1992 до 1995 година, оствари подобар резултат во привлекувањето странски инвеститори од Македонија, со двојно поголемо салдо од 4,7 милијарди долари.
некои од нив водеа војни, а еден од условите е да е политички стабилна држава.
еве и трета споредба
За Македонија се вели дека и покрај големите даночни олеснувања земјата имала сериозни проблеми со Австриски инвеститор. Деловната клима ја поврзуваат со непредвидливата политичка ситуација. За приближувањето кон ЕУ се вели дека преговорите се заглавени, а во истовреме земјата правела напори да стане членка и на НАТО. Оценети сме како држава со најмалку инвестиции, само околу 200 милиони евра.
Инвестициската клима не е подобра ниту во Косово. Најголем проблем за инвеститорите бил коруптивната приватизација на државните компании и нестабилната политичка состојба.
Најдобра била Хрватска бидејќи земјата била на чекор до приближување до Унијата. Земјата ги усогласила речиси сите домашни закони со европската легислатива. Лани влегле околу 1 милијарди и 800 милиони евра странски инвестиции.
Нас пробуваат да не лажат во слаткарница со лижавче со некојаси икс ит фирма и приказна за 5 милиони.
Со плати сме на дното, со друштвен производ сме на дното, со инвестиции...исто. Дури се сомневам дека ако вака продолжиме и за 20 и за 80 години дали ќе се доближиме до некоја европска држава
Djabe ti e besplatno skolstvo i vrven uspeh, ako potoa rabotis tamu kade sto kje ti kazat i kje ti najdat mesto, i kje zemes ista plata kako i toj sto ne potrsil 24 casa vkupno za svoeto obrazovanie.
информацијата не е точна. Напротив, беше слободен да се вработиш каде сакаш, освен за студентите кои добиваа стипендии од фирмите (не само бесплатно, туку даваа и стипендии).
Nevozmozno e da imas tolkava omraza i krvoprolevanje megju bratski narodi?
ние сега ќе се исколиме еден народ заради различни книшки, дури и заради определбата да одиме кај негаторите или не, да го славиме воинот или не...а камоли да дојдат, исколат цело школо и го запалат...подробностите за војните кажуваа многу поинаку.
Nekoj prethodno spomna 40 godini li kje cekame za progres? Pa 500 godini cekavme da se trgnat Turcite od BAlkanov, za da sega ni stanat najdobri prijateli!!!!
Ако чекаме уште 100 или 500 години да се тргнат овие на кои им е побитно...тешко нам.
А тек кога администрацијата (која сеуште се полни) ќе ја чепнат...тек тогаш ќе ги видите насмеаните лица на голтарите на улица. Хаос.
 
А за да биде уште потрагична приказната, ние, македонците, ма супер сме живееле. Ако заборавиме дека оние кои сакаа да управуваат со својата земја, беа убиени, нас државата ни ја водеа предавници, недостига сега уште и почит да им оддаваме. Тито, по мене, ништо не ни даде, освен државотворност... таа четврта по ред армија, лесно можела да ни ги врати нашите територии,

e malku ni dal prpel puma :pos:, sea mu jadime g***a za negovata zasluga
 
за да ги избегнеме личните приказни и легенди...уште малку податоци.
релативна сиромаштија
2008=28.7
2010=30.9
кривични дела, полнолетни 2000=20200 дела, 2009=30400 дела (плус 50%?)
показател за личното задоволство и среќата Бројот на самоубиства рапидно расте
1990 плата најчесто 700 ДМ (производните земаа повеќе од другите дејности) т.е. еквивалент на сегашни 700 евра
2009 плата просек 340 евра
Уште еден стат. показател за среќата на граѓаните, мирот и благосостојбата
Бракот полуде од разводи
2010 зголемување 33% во однос на 2009

Транзицијата и сиромаштијата не само што го зголемиле бројот на разводи во Македонија, туку дел од брачните партнери се на прагот на лудило, па секојдневно голем дел од семејствата се сочуваат со последиците од нивните психички нарушувања, тврдат психолози од Меѓуопштинскиот центар за социјална работа во Скопје. Од Центарот велат дека состојбата е алармантна и дека досега никогаш не се соочиле со толкав број разводи предизвикани од психолошки нарушувања кај еден од партнерите.

Самите податоци, а не само личните искуства на форумџиите говорат за лично и персонално задоволство на поединецот преку криминалот, самоубиствата, разводите, платите, достапноста до недвижности...
 
