Шпанија - Македонија |1/2 финале|, 16.09.2011, 16:30 часот

Capture.JPG

Кој е од форум, ќе се препознае :)
Ова беше пред утакмица на index.hr , сега насловот е Hrabri Makedonci zaustavljeni.

Ајде, одиме на бронза, ништо не е изгубено. Никој не е силен колку Шпанија, јбт, малку барем да им откажеше шутот одма ќе бевме во игра.
 
Честитки на шпанците за победата, рака на срце преголем залак беа за нашите.
На Наваро му тргна шутот, од кај шутна влезе а кога он е во елемент тешко е да се сопре. Под кошот шпанците исто така доминантни ако не се лажам иамвме само 6 одбранбени скока и плус тоа заморот дефинитивно ги стигна нашиве. Умно играа шпанците на тоа да го трошат Илиевски, знаејќи го фактот дека тој највеке е на терен во досегашниов тек на првенството.

Тоа е тоа, овој пораз за нас е ПОБЕДА! Видовме како играат до последен атом на силата, со срце!
Но нема предавање, верувам и сакам оваа генерација да се врати со медал, го заслужува тоа дефинитивно. А и сакам да им се одмаздиме на русите!

И да, примивме далеку повеќе кошеви од нашиот просек :)
 
Ниеден пораз не се брои,вие сте нашите херои!!!!!!!!!МАКЕДОНИЈА

Наваро секоја ти чест,ти симнувам капа играчиште ипол.
 
Заслужена победа на Шпанија !!! Наваро не уби со тројките во 3/4 ина секоја чест !!! Мислев дека тешко ќе ми падне поразот ... ама искрено не се чуствувам ама баш ич тажно . Браво за момциве алал нека им е изиграа со срце со душа ... Ние ја изигравме нашата игра ама и тие ја изиграа нивната кога највеќе требаше !!! Одиме на Бронза таа ја освојуваме од дното на душата осеќам ... Браво момци
 
Не е битна ни бронзата веќе, без Гечевски и со тенок состав покажуваме дека можеме да се носиме со големи сили и сме сензација на првенството. Господ да им даде живот на цела делегација таму до 101 и назад.
 
БРАВО!
Одлична игра! Се држеа до крај во нивниот ритам. Ги натераа Шпанците сериозно да се испотат. Тие играа со само осуммина. Не им веруваше Скариоло на своите резервисти дека ќе ја завршат работата против Македонија.
 
Гледате на сител рекламата за бронзел медал? Изгледа пред време си се надевале
Они праат предвреме и за пораз и за победа, веднаш по натпревар ја пуштаат. И после натпреварот со Литванија така беше, па по некој саат го средија тоа со последната тројка на Илиевски, слободните и историското “леле што направивме“.

Како и да е, секоја чест момци, ХЕРОИ НАШИ!!! Храбро се држевте против големата Шпанија, долго им париравте и воопшто не ми е криво за овој пораз, напротив горда сум за се што постигнавте досега!!! :cuc::cuc::cuc:

и секако...ОДИМЕ НА БРОНЗА!!!
 
Браво за кошаркарите ,без разлика на поразов одиме на бронзен медал!Средија атмосфера како никој друг!Па до пред 10 минути не поминвеа коли на улицава пред зграда.Сега почнаа да се движат.Браво!
 
каква бронза, ова беше едина шанса за медаља, со кој и да играме во недела ќе не згаат, толку им е душата на кошаркариве не можат да играат со 5 играчи.
 
Ебаму небричените 1:1 Прво полувреме беше наше! :D
Недела одиме на Медал!!
 
Некој има да плати за поразов. Се надевам Русија. Има тројно да си го добијат. И за овој пораз сега и за 2та порази од нив
П.С ајде бе да одиме кај Наваро на "гости" да се издуваме малку :pos:
Ќе и го вратиме на Русија !!!!!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom