Шпанија - Македонија |1/2 финале|, 16.09.2011, 16:30 часот

Член од
17 август 2011
Мислења
10.315
Поени од реакции
18.396
као ја не бев втора смена..вака мора цел ден у школо да седам..така ем ке киднеш ем нема неоправдани,сите ке бегаат.
 

OdMitico

Rajko Mitic
Член од
4 мај 2008
Мислења
1.379
Поени од реакции
328
Kartite do vladata se,t.e celiot aranzman!No stom ima samo edna otvorena linija,i 2h samo za prijavuvanje,se znae "kolku e saat"..Ali ke si vratam i jas,iako go znaam krajniot ishod..Sepak nisto ne gubam,osven nervi...:)
I jas od mobilen vrtam...i toa od broj na predplata ,valjda ne ezaebancija nekoja...Mislam vo odnos da ti zema i za toa pari...
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Паралелно од 2 телефони вртев... џабе... картите веќе ги имаат своите сопственици :)

и не се плаќа како игриве по ТВ што ги има... линијата е обична
 
Член од
4 септември 2011
Мислења
40
Поени од реакции
156
Good luck Macedonia! I hope some of you who supports MKD in Basketball and other sports and who speaks English will join us on Totallympics.com , to discuss about all sports and support Macedonia in Basketball and other sports, sharing your thoughts about that with people from all around the world.

Sorry for being a sort of a "spammer", I will go to evil for that, but I would realy like some of you on the forum :D
Thanks!
 

Johnny B

Misogynist, racist, anti woke
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.734
Поени од реакции
12.042
Лелел овие не се нормални, за еден ден неможевме пак од 10 да бидеме, 2ра смена сум , а од 4 ипол е ова..:mad: Ќе им протестираме утре у школо
Ај да не ставам фејспалм......едноставно избегајте :P
 

Nonteizam

Полихистор
Член од
13 декември 2008
Мислења
1.129
Поени од реакции
791
Ајде малку анализа за промена од еднореченичните коментари... :)

Шпанија е најдобрата европска репрезентација и воопшто не е срамно да се загуби од фуријата. Но како и секоја репрезентација и тие си имаат свои слабости. Дел од нив успеав да ги воочам, а дел од нив се познати преку индивидуалните квалитети на добро познатите „ѕвезди“ кои играат на највисока сцена.

Но ајде најпрвин за нивните добри страни и од што Македонија треба да стравува.
Трите ниски играчи на Шпанија се експлозивни и брзи, тоа е на нивна страна... така што Македонија тука треба да парира со ум и тактика.

Обично шпанскиот напад се базира околу 3 базични варијанти:

1. Фернандез скоро секогаш прави лажен блок за плејмејкерот, продолжува во лачно движење и оди или на лоб-цепелин/пас за забивање или добива уште еден блок по челната линија и бара топка на крило за тројка. Акцијата нормално отвара опасност најпрвин од лесни два поени, потоа од тројка на Фернандез ако успее вториот блок, додека ако нашите преземат останува мисмеч во рекетот на Гасол со чуварот на шпанското крило.
За Фернандез очигледно задолжен ќе биде Војдан Стојановски.Стојановски во повеќето случаи ќе треба да заборави на удвојување и да продолжува да трча со Фернандез низ целиот терен. Нашиот кошаркар несмее да дозволи Фернандез да добие топка за двочекор, додека според мене посигурна варијанта е да се рискира со шутoт на Руди. Во секој случај Војдан ќе мора често да поминува низ еден блок поставен од некој од браќата Гасол и ќе мора да трча како никогаш во животот.

2. Во играта два на два, обично шпанскиот плејмејкер (Калдерон или Рубио) бира кој од браќата Гасол ќе го прави блокот (поставени во триаголник), обично по блокот влегува во рекет, а другиот Гасол го чисти рекетот и се отвора на шут. Акцијата завршува или со успешен блок и влез/шут на плејмејкерот, со уфрлање до Гасол кој влегува во рекет или со додавање до другиот Гасол за шут од полу-дистанца.
Овде Антиќ и Самарџиски треба да бидат одлично поставени, мудро да преземаат и да добијат помош од Илиевски/Стојановски чии играчи се пасивни во оваа акција. Самарџиски ќе мора да биде многу внимателен кога ќе мора да го покрива Гасол кој ќе излезе на шут, бидејќи нашиот играч не е многу комотен во таа позиција.