за да ги избегнеме личните приказни и легенди...уште малку податоци.
релативна сиромаштија
2008=28.7
2010=30.9
кривични дела, полнолетни 2000=20200 дела, 2009=30400 дела (плус 50%?)
показател за личното задоволство и среќата Бројот на самоубиства рапидно расте
1990 плата најчесто 700 ДМ (производните земаа повеќе од другите дејности) т.е. еквивалент на сегашни 700 евра
2009 плата просек 340 евра
Уште еден стат. показател за среќата на граѓаните, мирот и благосостојбата
Бракот полуде од разводи
2010 зголемување 33% во однос на 2009

Самите податоци, а не само личните искуства на форумџиите говорат за лично и персонално задоволство на поединецот преку криминалот, самоубиствата, разводите, платите, достапноста до недвижности...

1990 плата 700/дм
а кога почна она со нуле ко куле?
 
информацијата не е точна. Напротив, беше слободен да се вработиш каде сакаш, освен за студентите кои добиваа стипендии од фирмите (не само бесплатно, туку даваа и стипендии).
Само да ти пренесам поздрав од татко ми. 3 години невработен во СФРЈ и тоа според некои златниот период 75-78ма.
Јас да не се урочам ама само 2006та имав период од неколку месеци кога бев невработен.
 
Ај оди легни си, почна да се губиш во размислувањата и коментарите:tapp:

Што не одговориш на другиот дел..
--- надополнето: Sep 16, 2011 11:22 PM ---
ние сега ќе се исколиме еден народ заради различни книшки, дури и заради определбата да одиме кај негаторите или не, да го славиме воинот или не...а камоли да дојдат, исколат цело школо и го запалат...подробностите за војните кажуваа многу поинаку.

Јас го сакам македонецот, каков и да е, со каква книшка и да е, што сака нека е, само да ја сака оваа земја. Е сега, кои подробности што зборуваат?
Како што веќе кажав, јас сум родена 1991, веднаш по нашата Декларација, и во предвечерието на братското колење.
Моето образование, беше добро исфилувано со екс ју носталгии, заради тогашната влаеачка СДСМ. Таква беше политиката, така нас не учеа. Најчесто, учевме до таму каде што Македонија е едно големо ништо, само македонскиот народ си се бори и си се предава меѓу себе, и оп - од нигде никаде доаѓа ЈБТ и ние гледаме бел ден. Тоа е се во ред, освен што ја учевме едната страна на приказната.

Било како било, мене ме интересира таа Југославија, и што можам да најдам за неа читам и наоѓам сама, од причина што ние не ја учевме како дел од историјата, ниту пак сега ја учат. Веројатно зошто е премногу рано за да ја сместиме таму, или зошто нејзината историја не може да се напише додека оние што знаат се, се живи. Не е ниту важно тоа.

Кои се тие подробности во војните, што го натерале србинот (обичниот) да оде и да коле муслиманско население во Босна? Кои се тие подробности заради кои македонецот беше убиван за великосрпски интереси (во Хрватска, на пример)? Кои се тие подробности, што го натерале југословенецот кои живеел и се родил и бил воспитуван во братство-единство, така садистички да се однесува кон својот ,,побратим,,? Не зборувам за високите редови во политиката, не зборувам за уделот на Германија, за почеток, не зборувам на кого што му одговарало, на оние ,,наједнкавите,,. Што обичните луѓе, оние кои чекале ред за млеко, немале книшки... што ги натера нив ако им беше толку добар животот?
 
Само да ти пренесам поздрав од татко ми. 3 години невработен во СФРЈ и тоа според некои златниот период 75-78ма.
Јас да не се урочам ама само 2006та имав период од неколку месеци кога бев невработен.
Лични примери на богатство или сиромаштија секогаш ќе постојат, но мнозинството...за што говорат и податоците за криминал, самоубиства, разводи, линија на сиромаштија говорат за мнозинството нешто трето. Три години, на таа возраст не знам дали се многу према денешните голем број трагачи по сини картони кои се и на моја возраст и постари. Се сеќавам кога кв и вкв мајстори, електричари монтери бираа дал ќе работат во Бетон, железара, мзт или некоја икста фирма. Тогаш треба да ја прошириме дебатата на цела територија на СФРЈ пошто и пазарот на труд и пазарот на производи беше многу поповолен... некои македонци отидоа во други републики (бевме едни од послабите во развој)...со што понудата беше уште поголема. Плата, лекарска...со која купи и изгради куќа и купи барака (без мито, без тендер што му е голем минус)...притоа земајќи предвид дека кв и вкв мајсторите имаа во просек многу поголеми примања од лекарите. Постариот брат бираше меѓу тутунски, мак. табак, Скопско поле...Сите тие поволности беа без членство во СКМ или во слична организација. без да забеш некого, без приватизација, без скаламуции. Мои врсници на кои не им се студираше, воглавно веднаш се вработуваа.
Сепак не знам колку е благодарно да се зафатиме со лични искуства. интенцијата на некои форумџии беше да се избегнат лични патешествија па тоа и го правам со податоците.
 
