Без разлика кои формации ги преферираше Мурињо, во одбрана играа 9 души, 4231 системот сепак беше поадекватен бидејќи со 4312 Мур не можеше против Барса, тоа се виде во групната фаза, исто и со Челзи првата ако добро памтите со 4312, Снајди, Ето и Милито играа напред, во второ влегоа Пандев и Балотели, и тогаш малку шанси создадоа.
Тек од Лондон почна да го преферира 4231 системот и така до крај истера во ЛШ, во Серија А менуваше, знам со Сиена последно коло 4231 играше али не сите мечеви тој период ги играше со таа формација.
И да додадам само, таа 9ка што бранеше назад, освен Милито, беа ко пирани, а влезе некој на половина на Интер не ги оставаа да дишат, ги уморуваа и тешко да се најдеше некој играч кој беше слободен или па кој не беше под силен притисок на одбраната на Интер, сега со одење го поминуваат оној дел од половината на теренот до шеснаестерецот на Интер ...
Тоа е проблемот во моменталнава одбрана, катастрофална поставеност кога се бранат и очигледна статичност, па видете Дејо и Камби како си трчкаа кога Палермо го дадоа израмнувачкиот гол ( 2-2 ), видете и Самуел колку очајно беше поставен за време на првиот гол. Затоа и милион дупки имаа, затоа и милион фаули направија во зона на удар.