THE_CHOSEN_ONE
1903-2012
- Член од
- 13 август 2007
- Мислења
- 3.735
- Поени од реакции
- 1.341
Еден 78-годишен Бугарин е најстариот првооделенец во Бугарија. Апостол Стојанов од селото Поповци во селското основно училиште влегол облечен во бела кошула и со букет цвеќе за учителката.
Сите деца од одделението го дочекале со леб со мед за да му биде учењето слатко. Во училницата добил буквар и читанка, а седи во последната клупа.
Апостол останал неписмен поради сиромаштијата на семејството во кое живеел. Кога требало да се потпише го користел палецот.
Нема да мора секојдневно да оди на училиште бидејќи ќе користи самостојна форма на подготовка и ќе оди на консултации и полагање испити.
- Напролет ќе може да читам весници, а во дуќаните нема да можат да ме поткраднуваат, изјави првооделенецот Апостол Стојанов кој признава дека најмногу се плаши од математиката.