3. Наваро и неговото брзо движење како и десетината демаркирања кои ги прави низ текот на целиот мече се секогаш опасни за неговиот чувар, без разлика дали тој ќе биде Бо или Илиевски.
Играта на Наваро се врти околу добивање на двоен блок по челната линија и позиција за тројка, познат е и по честиот „лажњак“ и навлекување на неговиот чувар да направи фаул или да ја изгуби позицијата, по што следува шут или популарната „ла бомба“ од шпанецот со влез на работ од рекетот.
Се разбира Шпанија е најопасна под обрачите, браќата Гасол постигнуваат повеќе од половина од поените на својот тим, така што често ќе гледаме како овие двајца играат центарски еден на еден со нашата репрезентација, се разбира играјќи на својот индивидуален квалитет. Повторно тука ќе треба мудро удвојување. Доколку во игра е Рубио, тој е човекот кој треба да се остави на периметар, доколку е во игра Калдерон (кој нема премногу добар турнир и има мала повреда) исто така... браќата Гасол не се меѓу најдобрите асистенти од високите играчи, така што може да се очекува да добиеме неколку лесни топки од нив.
Контра нападот на Шпанија не само што е страшно силно оружје, туку и го демотивира противникот. Македонија ќе мора да го подигне својот процент од игра на повеќе од 45% доколку сака барем нешто од оваа средба.

Што со негативностите на Шпанија?

1. Играта против два на два е една од најслабите страни на црвената фурија. По Гасол обично стои длабоко (нешто поактивен е Марк, а најактивен е Ибака), што остава простор за нашите високи играчи тоа да го искористат со небранет шут (Антиќ, Чековски) или ако блокот успее Мекејлеб да има чист простор за влез и изнуда на фаул од шпанскиот висок играч. Ова е особено корисно бидејќи имаме многу добар бековски тандем кој знае да шутира но истовремено се и доста солидни во влез (посебно Мекејлеб).

2. Одбраната на периметар на Шпанија е просечна (Освен Рубио, кој е фантастичен дефанзивец). Иако Калдерон, Фернандез и Наваро се едни од најдобрите крадци и организатори на контра-напади во игра еден на еден се далеку од добри дефанзивци. Често не се ни обидуваат да изблокираат шут, нивната агресивност во одбраната е преполовена поради дополнителното трчање во напад, а во игра два на два катастрофално се снаоѓаат со противничкиот блок. Мекејлеб со влез, Стојановски со шут и Илиевски со комбинација од двете треба да го искористат тоа.

3. Македонија ќе добие многу добри погледи за три, на нашите момци ќе биде одговорноста истите да ги погодат. Наша предност е што Антиќ и Чековски се добри шутери и тоа треба да се искористи против центарскиот тандем на Шпанија кој е многу пасивен при чувањето на линијата за три. Ова растегање на нивната одбрана се разбира ќе значи и повеќе канали за влез под кошот. Мекејлеб беше извонреден во користењето на истите, па ако тој биде на потребното ниво натпреварот многу лесно може да влезе во „неочекувано“ тесна завршница.

Нормално ова е само мал процент од тоа што двете селекции веројатно ќе го пробаат едни врз други. Во суштина Македонија за да има и минимална шанса за финале мора да го подобри шутот од игра, мора да ги погоди отворените шутови, мора да постигне повеќе лесни поени (од рекет или од слободни) - нешто што беше проблем во вчерашниот меч со Литванија и апсолутно неопходно е да не дозволат грешки кои ќе значат лесна реализација за противникот. Во одбрана браќата Гасол треба да се натераат на што е можно повеќе шутеви од далечина, а треба да се искористи и лошата форма на Фернандез и Калдерон, кои знаат да западнат во серии на лоши одлуки/шутеви...

Само мудро, храбро, смирено и растеретено. Немаме што да загубиме, а радоста на нацијата веќе е на највисоко ниво. Нека пружат добар меч, без разлика како тој ќе заврши.

Среќно...
 

SaLt

symbian & iOS master & android
Член од
2 април 2005
Мислења
291
Поени од реакции
85
Лелел овие не се нормални, за еден ден неможевме пак од 10 да бидеме, 2ра смена сум , а од 4 ипол е ова..:mad: Ќе им протестираме утре у школо
Море какви протести сите у школо , не кревајте џева.
Попаменто би било сите у школо да идете и еден телевизор да донесе, ем у школо ќе бидете ем цел клас заедно ќе гледате и навивате ем школото може да го рушите ;)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom