DarkLord
Невиден малер
- Член од
- 27 јануари 2007
- Мислења
- 941
- Поени од реакции
- 247
Гасол: Не сакаме да бидеме еден од тимовите кои Македoнија ги изненади
Шпанија со голема доза на претпазливост влегува во денешниот меч од полуфиналето против Македонија. Мега ѕвездата во шпанската репрезентација и член на НБА гигантот Л.А. Лејкерс, По Гасол со полна уста комплименти за македонската кошаркарска репрезентација.
„Тие имаат го имаат Мекејлеб кој постигнува многу поени, мислам дека нешто повеќе од 20 поени по натпревар и тоа е играч кој многу создава за својот тим. Илиевски е играчот кој игра најдобро на овој турнир и тоа е играч на кого мораме да обрнеме големо внимание, бидејќи е способен добро да креира акции, но и да погоди од тешка позиција. Антиќ е играч кој игра многу добро со многу самодоверба, ќе мораме да обрнеме многу внимание и на него. Што се однесува до останатите играчи тие исто така играат добро и се хранат меѓусебно со самодоверба“ - вели Гасол.
Според шпанскиот центар, Македонија е тим со многу добра колективна игра, талент и желба за надигрување. Признава дека „Црвената фурија“ ќе мора да се изнамачи вечерва доколку сака да обезбеди место во големото финале.
„Ги гледаме цел шампионат и тие се тим што изненади многу луѓе, а ние не сакаме да бидеме едни од нив. Тие играат многу добро колективно и пред сè многу силно и имаат талент, па затоа многу ги почитуваме, но ние сакаме да влеземе во финалето и мораме да победиме.“ - дециден е Гасол.
За мечот вечерва вели дека неговиот тим ќе игра цврсто и дека ќе се потруди да не им пружи шанса на македонските кошаркари да се надеваат на победа.
„Против Македонците мораме да играме цврсто. Не смееме да дозволиме тие да играат поцврсто од нас, ниту да освојат повеќе топки од нас. Морате да ги победите во секој поглед и не смееме да дозволиме противникот да добие на самодоверба и да помисли во финишот дека има шанса да победи“ - заврши Гасол.