За да се најде обична, па и доста пристојна работа не ти треба книшка од СКМ, но за да бидеш на позиција, не можеш без неа. Денеска ти треба да ти рика лавче во панталоните и за обична работа, со нешто поретки исклучоци.
 
Не спомнав јас ајфони, јас спомнав слобода на избор. Нешто си се помешал.
...Ако не ти се допаѓал Тито, каде ќе си одел? Денес имаш опиција А, опција Б, и опција - ич таков не ме боли за ништо.

Потоа, ајфони и компјутери... ајде да се свртиме околу избор на асортиман во продавниците, избор на автомобил, избор на мебел за во куќата што ќе ја изградиш, избор на облека, избор на.... всушност, го имавте ли зборот ,,избор,, во речник?
 
Како почнало...емиграција, европјаните, дб...кој ќе го знае. треба да буричкам по нет. Знам дека не беше до нас, ниту беше чиста работата, од повисоко.
Udarni naslov Večernjih novosti, 21. novembra 1991, „Pokolj pre predaje”, doneo je svedočenje „fotoreportera Rojtera Gorana Mikića” o navodnom masakru 41 deteta u obdaništu u vukovarskom predgrađu Borovo naselje, prema kom su članovi hrvatske nacionalne garde „sekli grkljane deci između pet i sedam godina i bacali ih u podrum”. Vest o detaljima lažnog zločina ilustrovana je fotografijom vojnika koji drži bebu u naručju i potpisom „Stigli spasioci: Ova beba iz Vukovara konačno je u sigurnim rukama“.

Krvavi medijski pir nad izmišljenim zločinima

затоа и донесоа платеници од надвор, да биде "повесело" и покрваво. Почетоците беа декларативно во сојузното собрание со претставниците на Хрватска и Словенија и Србија од друга страна, истите кои подоцна грабаа и ја створија инфлацијата, а во позадина...не знам. Народот и наводната почетна омраза се најмаку виновни. Некој ги искористи, злоупотреби како и 2001, како и верите...
 
Човеку, дали си ти неписмен или кој ти е проблемот? Некој предхотно тролаше со ајфони, јас зборувам дека немало избор на основни прехрабени продукти!
Не знам ни зашто се објаснувам со тебе.
--- надополнето: Sep 17, 2011 12:23 AM ---
Како почнало...емиграција, европјаните, дб...кој ќе го знае. треба да буричкам по нет. Знам дека не беше до нас, ниту беше чиста работата, од повисоко.
Udarni naslov Večernjih novosti, 21. novembra 1991, „Pokolj pre predaje”, doneo je svedočenje „fotoreportera Rojtera Gorana Mikića” o navodnom masakru 41 deteta u obdaništu u vukovarskom predgrađu Borovo naselje, prema kom su članovi hrvatske nacionalne garde „sekli grkljane deci između pet i sedam godina i bacali ih u podrum”. Vest o detaljima lažnog zločina ilustrovana je fotografijom vojnika koji drži bebu u naručju i potpisom „Stigli spasioci: Ova beba iz Vukovara konačno je u sigurnim rukama“.

Krvavi medijski pir nad izmišljenim zločinima

затоа и донесоа платеници од надвор, да биде "повесело" и покрваво. Почетоците беа декларативно во сојузното собрание со претставниците на Хрватска и Словенија и Србија од друга страна, истите кои подоцна грабаа и ја створија инфлацијата, а во позадина...не знам. Народот и наводната почетна омраза се најмаку виновни. Некој ги искористи, злоупотреби како и 2001, како и верите...

Колку што јас знам (а може да не е точно) верите не биле дозволени, имам комшија Титови леви сили, жена му кога умре, не влезе во капела, човекот сакал кога тој ќе умре да има петокрака...
Народот е јасно дека бил изигран, ама КОЈ го изигра, ако беше толку голема вербата во Југославија, и ако имаше толку добар (со)живот?

Да објаснам од мој аспект. Никој не може да ме сврти мене против македонецот. Јас не би повредила македонец зошто припаѓа на друга политичка партија. Ја сакам Македонија и сум голем патриот. Ако Груевски утре рече - покољ на комуњари, нема да тргнам по него.
Кој го заведе народот? Дали народот од толку убавини стана прост и слеп??

Инаку, како што јас знам, се почнува кога на Конгресот (или што и да е) на КПЈ Словенците одлучуваат да го напуштат, Хрватите кажуваат дека не можат да останат без Словенците... ме чуди само како не му сметавме ние на Милошевиќ, нашата Декларација, а сметавме на Глигоров и компанија....
 
da, u toa vreme nemase mobilni nemase internet nemase kablovska sto sve nemase, izlea zatoa ne se ziveelo podobro!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom