Македонија - Литванија |1/4 финале|, 67:65, ОДИМЕ ВО ПОЛУФИНАЛЕ!!!

Конечно на улица да видам само среќни и насмеани лица. И најголемите песимисти, хипстери и неандарталци ги видов вечерва со насмевка на лицето.

Браво момци , што успеавте да не сплотите барем еден ден :).
 
Не ми се верува.Колку страни се испишани само.Овие момци заслужуваат многу,премногу.
Утакмицава ја гледав со друштво во кафиќ,впрочем како и скоро секој човек.Не знаевме што се дешава кога погоди Илиески.А рака на срце зборев лошо за него.
Од денеска па натаму,што и да направи тој за мене ќе биде ѕвер.Без разлика на се.Човекот имаше муда да ја реши утакмицата за историско полуфинале.
Кога влезе тројката сите се пореметивме.3-4 столици искршивме.Секој со секого се поздравуваше,се бакнуваше...многу беше јако,многу.После продолживме на кај центарот на градот.Таму имаше многу луѓе,многууу.Па и знамето Македонско го ставивме на црквата да стои.

Ауу не можам да опишам колку е добро.И знам дека сите се осеќате така.
Јас вечер сигурно нема да спијам.Ќе прегледувам што е напишано,ќе ги гледам сите можни видеа.Па здравје веќе кај 6 саатот ако можам да легнам.
Да се потсмирам само малку,зошто олку возбуден не сум бил никогаш во животот.Да не си направам некоја беља.
 
Искрено секоја чест за Игор Трпески има киксови човекот му се смееме ама како знае да крене атмосфера свака му част плус се карал со делегацијата и судиите,па кој коментатор го направил браво!!

Игорче е цар!! подобар коментатор Македонија немала,зедно можеби со Љубомир што коментираше НБА на времето..
 
Волку волку уште само медаља и толку.

Овој момент ќе остане овековечен во нашите срца за секогаш. Колку ми е мило што сум дел од милиони Македонци кои ја имаа оваа чест да бидат во живо сведоци на ваков историски успех. Големо браво и огромна благодарност до сите во репрезентацијата што ни овозможија ваква радост

OMFG. Друштво, за вакви моменти се живее, немам зборови сеуште, неможам реченица да склопам.

Прегледај го приврзокот 34009

Гостивар :rolleyes:

Build-upot додека го носевме знамево развиорено низ улици никогаш нема да го заборавам
 
Браво Македонијо ова е историски успех,ајде следна е Шпанија да клекне на колена!
 
Конечно на улица да видам само среќни и насмеани лица. И најголемите песимисти, хипстери и неандарталци ги видов вечерва со насмевка на лицето.

Браво момци , што успеавте да не сплотите барем еден ден :).

Во превод ја обединија нацијата и оваа вечер сите беа сложни,среќни и весели...тоа можи да направи еден спортски успех.....

ОФФ:Замислете,ама само замислете во фудбал да се пласиравме во 1/2 финале во големо натпреварување што ќе беше во Македонија......ех народе македонски и тоа како го имаш тој балкански менталитет ....
 
Јас сум сигурен дека и Шпанците ќе ги поминеме, е сега во финалето сум малце скептик дека ќе победиме.. барем такво предчуство имам.
 
Како што реков и пред натпреварот ОДИМЕ НА ПОБЕДА така и беше нашите херои ги згазија и тоа на домашен терен!!!

МАКЕДОНИЈАА ГАЗИИИИ!!!! :cuc:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom