Многу ме интересира по кој основ 5ката поминува по Партизанска кога ќе им прдне?
Дај нека не го претеруваат да му се сневиди, не дека ја па важната личност ќе ми се сронат бисерите ако попешачам, ама има уморни луѓе се враќаат од работа, ќе чека 40 минути на автобуска на топлово ко мисир. Насабајле одам, оди по Партизанска, навечер одам, оди по Теодосие Гологанов. Нека се решат, аман. А можат и овие по телевизииве да кажат на крај од вестите како е распоредот ако има градежни работи
Еве и денес имаше смешна случка во 5ката, оди по Партизанска и после ГУЦ врти лево тука и еден стар му се завикал на шоферот „Мајсторе не врти тука лево ќе заглавиш“, шоферов се изнервира му вика „Да беше шофер ти ќе си свртеше, остај ме на раат да возам“. Вози 10 метра и гледа на уличката ставиле кружен тек на 4 квадрата и место само точаци да вртат по него

Стариов му се качи на глава зошто не го послушал

и пак сврти лево продужи по Прашка (кај НОВА гимназијата). Почнаа да му викаат отпозади „Е ова е автобус, вози и по споредни улици“, друг се дере отпозади „Мајсторе ај и така почна да возиш кај ќе ти текне, до Зегин да ме оставиш“
А приметив и во новиве автобуси, ретко кој плаќа карта, си влагаат од вратата и правац нагоре