- Член од
- 14 март 2010
- Мислења
- 16.979
- Поени од реакции
- 16.369
Дојдовме до завршницата на Европското првенство во Литванија.
Се најдоа најдобрите осум репрезентации во Европа, меѓу нив е и нашата репрезентација, која е вистинско изненадување на првенството. Ние како што е познато ќе играме против домаќинот на првенството, репрезентацијата на Литванија. За нас има посебна тема, па не би го коментирал тој натпревар.
Другите двојки се следните:
Шпанија - Словенија, 14 септември, 17 часот
Овој дуел му доаѓа како Давид и Голијат, Шпанија е супериорна на ова првенство, има еден пораз и тоа од Турција кои и не влијаеше на понатамошните нивни игри, што не е така и со репрезентацијата на Словенија која на дуелите игра топло - ладно . Во првата група се мачеше против Украина, Бугарија, за на крај да загуби од Русија и да го освои второто место.
Шпанија има голема прилика да заигра во полуфиналето на ова првенство и да се бори за медал, браќата Гасол се вистински лидери во тимот. Кај словенците се издвојува Еразем Лорбек како најдобар поентер.
Пред почетокот на првенството овие две репрезентации одиграа пријателски натпревар, Шпанија го доби убедливо со 79-57.
Но ова е Европско првенство, па би требало барем малце од малце да покажат што знаат и умеат словенците, кои на последното првенство во Полска беа на непосакуваното четврто место, во дуелот за третата позиција загубија од Грција со само еден поен.
Шпанија како што знаеме го брани златото.
Франција - Грција, 15 септември, 17 часот
Меч во кои Франција не би требало да има проблеми против „Б тимот“ на Грција, тимот на Винсент Кол е меѓу најдобрите репрезентации на првенството, единствениот пораз го доживеаа во последното коло од 1/8 финалната фаза, беа поразени од Шпанија доста убедливо, но тоа не треба да ги загрижува многу, бидејќи некои играчи на кои смета селекторот на Франција, не ни беа во игра, ги чуваа силите за 1/4 финалето.
Грчката репрезентација е разочарување на ова првенство, за некои очекувано, за некои не. Но тие до сега на првенството и немаат некоја убедлива игра, која би гарантирала возбудлив и неизвесен натпревар против Франција, но само еден меч е во прашање, па ништо не е невозможно.
Сепак предност им давам на французите, заслужија да се борат за медал.
Русија - Србија, 15 септември, 20 часот
Можеби најинтересната четвртфинална двојка, не толку атрактивна, колку што е изедначена по квалитет. Русија до сега на првенството нема ниту еден пораз, но тоа не ги намалува шансите на Србија во овој дуел, Русија и не одигра толку квалитетни натпревари, па да се покажи нивната сила која ја поседуваат. Играше во најслабата група во првенството, помина без проблеми, потоа играше само еден силен дуел против Македонија во 1/4 финалната група, го доби повеќе на среќа отколку на знаење со кош во последната секунда.
Србија не игра како сите што сме научени на нив, на крајот, во последното коло од 1/4 финалната група се спасуваше против Турција, имаа среќа и продолжија понатаму.
55-45 % им давам минимална предност на Русија, само за тоа што до сега немаат ниту еден пораз, но мислам дека ќе гледаме добар и неизвесен дуел до самиот крај.
Натпреварите во оваа фаза, почнувајќи од 1/4 финалето, па се до финалето ќе се одиграат во Каунас, во арената каде натпреварите ги игра познатиот кошаркарски клуб Жалгирис. Таа е со капацитет од 15.000 седишта за натпревари од кошарка.