Идејата дека секој човек е роден грешен и треба низ животот да бара спасение, е лага, манипулација и уцена. Тоа е измислица со која ви натоваруваат чуство на вина уште од пелени, зошто ако не се осеќаш слободен во душата, полесно е да те направат роб. Самиот факт дека Црквата секогаш била главен инструмент на владетелот (дури и на теократски начин), за држење под контрола на масите, е неоспорен.
Следбеници на Црквата останале само оние кои ниту еднаш не ја прочитале Библијата. И оние кои знаат дека не е вистина официјалното толкување на Црквата, ама истата им е добар инструмент за живеење на туѓ грб.
Луѓето надвор од Црквата, се спасуваат од “гревот“ со разоткривањето и разобличувањето на тој грев, кој е измислен. Ако не постои грев, немаш ни зошто да се спасуваш.