Македонија - Литванија |1/4 финале|, 67:65, ОДИМЕ ВО ПОЛУФИНАЛЕ!!!

Alan Shearer

Newcastle
Член од
6 јули 2011
Мислења
388
Поени од реакции
136
Na slikata so semaforot od prethodnite postovi samo edno nesto mi se sviga :D a toa e deka sme napisani MAKEDONIJA za inat na Grcite bez nikakvi nastavki i gluposti haha
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
Јас видов и на телевизија кажаа, секоја чест и за владата само не ми е јасно како одлучуле кој 150 луѓе да одат, по која селекција? Во секок случај одлично!

Инаку јас вака гледам на работите.... пошто Македонија стигна овде поради нашата "uber-energy" јас мислам дека поразот од Русија во последна секунда ќе ги мотивира нашите кошаркари да изгинат на терен против Литванија за да докажат дека имаат квалитет да се борат за медал. Сите видовме како се изнервира Перо Антич и можам да замислам со каква желба ќе игра за да докаже дека неправедно изгубивме.....

Инаку ако ги сопреме да не шутираат тројки Литванците а ако нас ни тргне шутот (+ ако игра и Гечевски) имаме реални шанси за победа и влез во првите 4-ри..... очекувам тежок натпревар и победа..... :)
прв болд.. - хахахха другар... зарем мислиш дека имало селекција??? ај размисли. ВЛАДАТА донесе таква одлука - Кој ли ке отиде е прашањето? :) ај размисли сериозно па ке го најдеш одговорот.

вотр болд - сите се разочараа од победата на русија ние на форумов пцуевме а замисли што ли се не им паднало на памет и колку криво им падна на играчите... така да тоа е дополнителен мотив за уште повеќе да се разиграат а за илиевски верувам и убеден сум дека ке си ги оправда 2те катастрофални грешки за натпреварот со русија.

трет болд.. АКО баба имаше муда ке се викаше дедо :) шала на страна за да ги сопреме за 3ките тешко малце... ни фалат високи играши и тоа е факт а гечевски искрено не очекувам да придонесе нешто посебно во мечов од една проста причина. човекот е повреден раката му е скршена и колку и да сака да помогне едноставно го боли и нема да биде во можност ни да шутира асално ни да краде топки и др. рачинај ти разминувајки со по улица кога ке се мавнеш со некој со рамо те боли а камо ли скршена рака + да ја оптеретуваш... и мене ми е криво што нема да игра но ете тоа е тоа.

и да не се заборави - ова е најголемо постигнување до сега за македонија во баскет - кога сме стигнале волку далеку? кога сме ги тепале јужниве? кога сме биле волку сложни како што сме сега? овој успех не е воопшто за потценување! самата победа над грција со толкава разлика е огромен успех се друго е плус!
 

Кирца

Монк
Член од
7 април 2008
Мислења
7.051
Поени од реакции
2.289
Што повеќе не праат аутсајдери тоа боље.Само ние си ја знаеме силата и премногу владее оптимизмот и кај нас и кај играчите.Сегде зборат дека ќе не победат со над 20 коша.Ма Чековски ќе ги изеде утре.Само мушки влезете им.И да изгубат ништо не губат.Тоа што го изградија овие 14 дена нема да го сруши ни пораз од 100 разлика.
 

nilla-vanilla

#kingliam
Член од
17 јуни 2010
Мислења
2.041
Поени од реакции
1.748
Аманте бе луѓе кој сака нека оди битно да појде некој, се запнавте зошто овој да оди зошто оној да оди, па еве и ја сакам да одам па нема. Убаво пиша некој претходно да не сакате тендер да се распише за картите а?
 
Член од
27 август 2009
Мислења
899
Поени од реакции
158
15 души од Тетово ќе идат и членови на сите скопски групи...значи ни членови на ВМРО,ни синови на богаташи,пратеници и слични такви глуперде:)
Само да ги стаат нашите пак до терен и ќе биде интересно:D
 

Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.813
Ептен се срамежливи нашиве политичари....инаку ја да бев на местото на претседателот или премиерот,ќе навивав таму за да им го кренам моралот на кошаркарите до бесвест.

Како на пример Берлускони си го гледаше Милан......само лошо е што овде се работи за сала од затворен тип,па можеби од безбедносни причини не им се оди.

Ајде отворете една фан група на ФБ...на пример: "Да ги натераме премиерот или претседателот да навиваат во салата-во живо".:).....п.с може и у маскоти да се преправат,битно нека урлаат таму.
 
Член од
11 јуни 2010
Мислења
230
Поени од реакции
74
15 души од Тетово ќе идат и членови на сите скопски групи...значи ни членови на ВМРО,ни синови на богаташи,пратеници и слични такви глуперде:)
Само да ги стаат нашите пак до терен и ќе биде интересно:D
Ова ми се свиЏа, сигурно најфанитичните навијачи ги имаат собрано да се дерат повише од 15 000 културни Литванчиња со нивните мајки.... :D

Инаку недај боже да пратеа роднидни и деца од богаташи или н пр. од Јанакиевски, Милошоски, Тодоров..... братучедите, па можам да замислам како би викале! :pos:
 
Член од
25 септември 2008
Мислења
342
Поени од реакции
63
Ептен се срамежливи нашиве политичари....инаку ја да бев на местото на претседателот или премиерот,ќе навивав таму за да им го кренам моралот на кошаркарите до бесвест.

Како на пример Берлускони си го гледаше Милан......само лошо е што овде се работи за сала од затворен тип,па можеби од безбедносни причини не им се оди.

Ајде отворете една фан група на ФБ...на пример: "Да ги натераме премиерот или претседателот да навиваат во салата-во живо".:).....п.с може и у маскоти да се преправат,битно нека урлаат таму.
и после одма муабети наместо да се грижи за сиромаштијата тие трошат државни пари за да ја гледаат кошаркарската репрезентација!!!
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.622
Поени од реакции
59.464
и после одма муабети наместо да се грижи за сиромаштијата тие трошат државни пари за да ја гледаат кошаркарската репрезентација!!!
Да да, тоа сме ние баш, нит се тераме нит се водиме :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom