Не ми се верува.Колку страни се испишани само.Овие момци заслужуваат многу,премногу.
Утакмицава ја гледав со друштво во кафиќ,впрочем како и скоро секој човек.Не знаевме што се дешава кога погоди Илиески.А рака на срце зборев лошо за него.
Од денеска па натаму,што и да направи тој за мене ќе биде ѕвер.Без разлика на се.Човекот имаше муда да ја реши утакмицата за историско полуфинале.
Кога влезе тројката сите се пореметивме.3-4 столици искршивме.Секој со секого се поздравуваше,се бакнуваше...многу беше јако,многу.После продолживме на кај центарот на градот.Таму имаше многу луѓе,многууу.Па и знамето Македонско го ставивме на црквата да стои.
Ауу не можам да опишам колку е добро.И знам дека сите се осеќате така.
Јас вечер сигурно нема да спијам.Ќе прегледувам што е напишано,ќе ги гледам сите можни видеа.Па здравје веќе кај 6 саатот ако можам да легнам.
Да се потсмирам само малку,зошто олку возбуден не сум бил никогаш во животот.Да не си направам некоја беља.