Шпанија - Македонија |1/2 финале|, 16.09.2011, 16:30 часот

Треба да им честитаме на Шпанците, заслужена победа. Наваро ја направи разликата во 3та четвртина, каде што погодуваше буквално се.
Плус, кога ќе дозволиш 20+ офанзивни скокови, не се надевај на победа.
И нека ми објасни некој, зошто, ЗОШТО, не шутиравме 3ки во второ полувреме, кога не бевме толку лоши во прво?
 
Прекрасен натпревар.Играчите го дадоа максимумот.Премногу ни фалеше Гечевски.Шпанците не беа нешто подобри ,натпреварот го преломи наваро копиљакот(што рака ќе беше тоа,како у г*з правен).
Браво момци,горди сме на вас.Прекрасна представа.Одиме на бронза.
 
То е то...и реално се знаеше дека ќе бидиме пораззени па ништо чудно бидејќи изгубивме од најдобрата екипа во светот после САД и немаше смисла и веќе и овие да ги победиме..дечките ги заслужија сите почести...

Наваро бе..што ќе беше онај играч се погоди..дефнититивно не е нормален!
 
Не не победи Шпанија не победи Наваро.
Секоја чест за нашите вака се игра за репрезентација нека учат другите што значи да се игра со срце.На една Шпанија која што е светска сила во кошарката им се држиме.
 
Момци ниеден пораз не се брои, ВИЕ СТЕ НАШИ ХЕРОИ.
Не направивте горди Македонци, игравте со срце и со душа.
Одиме на бронза во недела и да почне една ера на медали во кошарката за нас.
 
Да играше Тошката и Наваро да си беше на неговиот просек наши беа. Сепак секоја чест за сите наши кошаркари и у недела со бронза да се закитат и догодина на Олимпијадата повеќе ;)
 
Одлично изигравме против најдобрата репрезентација ги намачивме.Но овој Наваро не реши во клучните моменти.Да не зборам дека шпанците имат неколку играчи кои се платени колку цела наша репрезентација заедно.
А овие публиката од каде безпари ги пуштиле не им се бодри дури кога беше тесно ретко се слушаа.Предходниве со Литванија се отепаа од пеење.Овие пензионери.

Уште еднаш браво за јунаците дадоа се од себе.
 
Македонија постигна 80 коша :)
Се си беше во ред, се изгубија на крајот и тоа е што е.
Многу ми е мило што не не газеа Шпанците цел меч. Супер !!
 
Ќе ве замолам без пцовки 2013 е тука со нови сили и искуства бидете европски граѓани...............
 
Некој има да плати за поразов. Се надевам Русија. Има тројно да си го добијат. И за овој пораз сега и за 2та порази од нив
П.С ајде бе да одиме кај Наваро на "гости" да се издуваме малку :pos:
 
ВО НЕДЕЛА МОРА ДА ПИШЕМЕ ИСТОРИЈА !!!! АЈДЕ ХЕРОИ ГИ САКАМЕ РУСИТЕ ЗА 3ТО МЕСТО ДА ГИ СПЛЕСКАМЕ
 
Немој да чујам од некого лош збор за некој од кошаркариве.Зошто ќе ве отерам у пизду матер.
Едвај чекам да дојдат луѓево во Скопје и да видат колку направија за нас во овој Септември.
 
Во понеделник треба да им направиме спектакуларно дочекување на нашите херои затоа што заслужија,без разлика дали ќе бидат трети или четврти.

Дали ова уопште треба да се пише???
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom